Прв циклус (додипломски студии)

хемија на животната средина

 

  • Назив на студиската програма: Студиската програма по применета хемија – хемија на животната средина.
  • Tраење на студиите:  Четири години (8 семестри)
  • Услови за запишување на студентите: Запишувањето на студиската програма по применета хемија – хемија на животната средина на Природно-математич­киот факултет е согласно закон­ски­те решенија што важат во Република Македонија и на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје.
  • Академскиот или стручниот назив или степен кој се стекнува со завршување на студиите: Дипломираните студенти на студиската програма по применета хемија модул: хемија на животната средина, стекнуваат звање дипломиран инженер по хемија – хемија на животната средина. 
  • Спецификација на генеричките (општите) и специфичните компетенции кои студентот ќе ги стекне со завршувањето на студиите и за кои работни места е оспособен:
  • Дипломираниот инженер по хемија ги познава основите законитости и принципи на хемиските дисциплини и владее со лабораториски вештини и умеења. Тој е оспособен за примена на знаењата и вештините за решавање на различни хемиски проблеми во конкретни ситуации. 
  • Дипломираниот инженер по хемија – хемија на животната средина се оспособува за работа во лаборатории за примена и развој на методи за хемиска анализа, мониторинг и заштита на животната средина од аспект на испитување и следење на различни хемиски контаминанти. Значи, дипломираните инженери по хемија – хемија на животната средина ќе се занимаваат со хемиска анализа на почви, на природни води, отпадни води, атмосфера, но ќе нудат и решенија за елиминирање на штетните дејства на хемиските супстанци врз животната средина. Нивните работни места се во хемиските лаборатории што се занимаваат со следење на животната средина, како и во лабораториите во индустријата за анализа на издувните гасови, отпадните води итн.

 

 

Дипломски студии по применета хемија на Институтот за хемија при Природно-математичкиот факултет (дипломиран инженер по хемија –хемија на животната средина)

1 циклус, 4 години, 8 семестри, 240 ЕКТС кредити

Подрачје: природно-математички науки; поле: хемија; област: хемија на животната средина

 

Студиската програма за применета хемија на првиот циклус студии по хемија се состои од 4 години (8 семестри) со што студентите добиваат 240 кредити.

Професионалната титула по завршување на првиот циклус на студии и одбрана на дипломската работа е дипломиран инженер по хемија – хемија на животната средина.

Овие дипломски студии и програмата се организирани за стекнување на VII-1 степен на образование и целосно исполнување на дескрипторите за квалификации.

Студиската програма дава можност за натамошна континуирана едукација на повисоко ниво т.е. последипломски студии по хемија.

 

 

Студиска програма

Студиската програма од применета хемија – хемија на животната средина е од подрачјето на природните науки – хемија.

Студиите од студиската програма по применета хемија – хемија на животната средина од првиот циклус траат четири години, односно осум семестри.

Вкупниот број кредити што можат да се освојат, вклучувајќи ја и дипломската работа, изнесува 240.

Вкупниот број кредити во една учебна година изнесува 60 (ЗВО чл. 105 ст.1). Бројот на доделените кредити по секој предмет ја искажува вкупната оптовареност на студентот за совладување на содржините на предметот.

Сите предмети се едносеместрални.

Секој предмет е означен со определен код којшто содржи информација за него.

Наставата се одвива на македонски јазик.

Испитните рокови се организираат согласно Законот за Високо образование и Статутот и правилниците на Универзитетот.

Студентот може да ја брани својата дипломска работа откако ќе ги положи сите предвидени испити со студиската програма.

Запишувањето на студенти на студиската програма по применета хемија – хемија на животната средина на Природно-математичкиот факултет е согласно закон­с­ки­те решенија што важат во Република Македонија и на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје.

Студентот има право секој предмет по неговото слушање да го полага во три испитни сесии. Доколку студентот не го положи испитот треба да го повтори слушањето на предметот.

Предметите се полагаат писмено и усно во зависност од начините на оценување предвидени со предметните програми. Студентите имаат право на сукцесивно оценување со можност за ослободување од завршен испит по соодветна предметна програма.

Студентот напредува во студиите преку освојување на кредити. Бројот на кредитите што студентот треба да ги освои се предвидени со студиската програма.

Студиската програма по применета хемија – хемија на животната средина се состои од задолжителни предмети и изборни предмети. Некои од задол­жител­ните предмети се понудени на две нивоа: A-ниво, коешто е повисоко и В-ниво коешто е пониско. Во случај кога за некој задолжителен предмет е предвидено пониското ниво, студентот има право, по сопствен избор, да го избере и повисокото ниво.

 

Студиска програма за применета хемија – хемија на животната средина

(Звање: Дипломиран инженер по хемија – хемија на животната средина)

 

Код

Име на предметот

П

ТВ

ЕВ

К

вкупно

 

 

I семестар

 

 

 

 

 

1

ХЕМ-101А

Општа хемија – А ниво

4

2

3

10

 

2

ХЕМ-10МБ

Математика – Б ниво

4

4

0

8

 

3

ХЕМ-109

Примена на компјутери во хемијата

2

2

0

4

 

4

ХЕМ-10Б

Oпшта биологија

4

0

3

8

30

 

 

II семестар

 

 

 

 

 

5

ХЕМ-201Б

Неорганска хемија – А ниво

4

2

3

8

 

6

ХЕМ-202

Статистичка обработка на податоци во хемијата

2

2

0

6

 

7

ХЕМ-20ФБ

Општа физика – Б ниво

4

2

2

8

 

8

ХЕМ-ЈАЗ

Странски јазик

0

4

0

2

 

9

ХЕМ-20Б2

Општа екологија

3

0

3

6

30

 

 

III семестар

 

 

 

 

 

10

ХЕМ-302А

Аналитичка хемија I – А ниво

3

2

4

8

 

11

ХЕМ-303Б

Органска хемија I – Б ниво

3

1

4

8

 

12

ХЕМ-30Ф

Метеорологија

2

1

0

4

 

13

ХЕМ-30Б2

Хемиска микробиологија

2

0

2

4

 

14

 

Изборен хемија

 

 

 

4

 

15

 

Изборен УКИМ

 

 

 

2

30

 

 

IV семестар

 

 

 

 

 

16

ХЕМ-403Б

Органска хемија II – Б ниво

3

1

3

8

 

17

ХЕМ-402А

Аналитичка хемија II – А ниво

3

2

4

8

 

18

ХЕМ-404Б

Физичка хемија I – Б ниво

3

1

4

6

 

19

ХЕМ-609

Индустриска хемија

5

1

0

4

 

20

 

Изборен хемија

 

 

 

4

30

 

 

V семестар

 

 

 

 

 

21

ХЕМ-505Б

Биохемија I – Б ниво

3

0

3

6

 

22

ХЕМ-502А

Инструментални аналитички методи – А ниво

4

1

4

10

 

23

ХЕМ-504Б

Физичка хемија II – Б ниво

3

0

3

4

 

24

ХЕМ-637

Хемија на води

3

1

3

6

 

25

 

Изборен хемија

 

 

 

4

30

 

 

VI семестар

 

 

 

 

 

26

ХЕМ-605Б

Биохемија II – Б ниво

3

0

3

6

 

27

ХЕМ-624

Одбрани поглавја од физичка хемија 

3

1

3

8

 

28

ХЕМ-607

Токсиколошка хемија

2

1

0

4

 

29

ХЕМ-612

Хроматографски методи

2

0

3

4

 

30

ХЕМ-421

Одбрани поглајва од неорганска хемија

3

1

3

8

30

 

 

VII семестар

 

 

 

 

 

31

ХЕМ-647

Хемиска анализа на адитиви и контаминанти

3

0

4

8

 

32

ХЕМ-617

Хемија на атмосфера

3

1

3

6

 

33

ХЕМ-627

Хемија на почвата

3

1

3

8

 

34

 

Изборен хемија

 

 

 

6

 

35

 

Изборен УКИМ

 

 

 

2

30

 

 

VIII семестар

 

 

 

 

 

36

ХЕМ-523

Одбрани поглавја од органска хемија

3

1

3

6

 

37

ХЕМ-622

Одбрани поглавја од инструментална анализа

2

0

5

6

 

38

ХЕМ-745

Еколошка биохемија

2

0

2

4

 

39

 

Изборен хемија

 

 

 

4

 

40

 

Изборен УКИМ

 

 

 

2

 

 

ХЕМ-ДИП

Дипломска

0

2

6

8

30

 

 

 

 

 

 

 

240

П = предавања; ТВ = теоретски вежби; ЕВ = експериментални вежби (лабораториски вежби); К = кредити.

Предметите напишани со коси букви се специфични за дадениот модул на студии

© 2017. Институт за хемија, ПМФ, УКИМ, Скопје.