За членовите на THC

Постојани членови на „Среќни Хемичари“



Групата „Среќни Хемичари“, или оригинално „The Happy Chemists“ е основана во октомври 2009 година по враќањето од работилница организирана во Клуж-Напока, Романија. Нејзини основачи се Ванчо Коцевски (Боки), Олгица Тренчевска (Фроса), Марија Давчева (Чунди), Бирхан Сефер (Крсто), Јасмина Танатарец (Лиде), Ивана Мицевска-Ристовска (Душка), Миха Буклески (Блажо) и Томче Рунчевски (Јонче). Групата, пред сè, беше основана и наменета за дружба и забава, пред да започне да се бави и со посериозна работа.

Во текот на ноември 2010 година, кон групата пристапија Владимир Петрушевски (Гил) и Марина Стојновска (Маца). Од тој момент групата започнува сериозно да се занимава со популаризација на хемијата, но не го занемарува делот за дружење и забава. Оттогаш „The Happy Chemists“ се вклучуваат во организирањето и изведувањето на хемиските спектакли, правејќи ги поживи и потеатрални. Како резултат на укажаната помош за реализација на спектаклите и постојаната поддршка во активностите, членовите на THC решија да го повикаат и колегата Игор Мавромихаилов (Караџинов) да се приклучи во групата. Следуваа и повеќе барања за пристапување во THC, но само едно беше прифатено. Тогаш Ела Билинска е примена како надворешен член и соработник во групата. 

Во текот на 2012 година во групата се придружуваат и Моника Радевска (Биља), Ангела Алексовска (Боте) и Николина Митревска (Мира). Денес групата брои вкупно 14 внатрешни члена и 1 надворешен член.  



Миха Буклески (Блажо)



Блажо е избран за претседател на THC во текот на 2010 година, а реизбран во текот на 2012. Неговите работни задачи се да свикува и одржува состаноци на групата, како и да ги координира членовите и активностите, Исто така се грижи и за административните работи во групата.



Ванчо Коцевски (Боки)



Боки е администратор на групата од самиот почеток. Тој е задолжен за спроведување на различни гласања, одржување на групата, а се грижи и за нaвремено известување и тревожење на членовите. Во овој момент Ванчо е дел од „задграничниот“ комитет на групата (Упсала, Шведска), но тоа не го спречува да ја одржува групата.



Владимир Петрушевски (Гил)



Гил е највозрасниот, а воедно и најискусниот член од групата THC. Своето искуство од аспект на методиката на хемиското експериментирање го пренесува на останатите членови од групата. Едногласно е избран за член на групата во 2010 година. 



Игор Мавромихаилов (Караџинов)



Владо Караџинов е поканет да стане дел од THC, по иницијатива на тогашното членство на групата во текот на 2010 година. Предлогот произлезе како резултат на неговото залагање, безрезервна поддршка и помош при реализацијата на хемиските спектакли.



Марина Стојановска (Маца)



Маца станува член на групата во 2010 година, истовремено со Гил. Својата стручност во однос на методолошкиот пристап за изведување на хемиските експерименти е значителен за разбирливо и едноставно изведување на експериментите во зависност од целната група и составот на аудиториумот. 



Олгица Тренчевска (Фроса)



Фроса е член на групата од самите почетоци. Со своите креативни идеи придонесува за збогатување на спектарот експерименти кои се изведуваат на хемиските спектакли. Моментно е дел од „задграничниот“ комитет на групата и ја дава својата поддршка од Темпи, Аризона, САД.



Марија Давчева (Чунди)



Чунди, исто така е член од самото формирање на групата. До сега нема земено директно учество на хемиските спектакли, но секогаш ја имаме нејзината поддршка, а нејзините идеи и сугестии се секогаш добредојдени.   



Бирхан Сефер (Крсто)



Крсто е, исто така, член од самиот почеток. Од 2012 година е дел од „задграничниот“ комитет на групата и тоа во Лулеа, Шведска. И покрај одалеченоста од случувањата, комуникацијата се одвива по електронски пат.



Јасмина Танатарец (Лиде)



Лиде, исто како Блажо, Гил, Маца и Караџинов, има учествувано во сите хемиски спектакли кои биле организирани од групата THC. Нејзиното искуство од областа на органската синтеза дава значителен придонес за изведување на експериментите со проблематика од органската хемија.



Ивана Мицевска-Ристовска (Душка)



Душка е дел од членството на THC од нејзиното основање, Има учествувано во најголем дел спектакли, а нејзината поддршка во однос на припремање на потребниот материјал за работа, е извонредна.



Томче Рунчевски (Јонче)



Јонче е исто така, еден од основачите и први членови на THC. Денес е дел од „задграничниот“ комитет и го дава својот придонес кон групата со разни сугестии и препораки од Штутгарт, Германија.



Моника Радевска (Биља)



Биља е вклучена во групата од 2012 година. Од тогаш, до денес зема активно учество и била дел од организираните спектакли.



Ангела Алексовска (Боте)



Боте е вклучена во групата со рамките на последното проширување од 2012 година. Своите способности ги има презентирано во спектаклите организирани во текот на 2012 и 2013 година.



Николина Митреска (Мира)



Мира е исто така дел од групата од 1012 година кога се направи освежување, обновување и подмладување на THC. Активно учествува во спектаклите организирани во 2012 и 2013 година.



Ела Билинска

Ела е надворешен член на групата. Избрана е во текот на 2011 година од тогашното единаесет члено членство на THC. 



© 2017. Институт за хемија, ПМФ, УКИМ, Скопје.