Натпревари по хемија за СРЕДНО училиште, 2017

ПРЕНАСОЧУВАЊЕ

Почитувани ученици и наставници,
сите информации во врска со натпреварите по хемија отсега натаму побарајте ги на веб страницата на Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија:
Срдечен поздрав,
Секција за хемиско образование при СХТМ


Резултати, општински натпревар, 18.03.2017

 

Почитувани колеги,


Резултатите од општинскиот натпревар по хемија одржан во сабота, 18 март 2017 година се сумирани. Подредени се по азбучен ред според името на општината каде се одржани. 

Ви благодариме за активното учество во реализацијата на општинските натпревари. Остануваме во контакт и се подготвуваме за регионалните натпревари закажани за 22 април 2017 година. 

 

Срдечен поздрав,

Секција за хемиско образование, СХТМ


Тестови од ОПШТИНСКИ натпревари (18.3.2017) со РЕШЕНИЈА

 

- I категорија МК 

I категорија ALB 

 

- II категорија MK 

 

- III категорија MK 

- III категорија ALB

- III категорија ENG


СООПШТЕНИЕ

15.03.2017

Почитувани ученици и наставници,

пријавувањето за овогодишниот натпревар по хемија за учениците од средните училишта во Македонија заврши. Општинските натпревари се одржуваат во сабота на 18 март 2017 год. во 10 часот. Сите ученици означени со жолта позадина во овој СПИСОК имаат право да се натпреваруваат, а останатите кои немаат регулирана котизација немаат право да се натпреваруваат.

 

Учениците чии имиња се напишани со црвени букви се пласираат директно на регионален натпревар на 22 април, како и оние со зелени букви (селекцијата за олимпијада) и со сини (натпреварувачи на државен натпревар по математика, кој се одржува во исто време со општинскиот по хемија).

Училиштата и наставниците (координатори) за општинските натпревари се следните:

  1. Гостивар –СОУ Гостивар (Фаик Алили)
  2. Карпош – СУГС Ѓорѓи Димитров (Нада Јанковиќ)
  3. Куманово – Гимназија Гоце Делчев (Анита Тасевска)
  4. Прилеп – СОУ Ѓорче Петров (Елизабета Мицкоска)
  5. Струга – СОУ Д-р Ибрахим Темо (Верди Рамадани)
  6. Струмица – СОУ Јане Сандански (Снежана Илиевска-Поповска)
  7. Центар – СУГС Раде Јовчевски Корчагин (Гордана Геческа)
  8. Штип – СОУ Гимназија Славчо Стојменски (Виолета Ѓоргиева)

Општите начела и правила се дефинирани во Правилникот за организација и реализација на натпреварите, а Ве молиме погледајте ги и Правилата за општински натпревар и придржувајте се до нив за натпреварите да се одвиваат непречено и објективно!

 

Срдечен поздрав, 
Секција за хемиско образование при Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија,
e-mail: natprevar.hemija@gmail.com


ИНФОРМАЦИЈА

06.03.2017 

 

Почитувани ученици и наставници,

пријавувањето за овогодишниот натпревар по хемија за учениците од средните училишта во Македонија заврши! Се пријавија 381 ученик од 44 училишта од 25 општини за натпреварување во 4 категории! Ви посакуваме среќа на натпреварите!

Целосниот список со сите пријавени ученици (по азбучен ред на општините) може да го видите ТУКА (проверете дали е се во ред со вашата пријава). Со зелено се означени учениците кои се во селекцијата, избрана на Македноската хемиска олимпијада, која се подготвува за Меѓународната олимпијада по хемија IChO2017 и тие одат директно на регионален натпревар.

Напоменуваме дека за учество на натпреварот неопходно е пријавување и платена котизација (пример уплатница е дадена најдолу). Во моментот уплатите се проверуваат и до крајот на оваа недела ќе биде истакнат конечниот список на учесници на натпреварите.

Општинските натпревари се одржуваат во сабота на 18 март 2017 год. во 10 часот и тоа во оние општини во кои бројот на пријавени ученици во една категорија е поголем од производот: број на училишта по 3. Во кои општини и во кои училишта ќе се одржуваат општински натпревари ќе биде објавено заедно со конечниот список на учесници на натпреварите до крајот на оваа недела.

 

Подготвувајте се за натпревар!

 

Срдечен поздрав, 
Секција за хемиско образование при Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија,
e-mail: natprevar.hemija@gmail.com


СООПШТЕНИЕ

Почитувани ученици, наставници и директори,

пријавувањето за овогодишниот натпревар по хемија за учениците од средните училишта во Македонија во организација на Секцијата за хемиско образование при Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија (акредитирано здружение од МОН) ЗАВРШИ! Списокот на пријавени ученици е достапен во прикачените документи.

 

Термините за натпреварите за 2016/17 година се: 

-   18 март 2017 – општински натпревари

-   22 април 2017 – регионални натпревари

-   13 мај 2017 – државен натпревар


Правилата се дефинирани во Правилникот за организација и реализација на натпреварите, а основните принципи на натпреварите си остануваат како за минатата година:

- право на учество има секој ученик од сите средни училишта во Република Македонија;

- натпреварот се одржува во 4 категории дефинирани според програмата за гимназиско образование: I, II, III и IV година/категорија (за стручните училишта во истите категории прилагодени според содржините, табела подолу);

- распоредот на темите за општински, регионален и државен натпревар (корекција, 17.02.2017) за сите категории се дадени во документот даден подолу; 

- за продлабочување на знаењата на учениците во I категорија, II категоријаIII категорија и IV категорија, подолу се дадени дополнителни материјали поврзани со соодветните наставни содржини (прашања и проблеми од дополнителниот материјал ќе бидат застапени на регионален и државен натпревар, а дополнителниот материјал за I и IV категорија е ист);

 - пријавувањето за натпревар е кај наставникoт, кој треба да ја пополни пријавата за своите ученици на посочената веб страница за пријавување, при што задолжително треба да се внесат електронски адреси и од учениците и од наставниците за полесна комуникација понатаму;

- веб регистрацијата ќе биде отворена до 28 февруари 2017 год. до 22.00 часот;

- за учество на натпреварот се плаќа котизација од 300 денари за секој ученик. Упатството за уплата со уплатница е на веб страницата (задолжително да се внесе име/имиња на учениците при уплатата), а за уплата со фактура обратете се со барање за фактура на електронската адреса natprevar.hemija@gmail.com и наведете за кое училиште и за кои ученици е уплатата. Уплатата треба да се направи најдоцна до 5 март 2017.

 

Важно: Училиштата – кандидати за домаќини на регионален натпревар да се пријават на дадената електронска адреса до 28 февруари за да може да се планираат натпреварите.

 

Срдечен поздрав и ги очекуваме Вашите пријави, 
Секција за хемиско образование при Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија,

e-mail: natprevar.hemija@gmail.com

 

Документи:

-         Список на пријавени ученици

-          Правилник за организација и реализација на натпреварите

-          Категории

-          Распоред на темите за општински, регионален и државен натпревар, коригирано (17.02.2017)

-          Дополнителен материјал за I категорија

-          Дополнителен материјал за II категорија

-          Дополнителен материјал за III категорија

-          Дополнителен материјал за IV категорија

-          Пример уплатница

-          Решение за акредитација


Тестови 2014

тестови од општинските натпревари

тестови од регионалните натпревари

тестови од државниот натпревар


© 2024. Институт за хемија, ПМФ, УКИМ, Скопје.