Натпревари по хемија за ОСНОВНО училиште, 2017

ПРЕНАСОЧУВАЊЕ

Почитувани ученици и наставници,
сите информации во врска со натпреварите по хемија отсега натаму побарајте ги на веб страницата на Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија:
 
Срдечен поздрав,
Секција за хемиско образование при СХТМ


Резултати

 

Почитувани ученици, наставници и родители,
 
резултатите од општинскиот натпревар по хемија одржан во сабота, 18 март 2017 година се сумирани. Подредени се по азбучен ред според општините. 
 
Пристигнатите забелешки и сугестии од страна на членовите на општинската комисија во текот на прегледувањето на тестовите, како и оние од записниците заедно со коментар од Државната комисија се дадени ТУКА.
 
Според Правилникот, на регионален натпревар, во одредена категорија, се квалифицираат најдобро пласираните ученици на општинскиот натпревар и тоа во број што е најмалку еднаков на бројот на училишта учесници на општинскиот натпревар (прв критериум). Тоа се учениците чии имиња се означени со зелено.
Листата е надополнета со ученици кои освоиле најмалку 35 бодови во соодветната категорија (втор критериум). Тоа се учениците чии имиња се означени со сино.
 
Конечниот список е даден ТУКА.
 
Ви благодариме за активното учество во реализацијата на општинските натпревари. Остануваме во контакт и се подготвуваме за регионалните натпревари закажани за 22 април 2017 година.

 

 

Срдечен поздрав,

Секција за хемиско образование, СХТМ


Тестови од ОПШТИНСКИ натпревари (18.3.2017) со РЕШЕНИЈА

 

- I категорија МК (8 одделение)

I категорија ALB (8 одделение)

- I категорија ENG (8 одделение)

I категорија SRB (8 одделение)

I категорија TUR (8 одделение)


- II категорија MK (9 одделение)

- II категорија ALB (9 одделение)

- II категорија SRB (9 одделение)

- II категорија TUR (9 одделение)


СООПШТЕНИЕ

15.03.2017

Почитувани ученици и наставници,

 

Конечниот список на ученици за општинскиот натпревар по хемија кој ќе се одржи на 18.03.2017 г. е даден ТУКА. Учениците означени со црвено имаат право да се натпреваруваат доколку прикажат доказ за извршена котизација на координаторот во нивната општина. Училиштата и наставниците-координатори за општинските натпревари се дадени во ОВОЈ ДОКУМЕНТ

 

Општите начела и правила се дефинирани во Правилникот за организација и реализација на натпреварите, а Ве молиме погледајте ги и Правилата за општински натпревар дадени подолу на страницава и придржувајте се до нив за натпреварите да се одвиваат непречено и објективно!

 

Ви посакуваме многу успех на натпреварот!

Срдечен поздрав, 
Секција за хемиско образование при Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија,
e-mail: natprevar.hemija.osnovno@gmail.com


ИНФОРМАЦИЈА

 

06.03.2017 

 

Почитувани ученици и наставници,

пријавувањето за овогодишниот натпревар по хемија за учениците од основните училишта во Македонија заврши! Се пријавија 1387 ученици од 161 училиштe од 52 општини за натпреварување во 2 категории! Ви посакуваме среќа на натпреварите!

Целосниот список со сите пријавени ученици (подредени порегиони) може да го видите ТУКА­ (проверете дали е се во ред со вашата пријава). Со жолто се означени учениците кои одат директно на регионален натпревар.

Напоменуваме дека за учество на натпреварот неопходно е пријавување и платена котизација (пример уплатница е дадена најдолу). Во моментот уплатите се проверуваат и до крајот на оваа недела ќе биде истакнат конечниот список на учесници на натпреварите.

Општинските натпревари се одржуваат во сабота на 18 март 2017 год. во 09:30 часот. Во кои општини и во кои училишта ќе се одржуваат општински натпревари ќе биде објавено заедно со конечниот список на учесници на натпреварите до крајот на оваа недела. Правилата кои треба да се почитуваат во текот на општинските натпревари се дадени ТУКА.

 

Подготвувајте се за натпревар!

 

Срдечен поздрав, 
Секција за хемиско образование при Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија,
e-mail: natprevar.hemija.osnovno@gmail.com


СООПШТЕНИЕ

Почитувани ученици, наставници и директори,

пријавувањето за овогодишниот натпревар по хемија за учениците од основните училишта во Македонија во организација на Секцијата за хемиско образование при Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија (акредитирано здружение од МОН) ЗАВРШИ. Списокот на пријавени ученици е достапен во прикачените документи. 

 

Термините за натпреварите за 2016/17 година се: 

-   18 март 2017 – општински натпревари

-   22 април 2017 – регионални натпревари

-   13 мај 2017 – државен натпревар

 

Правилата се дефинирани во Правилникот за организација и реализација на натпреварите, а основните принципи на натпреварите си остануваат како за минатата година:

- право на учество има секој ученик од VIII и од IX одделение од сите основни училишта во Република Македонија

- секое пријавено училиште на oпштинскиот натпревар може да учествува со максимален број ученици во соодветната категорија кој е еднаков на вкупниот број паралелки од таа категорија помножен со 3

- училиштата-домаќини на регионален натпревар имаат право да пријават уште по двајца ученици во секоја категорија

- доколку ученикот што се пријавува за натпревар од IX одд. на минатогодишниот државен натпревар освоил прва награда, директно се пласира на регионален натпревар, но има обврска да се пријави во предвидениот рок и да уплати котизација за оваа година

- натпреварот се одржува во 2 категории дефинирани според програмата по хемија за основно образование: I категорија – VIII и II категорија – IX одделение

- подолу се дадени дополнителни материјали поврзани со соодветните наставни содржини наменети за продлабочување на знаењата (прашања/проблеми од дополнителниот материјал ќе бидат застапени само на регионален и на државен натпревар)

 - пријавувањето за натпревар е кај наставникoт, кој треба да ја пополни пријавата за своите ученици на посочената веб страница за пријавување, при што задолжително треба да се внесат електронски адреси и од учениците и од наставниците за полесна комуникација понатаму

- веб регистрацијата ќе биде отворена до 28 февруари 2017 год. до 22.00 часот

- за учество на натпреварот се плаќа котизација од 300 денари за секој ученик. Упатството за уплата со уплатница е на веб страницата (задолжително да се внесе име/имиња на учениците при уплатата), а за уплата со фактура обратете се со барање за фактура на електронската адреса natprevar.hemija.osnovno@gmail.com и наведете за кое училиште и за кои ученици е уплатата. Уплатата треба да се направи најдоцна до 5 март 2017.

 

Важно: Училиштата – кандидати за домаќини на општински и регионален натпревар да се пријават на дадената електронска адреса до 28 февруари за да може да се планираат натпреварите.

 

Срдечен поздрав и ги очекуваме Вашите пријави, 
Секција за хемиско образование при Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија,

e-mail: natprevar.hemija.osnovno@gmail.com

 

Документи:

-          Список на пријавени ученици     

-          Правилник за организација и реализација на натпреварите

-          Правила за општински натпревар

-          Региони и општини

-          Теми и дополнителен материјал

-          Пример уплатница

-          Решение за акредитација

-          Пример ТЕСТ за VIII одделение, 2016

-          Пример тест за IX одделение, 2016


© 2024. Институт за хемија, ПМФ, УКИМ, Скопје.