Институтот за хемија, како една од единиците на Природно-математичкиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј", се стреми да привлече и едуцира високомотивирани студенти од областа на хемијата и сродните дисциплини. Оваа своја мисија, Институтот за хемија се обидува да ја оствари преку интензивна меѓународна соработка со водечки институции од Европа, како и со организација на заеднички студиски програми. Институтот е центар за стручно усовршување на кадри, од областа на хемијата и сродните дисциплини, кои работат во индустријата и во други дејности.
Ваквата определба кон образованието е поткрепена со научни истражувања од областа на хемијата на животната средина, биоелектрохемијата, хемијата на храна, структурната хемија, молекулската спектроскопија, нанохемијата, квантната и теориската хемија, образованието во хемијата итн. - што е потврдено и признаено преку бројни научни, едукативни и стручни публикации во високорангирани меѓународни списанија, како и организација на меѓународни научни манифестации и учество во најактуелни домашни и меѓународни научноистражувачки проекти.
Институтот за хемија обезбедува услуги и дава придонес за македонската и регионалната индустрија преку стратешки партнерства, со нагласок на поддршката за иновации. Институтот функционира како независна лабораторија за анализи, како и за следење, тестирање и стандардизација од сите облсти на хемијата.
Конкурс за прием на студенти запишани на додипломски студии во државните и приватните студентски домови во Република Северна Македонија за студиската 2026/2027 година
Соопштение за третата (августовско-септемвриска) испитна сесија во учебната 2025/2026 година
КОНКУРСИ ЗА УПИС НА СТУДЕНТИ НА ПРВ, ВТОР И ТРЕТ ЦИКЛУС НА СТУДИСКИТЕ ПРОГРАМИ НА УНИВЕРЗИТЕТОТ „СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ ВО СКОПЈЕ ВО УЧЕБНАТА 2026/2027 ГОДИНА