Олгица ТРЕНЧЕВСКА, помлад асистент, е родена на 18 октомври 1982 г. во Скопје. Основното (1997) и средното (2001) образоавние ги завршила во Скопје. Во учебната 2001/2002 г. се запишала на студиите на Институтот за хемија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, на насоката за аналитичка биохемија. Студиите ги завршила во 2006 г. Во учебната 2006/2007 г. се запишала на постдипломските студии на Институтот за хемија при ПМФ, Скопје. Во 2006 г. е избрана за помлад асистент на Институтот за хемија при ПМФ, Скопје. Како демонстратор, и сега како помлад асистент ги држи вежбите по предметите: биохемија I и II за студиите по хемија од насоката аналитичка биохемија и биохемија и теоретска органска хемија за студентите од другите насоки на студиите по хемија. Главно подрачје на научен интерес и е анализа на биолошки флуиди со примена на електрофоретски, спектроскопски и електрохемиски методи, како и молекуларно моделирање во биохемијата и современите биомедицински методи во биохемијата. Има учествувано на 2 научни собири. На еден научен собир била член на Организациониот одбор. Добро го владее англискиот јазик а има познавања и од германскиот јазик.