Денес, вторник, 22 октомври 2019 година во 11 часот пред зградата на Институтот за хемија (долна зграда на Природно-математичкиот факултет) вработените и студентите на Институтот за хемија при Природно-математичкиот факултет излегоа за јавно да го изразат своето незадоволство од условите за работа и студирање, кои во последните години стануваат сè полоши и го доведуваат во прашање нормалното реализирање на високообразовната и научноистражувачката дејност на Институтот.
Институтот за хемија, како една од единиците на Природно-математичкиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј", се стреми да привлече и едуцира високомотивирани студенти од областа на хемијата и сродните дисциплини. Оваа своја мисија, Институтот за хемија се обидува да ја оствари преку интензивна меѓународна соработка со водечки институции од Европа, како и со организација на заеднички студиски програми. Институтот е центар за стручно усовршување на кадри, од областа на хемијата и сродните дисциплини, кои работат во индустријата и во други дејности.
Ваквата определба кон образованието е поткрепена со научни истражувања од областа на хемијата на животната средина, биоелектрохемијата, хемијата на храна, структурната хемија, молекулската спектроскопија, нанохемијата, квантната и теориската хемија, образованието во хемијата итн. - што е потврдено и признаено преку бројни научни, едукативни и стручни публикации во високорангирани меѓународни списанија, како и организација на меѓународни научни манифестации и учество во најактуелни домашни и меѓународни научноистражувачки проекти.
Институтот за хемија обезбедува услуги и дава придонес за македонската и регионалната индустрија преку стратешки партнерства, со нагласок на поддршката за иновации. Институтот функционира како независна лабораторија за анализи, како и за следење, тестирање и стандардизација од сите облсти на хемијата.
П | В | С | Ч | П | С | Н |
---|---|---|---|---|---|---|
9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 |
16 | 17 | 18 | 19 | 20 | 21 | 22 |
23 | 24 | 25 | 26 | 27 | 28 | 29 |
30 | 31 | 1 | 2 | 3 | 4 | 5 |
6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 |