Соопштенија

10 јули 2023

Термини за полагање на испити од надворешните професори во третата (августовско-септемвриска) испитна сесија

2023  ТРЕТА  (АВГУСТ/СЕПТЕМВРИСКА) ИСПИТНА СЕСИЈА ВО  УЧ.2022/2023 ГОДИНА

ПСИХОЛОГИЈА
Проф. д-р Калина Сотироска -  Филозофски факултет
kalina.sotiroska@fzf.ukim.edu.mk 

I декада

30.08.2023 во 16:00 часот во просториите на Филозофскиот факултет

II декада

18.09.2023 во 16:00 часот во просториите на Филозофскиот факултет

ПЕДАГОГИЈА
Проф. д-р Борче Костов -  Филозофски факултет
borcekostov@yahoo.com     

I декада

29.08.2023 во 10 часот во предавална број 10 на Институтот за педагогија

II декада

06.09.2023 во 10 часот во предавална број 10 на Институтот за педагогија. 

МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК
Проф. д-р Симон Саздов -  Филолошки  факултет 
s.sazdov@yahoo.com

      I декада

31 август од 9 часот во Амфитеатар 1, на Филолошкиот факултет

II декада

14 септември од 9 часот во Амфитеатар 1,  на Филолошкиот факултет

ИТАЛИЈАНСКИ ЈАЗИК 1, 2 , 3
Проф. Катерина Сековска- Анѓеловиќ
 Студии по географија
k.angelovik@gmail.com

I декада

06.09. 2023 (среда) во 10:00 ч. - ПМФ 

II декада

13.09. 2023 ( среда) во 10:00ч.  - ПМФ

АНГЛИСКИ ЈАЗИК  1, 2 , 3 и 4
Проф. Искра Стаменковска - Студии по географија - iskra_feb@yahoo.com 

I декада     

           30.08.2023
      9.00 ч. Англиски јазик 1 и 2
     10.30 ч. Англиски јазик 3 и 4
     Просторија: 122

 II декада 

         15.08.2023
     9.00 ч. Англиски јазик 1 и 2
    10.30 ч. Англиски јазик 3 и 4
     Просторија: 122

РУСКИ ЈАЗИК
Проф. Ирен Алчевска,   iren_alcevska@mail.ru
Студии по математика, физика, математика-физика
(Термините ќе бидат дополнително објавени) 

АНГЛИСКИ ЈАЗИК  Проф. Солзица Поповска
 Студии по математика, физика, хемија, математика-физика  (solzica_popovska@yahoo.com)
(Термините ќе бидат дополнително објавени)

 

07.07.2022 г.                                                                                  Од деканатот,


10 јули 2023

Соопштение  за ТРЕТАТА (август/септемвриска) испитна сесија во учебната 2022/2023 г. (ПРВ ЦИКЛУС СТУДИИ)

Соопштение  за ТРЕТАТА (август/септемвриска) испитна сесија во учебната 2022/2023 г.

се известуваат редовните и вонредните студенти  на  Природно-мате­ма­­­тич­ки­­от факултет во Скопје, дека ТРЕТАТА (август/септемвриска) сесија во уч. 2022/2023 година  ќе се одвива во две декади во периодот од:

21 август 2023 –15 септември 2023    (две декади) 

  • 08.09.2023 г. (петок) е неработен ден, ден на независноста

ТЕРМИНИТЕ ги објавуваат институтите при факул­тетот.

ПРИ ПРАВЕЊЕТО НА РАСПОРЕДОТ ТРЕБА ДА СЕ ВНИМАВА ПОМЕЃУ ТЕРМИНИТЕ ОД ПРВАТА И ВТОРАТА ДЕКАДА, ДА ИМА МИНИМУМ 10 ДЕНА (согласно  чл.45, од Правилникот за условите, критериумите,  правилата и постапката за запишување и  студирање на прв циклус студии (додипломски студии) и втор циклус студии (постдипломски студии) на УКИМ, бр.417, 29 јануари 2019).

      Студентите во третата испитна сесија, можат да полагаат предмети слушани во  зимскиот и во летниот семестар во уч.2022/2023 година  (семестрите  административно, треба да им се  уредно   запишани и заверени).

НАПОМЕНА 1 -  начин на пријавување на испитите

ЗАДОЛЖИТЕЛНО ЕЛЕКТРОНСКОТО ПРИЈАВУВАЊЕ НА ИСПИТИТЕ ВО ВТОРАТА ИСПИТНА СЕСИЈА ВО УЧ.2022/2023 ГОДИНА, ВО  I-KNOW СИСТЕМОТ, ЌЕ СЕ ОДВИВА ОД:

10.07.2023  од  20.08.2023

ПРАВО НА ПОЛАГАЊЕ НА ИСПИТ ЌЕ ИМААТ САМО ОНИЕ СТУДЕНТИ КОИ УРЕДНО ЌЕ ГО ПРИЈАВАТ ИСПИТОТ. 

Што значи уредно пријавен испит?

  1. Студентот  задолжително треба да го пријави испитот електронски , преку својот профил во  iknow системот.  (кратко упатство, подоле)
  2. Студентот  покрај задолжителното електронско пријавување на испитот, на денот на полагање на испитот треба да носи со себе индекс и пријава за испит (хартија).

 

НАПОМЕНА 2  

Само вонредните студенти и редовните студенти, кои се префрлени по нова студиска програма, при пријавување на секој испит заедно со пријавата за испит треба да достават (прикачат) уплатница за уплатени 200,00 денари за испит, уплатени на жиро-сметката на ПМФ. 

сите уплати се вршат на образец ПП50:

- назив и седиште на примач                            ПМФ – СКОПЈЕ

- банка на примач                                           НБРСМ

- трансакциска сметка                                      100000000063095

- сметка на буџетски корисник на ПМФ              1600110804 788 19

- приходна шифра  програма  начин                   723013 - 41 – 2

НАПОМЕНА 3

Запишувањето на зимскиот  семестар во уч. 2023/2024 година,  ќе се одвива во периодот од  18.09.2023 до 29.09.2023 г.   Соопштението за организацијата  на запишувањето на зимскиот  семестар во уч.2023/2024 година,  ќе биде дополнително објавено. Наставата во зимскиот сeместар во уч.2023/2024 г. ќе се започне до  02.10.2023 г. и ќе трае до 12.01.2024 г.

НАПОМЕНА 4

Студентите  треба  да почитуваат напомените, затоа што целта е на студентите да им се олесни процедурата на добивање оценка во хартиена пријава на крај на секоја сесија и да се елиминира проблемот на студентски досиеја во кои недостигаат голем дел хартиени пријави за положени испити, особено пред дипломирање. Се пријавуваат сите испити кои студентот планира да ги полагаа во сесијата.

Студентите кои предметите ги полагаат преку колоквиуми, исто така треба да ги пријават електронски испитите.

Сите студенти на ПМФ испитите ги пријавуваат на ПМФ, без разлика каде ги слушале.

Студентите плаќаат по 400,00 ден. надоместок за задоцнето пријавување испит (пријавување на испити по рокот),  ако електронски не го пријават испитот во дефинираниот рок.

 

ПОДРШКА и комуникација со  студентите

Доколку имате недоследности поврзани со податоците во вашето електронско досие (предмети, испити и сл.) пратете електронска порака со опис на проблемот, број на индекс, на одговорните во Одделението за студентски прашања на следниве електронски адреси:

  -lidija.mitevska@pmf.ukim.mk (сите студиски програми на Институтот за билогија  (освен  студиската програма молекуларна биологија со генетика)  и двопредметни студии по биологија–хемија);

 -ivanam.ristovska@pmf.ukim.mk    (сите студиски програми на Институтите за:  математика, физика,   географија, етнологија и антропологија и двопредметни студии по математика-физика)

 -elenad@pmf.ukim.mk   (сите студиски програми на Институтот за хемија и студиската програма молекуларна биологија со генетика на Институтот за биологија),

 -keti@pmf.ukim.mk   Раководител на Одделението за студентски прашања

За технички проблеми (заборавена лозинка, промена на електронска адреса и сл.), пратете порака, во која задолжително да се напише опис на проблемот, име и презиме на студент и електронска  адреса со која е регистриран во системот, на следнава електронска aдреса: stefan@pmf.ukim.mk

 Кратко упатство:

Во полето "пријави" студентот треба да прати електронска пријава за испит за некој од запишаните предмети. Во ова поле се евидентираат сите испратени пријави од студентот за полагање на одредени предмети. Пријавувањето на предметите за полагање е овозможено само во период означен од одделението за студентски прашања.  Во табела се прикажуваат сите предмети кои сте ги слушале и можете да ги пријавите. Предметите кои сакате да ги пријавите ги „чекиравте“ во полето од последната колона и од паѓачкото мени со понудени професори го избирате оној кај кој сте го слушале предметот. Со кликање на копчето “пријави” одбраните предмети се пријавуваат за одбраната сесија. Подоле во табела се прикажуваат сите пријавени предмети за следниот семестар.

05.07.2023 година                                                               од  деканатот,


10 јули 2023

Соопштение  за ТРЕТАТА (август/септемвриска) испитна сесија во учебната 2022/2023 г. (ВТОР ЦИКЛУС СТУДИИ)

Соопштение  за ТРЕТАТА (август/септемвриска) испитна сесија во учебната 2022/2023 г.

 се известуваат студентите на ВТОР ЦИКЛУС студии  на  Природно-мате­ма­­­тич­ки­­от факултет во Скопје, дека ТРЕТАТА (август/септемвриска) сесија во уч. 2022/2023 година  ќе се одвива во периодот од:

21 август 2023 –15 септември 2023    (две декади)

  • 08.09.2023 г. (петок) е неработен ден, ден на независноста

Термините  за полагање на испитите, се дефинираат во договор со  предметните професори.

      Студентите во третата испитна сесија, можат да полагаат предмети слушани во  зимскиот и во летниот семестар во уч.2022/2023 година  (семестрите  административно, треба да им се  уредно   запишани и заверени).

НАПОМЕНА 1 -  начин на пријавување на испитите

ЗАДОЛЖИТЕЛНО ЕЛЕКТРОНСКОТО ПРИЈАВУВАЊЕ НА ИСПИТИТЕ ВО ВТОРАТА ИСПИТНА СЕСИЈА ВО УЧ.2022/2023 ГОДИНА, ВО  I-KNOW СИСТЕМОТ, ЌЕ СЕ ОДВИВА ОД:

10.07.2023  од  20.08.2023

ПРАВО НА ПОЛАГАЊЕ НА ИСПИТ ЌЕ ИМААТ САМО ОНИЕ СТУДЕНТИ КОИ УРЕДНО ЌЕ ГО ПРИЈАВАТ ИСПИТОТ. 

Што значи уредно пријавен испит?

  1. Студентот  задолжително треба да го пријави испитот електронски , преку својот профил во  iknow системот.  (кратко упатство, подоле)
  2. Студентот  покрај задолжителното електронско пријавување на испитот, на денот на полагање на испитот треба да носи со себе индекс и пријава за испит (хартија). 

НАПОМЕНА 1

Запишувањето на зимскиот  семестар во уч. 2023/2024 година и заверката на летниот семестар во уч.2022/2023 г.,  ќе се одвива во периодот од  18.09.2023 до 29.09.2023 г.   Соопштението за организацијата  на запишувањето на зимскиот  семестар во уч.2023/2024 година,  ќе биде дополнително објавено. Наставата во зимскиот сeместар во уч.2023/2024 г. ќе се започне до  02.10.2023 г. и ќе трае до 12.01.2024 г. 

ПОДРШКА и комуникација со  студентите

Доколку имате недоследности поврзани со податоците во вашето електронско досие (предмети, испити и сл.) пратете електронска порака со опис на проблемот, број на индекс, на одговорните во Одделението за студентски прашања на следниве електронски адреси:

   -keti@pmf.ukim.mk   Раководител на Одделението за студентски прашања

За технички проблеми (заборавена лозинка, промена на електронска адреса и сл.), пратете порака, во која задолжително да се напише опис на проблемот, име и презиме на студент и електронска  адреса со која е регистриран во системот, на следнава електронска aдреса: stefan@pmf.ukim.mk

 Кратко упатство:

Во полето "пријави" студентот треба да прати електронска пријава за испит за некој од запишаните предмети. Во ова поле се евидентираат сите испратени пријави од студентот за полагање на одредени предмети. Пријавувањето на предметите за полагање е овозможено само во период означен од одделението за студентски прашања.  Во табела се прикажуваат сите предмети кои сте ги слушале и можете да ги пријавите. Предметите кои сакате да ги пријавите ги „чекиравте“ во полето од последната колона и од паѓачкото мени со понудени професори го избирате оној кај кој сте го слушале предметот. Со кликање на копчето “пријави” одбраните предмети се пријавуваат за одбраната сесија. Подоле во табела се прикажуваат сите пријавени предмети за следниот семестар.

05.07.2023 година                                                               од  деканатот,


27 јуни 2023

Повик за Johnson Matthey Graduate Program

За прв пат студентите од Македонија имаат можност да бидат дел од т.н. „ротирачка програма“ на JM каде дипломираните студенти по хемија ќе имаат можност во текот на 8-те месеци да остварат 3 „ротации“ и да бидат дел од тимот на ЈМ-Македонија и ЈМ-Полска.
По завршувањето на програмата, кандидатите ќе имаат можност да се приклучат на тимот на ЈМ .
За повеќе детали, погледнете го прикачениот документ и QR кодот кој се наоѓа на него.
Крајниот рок за поднесување на апликациите е 6 август 2023. 


27 јуни 2023

Повик за практиканство во Реплек

Дали сакате да придонесете во компанија каде што работењето претставува синергија на високо квалификувани кадри, иновација на процеси, науката и истражувањето?
Дали сакате да бидете дел од компанија која секогаш е отворена за нови идеи, каде ги цениме и вреднуваме образованието и знаењето, ја поттикнуваме визијата и промените?

Реплек, во рамки на Програмата за практиканство, објавува Повик за пријавување за летна практична обука со можност за вработување.

Повеќе информации околу условите и начинот на аплицирање на следниот линк.

Краен рок за аплицирање е 02.07.2023.

симни документ


01 јуни 2023

КОНКУРС ВО РАМКИ НА ПРОГРАМАТА ЕРАЗМУС+ -  ИНДИВИДУАЛНА МОБИЛНОСТ ЗА СТУДЕНТИ за академската 2023/2024 година

УНИВЕРЗИТЕТОТ „СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ” ВО СКОПЈЕ
бјавува 

КОНКУРС
ВО РАМКИ НА ПРОГРАМАТА ЕРАЗМУС+
АКЦИЈА 1: ИНДИВИДУАЛНА МОБИЛНОСТ ЗА СТУДЕНТИ
за академската 2023/2024 година

Во рамки на програмата ЕРАЗМУС+ K103 на Европската комисија, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” распишува конкурс за доделување стипендии за студенти за студиски престој на високообразовните институции во ЕУ.

Право на пријавување имаат само редовни студенти со завршена прва година на студии.

Времетраење на мобилноста за студенти: еден семестaр (летен семестар).

Мобилноста се остварува во рамки на потпишани Еразмус+ договори меѓу УКИМ и ЕУ универзитетите. (Види листа на Еразмус+ договори)

1. Потребни документи за мобилност на студенти: Сите документи за аплицирање се достапни на интернет-страната на Универзитетот Меѓународна соработка- ERASMUS+ или интернет-страната на факултетот: · пополнет формулар за пријавување (Student Application Form); · договор за студирање (Learning Agreement) во кој се утврдува програмата за студирање, потпишана и одобрена од страна на студентот, матичниот факултет/Еразмус+ координаторот и факултетот во странство (минимум 20 ЕКТС- максимум 30ЕКТС);
· уверение за положени испити на македонски јазик;
· уверение/диплома за познавање на англиски јазик или јазикот на кој се изведува наставата на ЕУ универзитетот издадена од признат центар/школа за странски јазици;
· уверение за редовен студент- запишан семестар/година (на македонски јазик); · кратка биографија (Europass model).
Висината на стипендијата за студентите изнесува 550-600 ЕУР месечно, согласно земјата во која се престојува (Види листа на интернет-страната на Универзитетот).

Патните трошоци и здравственото осигурување ги покриваат лично студентите.

Селекцијата/рангирањето на кандидатите ја прави факултетот согласно со утврдените критериуми: академскиот успех, познавање на англиски јазик или јазикот на кој се изведува наставата, мотивација.

При одлучувањето, предност ќе имаат кандидатите кои аплицираат за првпат и досега не користеле Еразмус+ стипендија.

Кандидатите лично ја поднесуваат апликацијата во три примерока до Еразмус+ координаторот на факултетот каде студираат, најдоцна до 5 октомври 2023.

(Еден примерок за Еразмус+ коррдинаторот, еден примерок задржува студентот и еден примерок се доставува до Ректоратот на УКИМ) (Види листа на Еразмус+ координатори по факултети).

Краен рок за поднесување на рангираните апликации од страна на факултетите до Ректоратот е 12 октомври 2023.

 

УНИВЕРЗИТЕТ „СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ” ВО СКОПЈЕ


01 јуни 2023

Акција за чистење на кампусот

По повод 5 јуни - Светскиот ден на животната средина, факултетите од кампусот во општина Гази Баба организираат акција за чистење на отворените површини во близина на своите објекти.

Акцијата ќе започне на 5 јуни во 10 часот, во дворот на Институтот за хемија. Учесниците ќе бидат поделени во две големи групи од кои, едната ќе тргне од горната зграда на ПМФ, а другата од паркингот на Факултетот за шумарски науки, пејсажна архитектура и екоинженеринг „Ханс Ем“

Ги повикуваме сите студенти и вработени на Институтот за хемија доброволно да се приклучат кон оваа акција и да дадат свој придонес за почиста околина.




25 мај 2023

Анкета од Факултетот за физичко образование, спорт и здравје

Почитувани студенти,
На линкот даден подолу може да пристапите кон студентската анкета која е дел од проектот „Влијанието на медитеранската диета и некои други фактори врз здравјето на студентите на УКИМ“, на Факултетот за физичко образование, спорт и здравје.

Линк до анкетата: https://forms.gle/caExNK2peN849PVx6


25 мај 2023

Оглас за практиканство

Почитувани студенти,
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство објавува јавен оглас за ангажирање на 11 практиканти, дипломирани или на завршна година на студии.

Повеќе информации за огласот и начинот на пријавување.


25 мај 2023

Оглас за летна пракса - Coke Summership

Почитувани студенти,
Пивара Скопје објавува оглас за летната пракса во рамки на програмата Coke Summership.

Повеќе информации на следниот линк: https://cokesummership.mk/


© 2026. Институт за хемија, ПМФ, УКИМ, Скопје.