Прв циклус (додипломски студии)

наставна хемија


  • Назив на студиската програма: Студиска програма по наставна хемија
  • Tраење на студиите:  Четири години (8 семестри)
  • Услови за запишување на студентите: Запишувањето на студиската програма по наставна хемија на Природно-математичкиот факултет е согласно закон­с­ки­те решенија што важат во Република Македонија и на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје.
  • Академскиот или стручниот назив или степен кој се стекнува со завршување на студиите: Дипломираните студенти на студиската програма по наставна хемија, стекнуваат звање дипломиран професор по хемија. 
  • Спецификација на генеричките (општите) и специфичните компетенции кои студентот ќе ги стекне со завршувањето на студиите и за кои работни места е оспособен: Овие студии имаат за цел да формираат наставници по хемија за средно образование. Студентите кои ќе ја завршат студиската програма по наставна хемија ќе бидат оспособени за остварување на едукативни и воспитни цели во наставата по хемија во средните училишта (гимназии и средни стручни училишта), а по потреба, и во основните. Покрај тоа што можат да се вработуваат во средните и основните училишта, дипломираните студенти од оваа студиска програма ќе можат да се вработуваат и во институциите кои ја следат и осовременуваат наставата по хемија, како и научно-истражувачките  институции од оваа област.

 

Дипломски студии по наставна хемија на Институтот за хемија при Природно-математичкиот факултет (дипломиран професор по хемија)

1 циклус, 4 години, 8 семестри, 240 ЕКТС кредити

Подрачје: природно-математички науки; поле: хемија; област: наставна хемија

 

Студиската програма за наставна хемија на првиот циклус студии по хемија се состои од 4 години (8 семестри) со што студентите добиваат 240 кредити.

Професионалната титула по завршување на првиот циклус на студии и одбрана на дипломската работа е дипломиран професор по хемија.

Овие дипломски студии и програмата се организирани за стекнување на VII-1 степен на образование и целосно исполнување на дескрипторите за квалификации.

Студиската програма дава можност за натамошна континуирана едукација на повисоко ниво т.е. последипломски студии по хемија (втор циклус).

 

 

Студиска програма

Студиската програма од наставна хемија е од подрачјето на природните науки – хемија.

Вкупниот број кредити што можат да се освојат, вклучувајќи ја и дипломската работа, изнесува 240.

Вкупниот број кредити во една учебна година изнесува 60 (ЗВО чл. 105 ст.1). Бројот на доделените кредити по секој предмет ја искажува вкупната оптовареност на студентот за совладување на содржините на предметот.

Сите предмети се едносеместрални.

Секој предмет е означен со определен код којшто содржи информација за него.

Наставата се одвива на македонски јазик.

Испитните рокови се организираат согласно Законот за Високо образование и Статутот и правилниците на Универзитетот.

Студентот може да ја брани својата дипломска работа откако ќе ги положи сите предвидени испити со студиската програма.

Запишувањето на студенти на студиската програма по наставна хемија на Природно-математичкиот факултет е согласно закон­с­ки­те решенија што важат во Република Македонија и на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје.

Студентот има право секој предмет по неговото слушање да го полага во две испитни сесии. Доколку студентот не го положи испитот, треба да го повтори слушањето на предметот.

Предметите се полагаат писмено и усно во зависност од начинот на оценување предвиден со предметните програми. Студентите имаат право на сукцесивно оценување со можност за ослободување од завршен испит по соодветната предметна програма.

Студентот напредува во студиите преку освојување на кредити. Бројот на кредитите што студентот треба да ги оссвои се предвидени со студиската програма.

Студиската програма по наставна хемија се состои од задолжителни предмети и изборни предмети. Некои од задол­жител­ните предмети се понудени на две нивоа: A-ниво, коешто е повисоко и В-ниво коешто е пониско. Во случај кога за некој задолжителен предмет во даден модул е предвиден на пониското ниво, студентот има право, по сопствен избор, да го избере и повисокото ниво. Подолу е дадена содржината на студиската програма.

 

 

Студиска програма за наставна хемија

(Звање: Дипломиран професор по хемија) 

 

Код

Име на предметот

П

ТВ

ЕВ

К

вкупно

 

 

I семестар

 

 

 

 

 

1

ХЕМ-101А

Општа хемија - А ниво

4

2

3

10

 

2

ХЕМ-10МБ

Математика -  Б ниво

4

4

0

8

 

3

ХЕМ-ПСИ

Психологија

2

2

0

4

 

4

ХЕМ-МАК

Македонски јазик

2

2

0

4

 

5

ХЕМ-106

Комуникациски вештини

2

2

0

4

30

 

 

II семестар

 

 

 

 

 

6

ХЕМ-201А

Неорганска хемија - А ниво

4

2

3

8

 

7

ХЕМ-20ФБ

Општа физика -  Б ниво

4

2

2

8

 

8

ХЕМ-ПЕД

Педагогија

2

2

0

4

 

9

ХЕМ-216

Современи технологии во хемиското образование

2

2

0

4

 

10

ХЕМ-206

Етика за хемичари

2

2

0

4

 

11

ХЕМ-ЈАЗ

Странски јазик

0

4

0

2

30

 

 

III семестар

 

 

 

 

 

12

ХЕМ-302Б

Аналитичка хемија -  Б ниво

4

1

5

8

 

13

ХЕМ-303Б

Органска хемија I -  Б ниво

3

1

4

8

 

14

ХЕМ-309

Хемија во практика

3

2

0

6

 

15

ХЕМ-306

Историја на хемијата

2

1

0

4

 

16

 

Изборен хемија

 

 

 

4

30

 

 

IV семестар

 

 

 

 

 

17

ХЕМ-403Б

Органска хемија II -  Б ниво

3

1

3

8

 

18

ХЕМ-446

Физичка хемија за наставна насока I -  Б ниво

3

0

3

6

 

19

ХЕМ-402Б

Инструментални аналитички методи -  Б ниво

3

1

3

8

 

20

ХЕМ-421

Одбрани поглавја од неорганска хемија

3

1

3

8

30

 

 

V семестар

 

 

 

 

 

21

ХЕМ-505Б

Биохемија I -  Б ниво

3

0

3

6

 

22

ХЕМ-546

Физичка хемија за наставна насока II -  Б ниво

3

0

3

8

 

23

ХЕМ-506

Општа методика во хемијата

3

2

2

8

 

24

ХЕМ-409

Хемија на животната средина 

2

0

4

6

 

25

 

Изборен УКИМ

 

 

 

2

30

 

 

VI семестар

 

 

 

 

 

26

ХЕМ-605Б

Биохемија II -  Б ниво

3

0

3

6

 

27

ХЕМ-624

Одбрани поглавја од физичка хемија 

3

1

3

8

 

28

ХЕМ-606

Специјална методика во хемијата

3

2

2

8

 

29

ХЕМ-523

Одбрани поглавја од органска хемија

3

1

3

6

 

30

 

Изборен УКИМ

 

 

 

2

30

 

 

VII семестар

 

 

 

 

 

31

ХЕМ-706

Методика на хемиското експериментирање I

3

1

5

10

 

32

ХЕМ-716

Хоспитации

2

4

0

6

 

33

 

Изборен хемија

 

 

 

4

 

34

 

Изборен хемија

 

 

 

4

 

35

 

Изборен хемија

 

 

 

4

 

36

 

Изборен УКИМ

 

 

 

2

30

 

 

VIII семестар

 

 

 

 

 

37

ХЕМ-806

Методика на хемиското експериментирање II

3

1

5

10

 

38

 

Изборен хемија

 

 

 

4

 

39

 

Изборен хемија

 

 

 

4

 

40

 

Изборен хемија

 

 

 

4

 

 

ХЕМ-ДИП

Дипломска

0

2

6

8

30

 

 

 

 

 

 

 

240

П = предавања; ТВ = теоретски вежби; ЕВ = експериментални вежби (лабораториски вежби); К = кредити.

Предметите напишани со коси букви се специфични за дадениот модул на студии

© 2017. Институт за хемија, ПМФ, УКИМ, Скопје.