Наставен кадар

Почетоци

На самиот почеток наставниот кадар по хемија го сочинувал само еден асис­тент (Димче Тошев), а нас­тава по математика изведувал проф. Митриновиќ, по физика проф. Живковиќ. На кра­јот од учебната 1946/47 г., од страна на проф. Лебедев од Белград­скиот уни­вер­зитет, бил одржан скратен курс по неорганска хемија. Кон крајот на истата учебна година проф. Димитров од Софискиот универзитет одр­жал кон­цен­триран курс по минералогија. 

Во учебната 1947/48 г. Димче Тошев бил избран за предавач по неорганска хемија, а д-р Јо­сиф Јанчулев за предавач по органска хемија. Во наредната учебна година се из­ведувала настава и по физика (предавањата ги држел проф. д-р Марин Каталиниќ).

Следната (1948/49) година за предавач по аналитичка хемија бил избран д-р Крсто Став­риќ, а истата година, за изведу­вање настава по хемиска технологија ангажиран е инж. Васи­лев. Наредната го­дина почнала настава и по биохемија (предавањата ги држел проф. д-р Бо­жи­дар Белија). По смртта на инж. Василев наставата по хемиска техно­логија ја презел инж. Јо­ван Златановиќ. Во 1951 г. за наставник по физичка хемија дошол проф. д-р Гилберт Флу­ми­ани. Во текот на 1951 г. за асис­тенти биле избрани Јованка Матвеева и Иван Петров, а во 1952 г. и инж. Невенка Антонова. Во учебната 1954/55 г. биле из­бра­ни тројца нови асис­тенти (Ми­рослава Јанчевска, Милка Јанева и Даринка Коцева), а во 1957 г. уште тројца други (Александар Николовски, Бојан Подолешов и Благоја Топу­зов­ски).


Дел од наставно-научниот кадар во 1958 година



Денес

Денес, Инстититот за хемија е сочинет од 30 член наставно-научен персонал, како и 9 член технички персонал. 

Од наставниот кадар има вкупно:

  • 14 редовни професори, 
  • 5 вонредни професори, 
  • 6 доценти, 
  • 4 надворешни соработници

Техничкиот персонал го сочинуваат:

  • 6 лабораториски техничари, 
  • 1 стручен соработник, 
  • 1 библиотекар и 
  • 1 стаклодувач


© 2017. Институт за хемија, ПМФ, УКИМ, Скопје.