Втор циклус (мастер студии)

хемија (акредитација 2023)

Последипломски студии по хемија на Институтот за хемија при Природно-математичкиот факултет (магистер по хемиски науки).
II циклус, 1 година, 2 семестри, 60 ЕКТС кредити
Подрачје: природно-математички науки; поле: хемија. 

Студиска програма
Студиската програма од вториот циклус на хемија – е од подрачјето на природните науки –  хемија.

Наставата на вториот циклус на студии по хемија – трае една година (два семестара).
Вкупниот број кредити што треба кандидатот да ги освои  изнесува 60.
Сите предмети се едносеместрални.
Наставата се одвива на македонски јазик.

За запишување на втор циклус студии по хемија, кандидатот мора да поседува писмена согласност од менторот.

Изборните предмети дадени се во посебни листи. Кандидатот заедно со менторот избира 3 предмети од листата на изборни предмети, со вкупно 18 ЕКТС кредити (30 % од вкупниот број на ЕКТС кредити). Изборот се смета за конечен откако ќе го потврди Стручниот колегиум на втор циклус студии на Инстиутот за хемија. Студентот може да избере најмногу 3 предмети за кои наставата ќе се реализира кај менторот.

Студиите од вториот циклус се организирани преку пре­да­­вањаконсултации (групни и индиви­дуал­ни), вежби (лабораториски и пресметковни), семинарски рабо­ти, проектни задачи, домашни работи и самостојна изработка на магистерски труд.

Кандидатот може да пријави изра­ботка на магистерската работа, доколку ги има положено испитите по сите задолжителни и избрани предмети, како и позитивно оценета семинарска работа презентирана на мастер семинарот. Неопходен услов за дозвола за одбрана на магистерската работа е најмалку еден презентиран или објавен труд во врска со предметот на истражување на магистерската работа, каде кандидатот е прв автор или автор за кореспонденција.

Темата за магистерската работа ја одобрува Наставно-научниот совет на Природно-математичкиот факултет, на предлог на Стручниот совет на Институтот за хемија. По доставувањето на изработената магистерска работа и добиената позитивна оценка од Рецензентската комисија прифатена од Наставно-научниот совет согласно законските прописи, кандидатот може да пристапи кон нејзина одбрана.

Испитните рокови се организираат согласно Законот за Високо образование и Статутот и правилниците на Универзитетот.

По завршување на едногодишните студии на втор циклус студиска програма Хемија, со остварени 60 ЕКТС се добива стручен назив магистер по хемиски науки. Во зависност од избраните предмети и нивната обоеност, во додатокот на диплома е наведена потесната област во која студентот се профилирал и тоа:

  • Применета хемија – студентите се оспособени за работа во различни индустриски, контолни и развојни лаборатории. Применувајќи го научниот метод, оспособени се за решавање на комплексни проблеми од областа на неорганската, органската, физичка и аналитичка хемија, да учествуваат во поставување на експериментите, да ги анализираат и интерпретираат добиените резултати, да применуваат современи аналитички методи и да воведуваат модерни органски синтези во препаративните лаборатории.
  • Аналитичка биохемија – студентите се оспособени за развој на современи аналитички, инструментални и биохемиски методи, нивна практична примена при анализта на реални примероци во биоаналитиката, форензиката, нанотехнологијата, како и обработка и моделирање на добиените аналитички резултати и податоци.
  • Наставна хемија – студентите се оспособени за примена и развој на современи техники на учење и поучување, за развој на соодветни методи за следење и проверка на знаењето по хемија. како и за воведување и развој на современи експериментални дидактички методи во наставата по хемија.

Преземете го елаборатот за студиската програма.
Преземете го решението за акредитација.
Преземете го решението за почеток со работа.

СТУДИСКА ПРОГРАМА ЗА ХЕМИЈА НА  ВТОРИОТ ЦИКЛУС

(ЗВАЊЕМАГИСТЕР ПО ХЕМИСКИ НАУКИ)

Распоред на предметите по семестри

Реден   број

Код на предметот

Назив на наставниот предмет

Семестар

Неделен фонд на часови

ЕКТС

П

В

ПРВА ГОДИНА

1.

ХЕМ-901-23

Методологија на научноистражувачка работа (задолжителен предмет 1)

I

3

2

6

2.

 

Задолжителен предмет 2 за стекнување општи и генерички знаења во хемијата *

I

3

2

6

3.

 

Задолжителен предмет 3 за стекнување на специфични и напредни знаења во хемијата **

I

3

2

6

4.

 

Изборен предмет 1

I

3

2

6

5.

 

Изборен предмет 2

I

3

2

6

6.

 

Изборен предмет 3

II

3

2

6

7.

ХЕМ-904-23

Мастер семинар (задолжителна активност 4)

II

0

4

4

 

 

Магистерска работа (задолжителен предмет 5)

II

0

20

20

Вкупно часови (предавања/вежби) и број на ЕКТС-кредити во прва студиската година

18

40

60

*Задолжителен предмет 2: Студентот избира еден од понудените предмети за стекнување општи и генерички знаења во хемијата

Реден број

Код

Назив на предметот

Семестар

Неделен фонд на часови

ЕКТС

П

В

1.

ХЕМ-902-23

Обработка на податоци во хемијата

I

3

2

6

2.

ХЕМ-903-23

Систем за квалитет во хемиска лабораторија за тестирање

I

3

2

6

**Задолжителен предмет 3: Студентот избира еден од понудените предмети за стекнување на специфични и напредни знаења во хемијата во врска со магистерската работа.

Реден број

Код

Назив на предметот

Семестар

Неделен фонд на часови

ЕКТС

П

В

1.

ХЕМ-911-23

Современи електроаналитички методи

I

3

2

6

2.

ХЕМ-912-23

Хроматографски методи

I

3

2

6

3.

ХЕМ-913-23

Современи синтези во органската хемија

I

3

2

6

4.

ХЕМ-914-23

Методи на молекулската спектроскопија – теорија и примена

I

3

2

6

5.

ХЕМ-915-23

Современи хемиски методи во експерименталната биохемија

I

3

2

6

6.

ХЕМ-916-23

Методи и техники за објективна проверка на знаењето во хемија

I

3

2

6

7.

ХЕМ-918-23

Современи теориски методи во хемијата

I

3

2

6

8.

ХЕМ-921-23

Перовскити

I

3

2

6

9.

ХЕМ-922-23

Спектроскопски и радиохемиски аналитички методи

I

3

2

6

10.

ХЕМ-923-23

Изолација и идентификација на метаболити од растително и животинско потекло

I

3

2

6

11.

ХЕМ-924-23

Дифракциони методи за испитување на кристали

I

3

2

6

12.

ХЕМ-928-23

Електрохромизам и електрохромни материјали

I

3

2

6

13.

ХЕМ-931-23

Микроскопија со скенирачка сонда

I

3

2

6

14.

ХЕМ-934-23

Рефлексиона спектроскопија

I

3

2

6

15.

ХЕМ-938-23

Хемија на површини и разделни површини

I

3

2

6

16.

ХЕМ-941-23

Примена на ултравиолетова и видлива спектроскопија

I

3

2

6

17.

ХЕМ-944-23

Квантна хемија

I

3

2

6

Изборни наставни предмети на студиската програма

Реден број

Код

Назив на предметот

Семестар

Неделен фонд на часови

ЕКТС

П

В

1.

ХЕМ-951-23

Бионеорганска хемија

I,II

3

2

6

2.

ХЕМ-952-23

Фитохемиски анализи

I,II

3

2

6

3.

ХЕМ-953-23

Молекуларно моделирање во органската  хемија и биохемијата

I,II

3

2

6

4.

ХЕМ-954-23

Хемиски примени на груповата теорија

I,II

3

2

6

5.

ХЕМ-955-23

Пречистување и изолација на протеини за протеомика

I,II

3

2

6

6.

ХЕМ-956-23

Конструктивистичко учење во хемијата

I,II

3

2

6

7.

ХЕМ-957-23

Анализа на органски загадувачи

I,II

3

2

6

8.

ХЕМ-958-23

Структура-активност релации на биоактивни молекули

I,II

3

2

6

9.

ХЕМ-961-23

Паметни материјали

I,II

3

2

6

10.

ХЕМ-962-23

Аналитички мерења и неодреденост

I,II

3

2

6

11.

ХЕМ-963-23

Хетероциклична хемија со хемија на природни производи

I,II

3

2

6

12.

ХЕМ-966-23

Техники и технологии на учење

I,II

3

2

6

13.

ХЕМ-967-23

Анализа на траги

I,II

3

2

6

14.

ХЕМ-968-23

Протеин-лиганд интеракции

I,II

3

2

6

15.

ХЕМ-969-23

Наука за површините

I,II

3

2

6

16.

ХЕМ-971-23

Координациона хемија

I,II

3

2

6

17.

ХЕМ-972-23

Анализа на дроги

I,II

3

2

6

18.

ХЕМ-973-23

Органска стереохемија

I,II

3

2

6

19.

ХЕМ-976-23

Експериментирање вo наставата по хемија

I,II

3

2

6

20.

ХЕМ-978-23

Теоретска и применета органометална хемија

I,II

3

2

6

21.

ХЕМ-979-23

Експерименти од наука за материјалите

I,II

3

2

6

22.

ХЕМ-981-23

Биоелектрохемија

I,II

3

2

6

23.

ХЕМ-982-23

Хемометрија

I,II

3

2

6

24.

ХЕМ-983-23

Анализа на петрохемиски производи

I,II

3

2

6

25.

ХЕМ-988-23

Хемија на опасни материи

I,II

3

2

6

26.

ХЕМ-991-23

Деривативна UV/Vis спектрофотометрија

I,II

3

2

6

27.

ХЕМ-993-23

Дизајн и синтеза на биолошки активни аналози на природни производи

I,II

3

2

6

28.

ФИЗ-951-23

Физика на цврста состојба

I,II

3

2

6

29.

КБХ-955-23

Современи клиничко-биохемиски лабораториски методи

I,II

3

2

6

 

 

 

 


© 2025. Институт за хемија, ПМФ, УКИМ, Скопје.