Периоден систем на елементите

Периоден систем на елементите 1 и 2 (на македонски јазик)



Периоден систем, македонски


Периоден систем, албански


Периоден систем, турски

Во издание на Институтот за хемија при Природно-математичкиот факултет во Скопје излезе ажуриран периоден систем на елементите во постер и А4 формат на 300 g хартија/картон. Периодниот систем ги содржи следниве податоци: симболите на елементите вклучувајќи ги и новите елементи и нивните имиња, релативните атомски маси според IUPAC[1] од 2011, електронските конфигурации според NIST[2] од 2013 година, температурите на вриење, температурите на топење, вообичаените оксидациски броеви, густините и електронегативностите на елементите.

Периодниот систем е достапен во две димензии: постер (100 cm х 80 cm) и А4 (21 cm x 29,7 cm). За повеќе детали за изработка и набавка на периоден систем испратете електронска порака на sctmacedonia@gmail.com.



[1] International Union of Pure and Applied Chemistry
[2] National Institute of Standards and Technology


© 2024. Институт за хемија, ПМФ, УКИМ, Скопје.