Втор циклус (мастер студии)

применета хемија (акредитација 2017)

Последипломски студии по применета хемија на Институтот за хемија при Природно-математичкиот факултет (магистер по хемиски науки – применета хемија)

2 циклус, 1 година, 2 семестри, 60 ЕКТС кредити

Подрачје: природно-математички науки; поле: хемија; област: применета хемија

 

Студиската програма за применета хемија на вториот циклус студии по хемија се состои од 1 година (2 семестри) со што студентите добиваат 60 кредити. Професионалната титула по завршување на вториот циклус на студии и одбрана на магистерската работа е магистер по хемиски науки – применета хемија. Овие последипломски студии и програмата се организирани за стекнување на VII-2 степен на образование и целосно исполнување на дескрипторите за квалификации. Студиската програма дава можност за натамошна континуирана едукација на повисоко ниво т.е. докторски студии по хемија. 

Преземете го елаборатот за студиската програма.
Преземете го решението за акредитација.
Преземете го решението за почеток со работа.

 

Тип на дескриптори

Циклус на студии

Дескриптори на квалификациите

Знаење и разбирање

2 циклус

1. Демонстрира знаење на хемиските принципи, хемиската терминологија, како и други знаења неопходни во секојдневвната пракса во хемиските лаборатории, погони, како и истражувачките центри.

2. Покажува способност за развој на нови, модерни методи за хемиска анализа на различни супстанци.

3. Покажува способност за развој на нови методи за синтеза на различни супстанци.

4. Покажува способност за развој на акредитирани хемиски лабораториски методи.

Примена на знаењето и разбирањето

 

1. Ги применува и прилагодува  модерните методи за хемиска анализа на различни супстанци.

2. Ги применува развиените нови методи за  синтеза на различни супстанци.

3. Ги применува знаењата за развој на акредитирани хемиски лабораториски методи во конкретни ситуации, за конкретни потреби.

Способност за проценка

 

1. Демонстрира способност за изведување на заклучоци (или мислења) преку процес на набљудување и следење на процесите во хемиската лабораторија и индустрија, како и преку различни физичко-хемиски мерења.

2. Ја проценува целисходноста и применливоста на модерните методи за хемиска анализа на различни супстанци според конкретните потреби.

3. Демонстрира способност за проценка на целисходноста и полезноста на различните методи за синтеза на одредени супстанци според конкретните потреби.

Комуникациски вештини

 

1. Покажува способност за ефективна комуникација со претпоставените и колегите на работното место. Работи ефикасно како член на работниот колектив, се карактеризира со доверливост, ненаметливо однесување и критичко размислување.

2. Ги разбира и почитува културните разлики, покажува способност за адаптација кон лица со различно потекло и различни способности и начини (стилови) на комуникација, како и почит кон другите воопшто.

3. Иницира комуникација со колегите на работното место, бизнис-партнерите, ефективно управува со времето, покажува разбирање за однесувањето на другите и има вештини за слушање.

Вештини на учење

 

1. Демонстрира совладани вештини за учење – концентрација, читање, слушање, меморирање, следење на литература од примарни, секундарни, како и терциерни извори на информации. Ефективно го планира и користи времето.

2. Демонстрира способност за критичко оценување на идеите, генерира свои идеи и ги проценува, ефикасно ги користи размислувањата за решавање како на секојдневните проблеми со кои се среќава на работното место, така и на проблемите кои произлегуваат во научно-истражувачката работа.

 

 III. Студиска програма

Студиската програма од вториот циклус на применета хемија е од подрачјето на природните науки –  хемија.

Наставата на вториот циклус на студии по применета хемија трае една година (два семестра).

Вид на студиска програма: академска

Вкупниот број кредити што треба кандидатот да ги освои  изнесува 60, од кои 20 отпаѓаат на магистерската работа. Сите други предмети носат по 10 кредити.

Сите предмети се едносеместрални.

Наставата се одвива на македонски јазик.

Изборните предмети дадени се во посебни листи. Избирањето на предметите го врши кандидатот во соработка со рако­водителот на постдипломските студии, а изборот се смета за конечен от­како ќе го потврди Стручниот совет на факултетот.

Студиите од вториот циклус се организирани преку пре­да­­вања, консултации (групни и индиви­дуал­ни), вежби (лабораториски и пресметковни), семинарски рабо­ти, проектни задачи, домашни работи и самостојна изработка на магистерски труд.

Кандидатот може да пријави изра­ботка на магистерската работа, доколку ги има положено испитите по сите задолжителни и избрани предмети. Темата за магистерскиот труд ја одобрува Наставно-науч­ниот совет на Природно-математичкиот факултет, на пред­лог на Стручниот совет на Институтот за хемија. По положу­ва­њето на испитите по сите ислушани предмети и изработувањето на магистерска работа, кандидатот може да пристапи кон неј­зина одбрана, доколку Наставно-научниот совет позитивно ја оцени, согласно законските прописи.

Испитните рокови се организираат согласно Законот за Високо образование и Статутот и правилниците на Универзитетот.

 

 

СТУДИСКА ПРОГРАМА ЗА ПРИМЕНЕТА ХЕМИЈА НА ВТОРИОТ ЦИКЛУС

(ЗВАЊЕ: МАГИСТЕР ПО ХЕМИСКИ НАУКИ – ПРИМЕНЕТА ХЕМИЈА)

 

Задолжителни предмети

 

1. семестар

 

Предмет

Преда-вања

Аудито-риски

Лабора-ториски

кредити

ХВЦ-З-01

Методологија на научно истражувачка работа

4

2

2

10

ХВЦ-З-05

Обработка на податоци во хемијата

4

2

2

10

 

Изборен предмет

 

 

 

10

 

Вкупно

 

 

 

30

 

2. семестар

 

Предмет

П

А

Л

кредити

 

Изборен предмет

 

 

 

10

ХВЦ-З-04

Магистерска работа

 

 

 

20

 

Вкупно

 

 

 

30

                                                                                               

Вкупно предмети:                              4                                 

Задолжителни:                                   2          50 %               

Изборни:                                             2          50  %

(Еден од изборните предмети студентот го избира од широката листа на УКИМ)                    

Вкупно кредити:                                                        60

Кредити за задолжителните предмети                   20

Кредити за изборните предмети                            20

Кредити за магистерска работа                               20       

 

Изборни предмети

ХВЦ-И-07      Молекуларно моделирање во органската  хемија и биохемијата

ХВЦ-И-08      Современи биомедицински методи во експерименталната биохемија
ХВЦ-И-09      Современи клиничко-биохемиски лабораториски методи
ХВЦ-И-10      Електрохемиски методи во биохемиската анализа           
ХВЦ-И-11      Неорганска биохемија                                                          

ХВЦ-И-12      Бионеорганска хемија 
ХВЦ-И-13      Методи на молекулската спектроскопија-теорија и примена 
ХВЦ-И-14      Дифракциони методи за испитување на кристали 
ХВЦ-И-15      Современи електроаналитички методи 
ХВЦ-И-16      Современи синтези во органската хемија 
ХВЦ-И-17      Одбрани поглавја од експериментална органска хемија 
ХВЦ-И-18      Хроматографски методи 
ХВЦ-И-19      Анализа на траги 
ХВЦ-И-20      Спектроскопски и радиохемиски аналитички методи 
ХВЦ-И-21      Паметни материјали 
ХВЦ-И-22      Хемија на животната средина
ХВЦ-И-23      Компјутери во хемијата
ХВЦ-И-24      Хемиски примени на груповата теорија
ХВЦ-И-25      Одбрани поглавја од теоретска органска хемија
ХВЦ-И-26      Хетероциклична хемија со хемија на природни производи    
ХВЦ-И-27      Органска стереохемија
ХВЦ-И-28      Современи тенкослојни материјали
ХВЦ-И-29      Координациона хемија                                            
ХВЦ-И-30      Современи теориски методи во хемијата                          
ХВЦ-И-31      Физика на цврста состојба                          
ХВЦ-И-32      Квантна механика I
ХВЦ-И-33      Квантна механика II
ХВЦ-И-34      Биоелектрохемија                             
ХВЦ-И-35      Примена на ултравиолетова и видлива спектроскопија
ХВЦ-И-36      Рефлексиона спектроскопија
ХВЦ-И-37      Анализа на дроги
ХВЦ-И-38      Форензичка хемија                           
ХВЦ-И-39      Форензички физичко-хемиски анализи на траги    
ХВЦ-И-40      Суперрешетки и суперструктури 
ХВЦ-И-41      Квантна хемија 
ХВЦ-И-42      Хемиски диверзитет и молекулски простори
ХВЦ-И-43      Структура-активност релации на биоактивни молекули
ХВЦ-И-44      Протеин-лиганд интеракции
ХВЦ-И-45      Анализа на петрохемиски производи
ХВЦ-И-46      Дизајн и синтеза на биолошки активни аналози на природни производи
ХВЦ-И-47      Изолација и идентификација на метаболити од растително и животинско потекло
ХВЦ-И-48      Наука за површините
ХВЦ-И-49      Добра лабораториска пракса
ХВЦ-И-50      Електрохромизам и електрохромни материјали
ХВЦ-И-51      Хемометрија
ХВЦ-И-52      Теоретска и применета органометална хемија
ХВЦ-И-53      Перовскити

 

Напомена: Студентите од применетата насока можат, како изборен, да го изберат задолжителниот предмет за модулот аналитичка биохемија: Современи хемиски методи по експериментална биохемија (код: ХВЦ-З-03).

© 2024. Институт за хемија, ПМФ, УКИМ, Скопје.