Компјутерската лабораторија за теориска хемија се состои од HPC кластерот Feynman, составен од 4 Fujitsu-Siemens PRIMERGY RX300 S6 сервери, меѓусебно поврзани преку GB ethernet интерконекција. Серверите се базирани на Intel Xeon технологијата, со 12 физички јадра по сервер (и можност за моментално паралелно егзекутирање на вкупно 24 процеси) и 48 GB RAM меморија по сервер. Локалниот „storage“ на секој од серверите изнесува 1.2 TB, а системот е опремен и со посебен „storage“ систем со вкупен капацитет од 12 TB, поврзан со серверите преку „fibre channel“ интерконекција. Кластерот Feynman работи под оперативниот систем Scientific Linux.
Во оваа лабораторија се истражуваат молекулски системи, но и системи во кондензирана фаза кои се значајни за голем број фундаментални и практични проблеми од физиката, хемијата, биологијата, фармацијата како и биохемијата, науката за материјали и науката за мрежи, но и инженерските дисциплини каде се јавуваат проблеми за чие решавање е неопходна примена на екстензивни нумерички алгоритми.