Последипломски студии по наставна хемија на Институтот за хемија при Природно-математичкиот факултет (магистер по образование по хемија)
2 циклус, 1 година, 2 семестри, 60 ЕКТС кредити
Подрачје: природно-математички науки; поле: хемија; област: наставна хемија
Студиската програма за наставна хемија на вториот циклус студии по хемија се состои од 1 година (2 семестри) со што студентите добиваат 60 кредити. Професионалната титула по завршување на вториот циклус на студии и одбрана на магистерската работа е магистер по образование по хемија. Овие последипломски студии и програмата се организирани за стекнување на VII-2 степен на образование и целосно исполнување на дескрипторите за квалификации. Студиската програма дава можност за натамошна континуирана едукација на повисоко ниво т.е. докторски студии по хемија.
Преземете го елаборатот за студиската програма.
Преземете го решението за акредитација.
Преземете го решението за почеток со работа.
Тип на дескриптори |
Циклус на студии |
Дескриптори на квалификациите |
Знаење и разбирање |
2 циклус |
1. Демонстрира знаење на хемиските принципи, хемиската терминологија, методиката на наставата воопшто, како и методиката на наставата по хемија специфично, како и други знаења неопходни за практицирање на хемиската едукација. 2. Покажува способност за развој на нови, модерни техники на учење и поучување во наставата по хемија. 3. Покажува способност за развој на нови експериментални дидактички методи во наставата по хемија. 4. Покажува способност за развој на соодветни методи за следење и проверка на знаењето по хемија. |
Примена на знаењето и разбирањето |
|
1. Ги применува новите модерни техники на учење и поучување во наставата по хемија. 2. Ги применува развиените методи за следење и проверка на знаењето по хемија. 3. Го планира и менаџира наставниот процес по хемија. |
Способност за проценка |
|
1. Демонстрира способност за изведување на заклучоци (или мислења) преку процес на набљудување и следење на активностите на учениците во текот на наставниот процес по хемија. 2. Ја препознава и проценува способноста на учениците за совладување на поедини методски единици. 3. Демонстрира способност за проценка на целисходноста и полезноста на различните методи за проверка на знаењето по хемија. 4. Ги проценува новите модерни техники на учење и поучување во наставата по хемија. |
Комуникациски вештини |
|
1. Покажува способност за ефективна комуникација со учениците, родителите, како и колегите од работното место. Работи ефикасно како член на работниот колектив, се карактеризира со доверливост, ненаметливо однесување и критичко размислување. 2. Ги разбира и почитува културните разлики, покажува способност за адаптација кон лица со различно потекло и различни способности и начини (стилови) на комуникација, како и почит кон другите воопшто. 3. Иницира комуникација со учениците, ефективно управува со времето на часот, покажува разбирање за однесувањето на другите и има вештини за слушање. |
Вештини на учење |
|
1. Демонстрира совладани вештини за учење – концентрација, читање, слушање, меморирање, следење на литература од примарни, секундарни, како и терциерни извори на информации. Ефективно го планира и користи времето. 2. Демонстрира способност за критичко оценување на идеите, генерира свои идеи и ги проценува, ефикасно ги користи размислувањата за решавање како на секојдневните проблеми во наставата по хемија, како и во проблемите кои произлегуваат во научно-истражувачката работа. |
III. Студиска програма
Студиската програма од вториот циклус на наставна хемија е од подрачјето на природните науки – хемија.
Наставата на вториот циклус на студии по хемија трае една година (два семестри).
Вкупниот број кредити што треба кандидатот да ги освои изнесува 60, од кои 20 отпаѓаат на магистерската работа. Сите други предмети носат по 10 кредити.
Сите предмети се едносеместрални.
Наставата се одвива на македонски јазик.
Изборните предмети дадени се во посебни листи. Избирањето на предметите го врши кандидатот во соработка со раководителот на постдипломските студии, а изборот се смета за конечен откако ќе го потврди Стручниот совет на факултетот.
Студиите од вториот циклус се организирани преку предавања, консултации (групни и индивидуални), вежби (лабораториски и пресметковни), семинарски работи, проектни задачи, домашна работа и самостојна изработка на магистерски труд.
Кандидатот може да пријави изработка на магистерската работа, доколку ги има положено испитите по сите задолжителни и избрани предмети. Темата за магистерскиот труд ја одобрува Наставно-научниот совет на Природно-математичкиот факултет, на предлог на Стручниот совет на Институтот за хемија. По положувањето на испитите по сите ислушани предмети и изработувањето на магистерска работа, кандидатот може да пристапи кон нејзина одбрана, доколку Наставно-научниот совет позитивно ја оцени, согласно законските прописи.
Испитните рокови се организираат согласно Законот за Високо образование и Статутоти правилниците на Универзитетот.
СТУДИСКА ПРОГРАМА ЗА НАСТАВНА ХЕМИЈА ЗА ВТОРИОТ ЦИКЛУС
(ЗВАЊЕ: МАГИСТЕР ПО ОБРАЗОВАНИЕ ПО ХЕМИЈА)
Задолжителни предмети
1. семестар |
|||||
|
Предмет |
Преда-вања |
Аудито-риски |
Лабора-ториски |
кредити |
ХВЦ-З-01 |
Методологија на научноистражувачка работа |
4 |
2 |
2 |
10 |
|
Задолжителен предмет 2 (студентот избира еден од двата понудени предмети во листата подолу) |
|
|
|
10 |
|
Изборен предмет |
|
|
|
10 |
|
Вкупно |
|
|
|
30 |
2. семестар |
|||||
|
Предмет |
П |
А |
Л |
кредити |
|
Изборен предмет |
|
|
|
10 |
ХВЦ-З-04 |
Магистерска работа |
|
|
|
20 |
|
Вкупно |
|
|
|
30 |
Вкупно предмети: 4
Задолжителни: 2 50 %
Изборни: 2 50 %
(Еден од изборните предмети студентот го избира од широката листа на УКИМ)
Вкупно кредити: 60
Кредити за задолжителните предмети 30
Кредити за изборните предмети 10
Кредити за магистерска работа 20
Задолжителен предмет 2
1. ХВЦ-З-02(A) Конструктивистичко учење во хемијата
2. ХВЦ-З-02(Б) Методи и техники за објективна проверка на знаењето во хемија
Изборни предмети
1. ХВЦ-И-01 Извори на знаење во хемијата и проверка на знаењата
2. ХВЦ-И-02 Техники и технологии на учење
3. ХВЦ-И-03 Модели и анимации
4. ХВЦ-И-04 Експериментот во наставата по хемија
5. ХВЦ-И-05 Проектни активности
6. ХВЦ-И-06 Експерименти од наука за материјалите