Со пензионирањето завршуваат само наставните ангажмани на професорите од Институтот за хемија. Тие и понатаму остануваат дел од колективот и дел од науката, посветено работејќи во многу области. Таков е и случајот со нашиот драг колега и професор - Зоран Здравковски. Се надеваме на уште многу години соработка и поддршка. По повод неговото формално пензионирање и ослободување од наставните обврски, денес 21.12.2020 година, свечено го одбележавме овој настан со евоцирање на спомените поврзани со него преку линковско обраќање на членовите од Институтот за хемија, како и со куса дружба со физичко присуство на дел од кадарот.
Му посакуваме среќни пензионерски денови.
Во услови на светската криза од пандемијата на Ковид-19, Институтот за хемија во целост ги спроведе протоколите и препораките од здравтвените власти во државата. Според тоа, Природно-математичкиот факултет и Институтот за хемија, подготвени ги дочекаа бруцошите во академската 2020/2021 година. На првиот академски час, шефот на Институтот за хемија, проф. д-р Слоботка Алексовска, им се обрати на новите студенти и им посака успешна академска година. Во овој семестар, наставата на институтот ќе се одвива комбинирано. Теоретски предавања и вежби ќе се одвиваа „on-line“, додека лабораториските вежби со физичко присуство.
На Институтот за хемија, во организација на Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија - СХТМ беше промовирана поштенска марка по повод Меѓународната година на Периодниот систем. На промоцијата присуствуваа генералниот директор на Македонски пошти, г-дин Ејуп Рустеми, претставници од амбасадата на Руската Федерација, академици од македонската академија на науките и уметностите - МАНУ, како и професори од Институтот за хемија. По кусото предавање и обраќање на претседателот на СХТМ, проф. д-р Зоран Здравковски, обраќање имаше и директорот Рустеми.
Првиот академски час во 2016/2017 година се одржа на 15.09.2015 во физичкиот амфитеатар на ПМФ, а продолжи со доделување на индексите на бруцошите во хемискиот амфитеатар на Институтот за хемија. На бруцошите им се обрати раководителот на Институтот - проф. д-р Марина Стефова, а потоа и нивниот класен раководител проф. д-р Слоботка Алексовска. Студентите беа срдечно примени и од претставници на „Клубот на студенти“ од Институтот.
На 16 декември 1946 година, основан е Придодно-математичкиот оддел на Физлозофскиот факултет во Скопје. Како резултат на тоа, 16 декември е „Ден ан природно-математички факултет“ и се одбележува со низа свечени настани и промоции. Како дел од програмата е и промовирањето на дипломираните и магистрирани студенти во изминатата академска година.
На 29.10.2015 (четврток) на Институтот за хемија, своите 50 години заеднички живот ги прославија професорите (во пензија) д-р Лидија Шоптрајанова и академик Бојан Шоптрајанов. Ни беше чест што беа, и што сè уште се дел од овој институт. Од сè срце им посакуваме уште долги години здравје и среќа.
Како секоја година, првиот академски час во 2015/2016 година се одржа на 15.09.2015 во хемискиот амфитеатар на Институтот за хемија. На бруцошите им се обрати раководителот на Институтот - проф. д-р Марина Стефова, а потоа и нивниот класен раководител доц. д-р Наташа Ристовска. Студентите беа срдечно примени и од претставници на „Клубот на студенти“ од Институтот.
На 16.12.2014 во амфитеатарот на Институтот за хемија беа доделени дипломите на дипломираните студенти во текот на 2014 година.
На 28.10.2014, Институтот го посетија група ученици од основното училиште „Александар Македонски“ од Скопје. Задоволството беше обострано со изненадувања од двете страни.
На 15.09.2014 се одржа првиот академски час за новата генерација бруцоши 2014/2015 во амфитеатарот на Институтот за хемија. Бруцошите беа поздравени од шефот на Институтот за хемија и дел од професорите и вработените.
На 16.12.2013 во амфитеатарот на Институтот за хемија беа доделени дипломите на дипломираните студенти во текот на 2013 година.
На вежбите по квантитативна хемиска анализа, четврти семестар, применета насока.
Вежба: Гравиметриско определување на железо
Првиот час, генерација 2013-2014
Во амфитеатарот на иститутот за хемија
16.09.2013, понеделник