Соопштенија

08 ноември 2016

ОДЛОЖЕНА!!! Студентска планинарска тура, Водно-2016

Како резултат на временските услови, планинарската тура предвидена за 9 ноември СЕ ОДЛОЖУВА!

     
      На 9 ноември 2016 година ќе се одржи 32 Студентска планинарска тура „Водно 2016 година“ под покровителство на ректорот на УКИМ, а по повод 13 Ноември - Денот на oслободувањето на Скопје.
        Стартот е во 10 часот пред Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија, а собирањето е во 9.30 часот  пред овој Институт. Турата е задолжителна за студентите на УКИМ од прва година, а поканети се сите студенти и вработени на УКИМ.

симни документ


04 ноември 2016

ПОКАНА ЗА МАНИФЕСТАЦИЈАТА „НОЕМВРИ - МЕСЕЦ НА НАУКАТА“

       Ве повикуваме да се вклучите во манифестацијата за популаризација на природните науки „Ноември - месец на науката“, во организација на Друштвото на физичарите на Р. Македонија, Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија, Друштво на биолози на Р. Македонија, Македонско астрономско друштво, Македонско географско друштво, Скопско астрономско друштво, Природно - математички факултет и Skopje City Mall.

       Настанот е наменет за сите ученици од основните и средните училишта во Р. Македонија (одделенска настава, предметна настава и ученици од средните училишта, гимназиско и средно стручно образование) и наставниците што предаваат природни науки (одделенска и предметна настава), физика, хемија, биологија и географија (во основно и во средно училиште).

       Настанот ќе се одржува на две места: Природно-математичкиот факултет во Скопје и Skopje City Mall и вклучува активности, како изложба и натпревар во изработки, демонстрации и експерименти наменети и за граѓани, добронамерници, посетители, родители, студенти...

       Целосната програма за настанот е дадена во продолжение.

симни документ


03 ноември 2016

СООПШТЕНИЕ ЗА ОБЈАВЕН КОНКУРС ЗА СТИПЕНДИИ ОД МОН ЗА СТУДЕНТИ НА ХЕМИЈА

Сите детали се достапни на: http://mon.gov.mk/index.php/konkursi/1576-2016-2021 

Рокови: електронско пријавување од 31.10 до 13.11 2016 година, а поднесување документи од 21.11 до 16.12. 2016 година.


01 ноември 2016

СООПШТЕНИЕ ЗА НОЕМВРИСКА (ДОПОЛНИТЕЛНА) СЕСИЈА СО ПОВЕЌЕ ИНФОРМАЦИИ ТУКА:

http://www.pmf.ukim.edu.mk/c/portal/layout?p_l_id=PUB.1001.432


31 октомври 2016

Во ноември 2016 година на Институтот за хемија на Природно-математичкиот факултет ќе се одржи јавна одбрана на следната магистерска работа:

„ОПТИМИЗАЦИЈА И ВАЛИДАЦИЈА НА UV/VIS СПЕКТРОФОТОМЕТРИСКИ МЕТОДИ ЗА ОПРЕДЕЛУВАЊЕ НА ЕНРОФЛОКСАЦИН ВО ВЕТЕРИНАРНИ МЕДИЦИНСКИ ПРЕПАРАТИ“ изработена од кандидатот Елена Цветковска, дипл. инж. по хемија, на 9 ноември во 12 часот.


31 октомври 2016

Задолжителен систематски преглед за студентите од прва година со повеќе информации тука:

http://www.pmf.ukim.edu.mk/c/portal/layout?p_l_id=PUB.1001.432


13 октомври 2016

 

Во октомври 2016 година на Институтот за хемија на Природно-математичкиот факултет ќе се одржат јавни одбрани на следните магистерски работи:

„КОМПАРАТИВНА СТУДИЈА НА РЕАГЕНСИТЕ ЗА НИТРИРАЊЕ НА ФЕНОЛНИ СОЕДИНЕ­НИ­ЈА: БАКАР(II) НИТРАТ ТРИХИДРАТ И АЗОТНА КИСЕЛИНА НАНЕСЕНА НА СИЛИКА“ изработена од кандидатот Аљајдин Имеров, дипл. проф. по хемија, на 13 октомври во 11 часот.

„АНАЛИЗА НА ИСПАРЛИВИ РЕЗИДУИ ВО ПРИМЕРОЦИ ОД ПОЛИСТИРЕН СО СТАТИЧНА ХЕДСПЕЈС ГАСНА ХРОМАТОГРАФИЈА“ изработена од Селим Елмази, дипл. инж. по хемија, на 14 октомври во 10 часот.

„КАРАКТЕРИЗАЦИЈА НА ЧОВЕЧКИ АРХЕОЛОШКИ ОСТАНКИ ОД ЛОКАЛИТЕТОТ ИСАР-МАРВИНЦИ СО АТОМСКА ЕМИСИОНА СПЕКТРОМЕТРИЈА СО ИНДУКТИВНО СПРЕГНА­ТА ПЛАЗМА“ изработена од кандидатот Надица Трајковска,  дипл. инж. по биологија, на 14 октомври во 11 часот.

„АТМОСФЕРСКА ДЕПОЗИЦИЈА И ДИСТРИБУЦИЈА НА РАЗЛИЧНИ ХЕМИСКИ ЕЛЕМЕНТИ ВО ПОЧВИТЕ ВО СКОПСКИОТ РЕГИОН, РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА“ изработена од кандидатот Ружица Блажевска, дипл. проф. по хемија, на 17 октомври во 12 часот.


20 септември 2016

Соопштение

Предавањата по предметот Биохемија I (А и Б ниво) кај доц. д-р Наташа Ристовска ќе започнат на 21.09.2016 година (среда), со почеток во 13 часот во предавална 125 на Институтот за хемија.


20 септември 2016

Соопштение за прв час по предметот Секундарни метаболити: изолација и својства

Предавањата по предметот Секундарни метаболити: изолација и својства кај доц. д-р Наташа Ристовска ќе започнат на 21.09.2016 година (среда), со почеток во 11 часот во предавална 101 на Институтот за хемија.


16 септември 2016

Соопштение за термините на предавања и вежби по предметот „Управување со квалитет во хемиска лабораторија“ 

Првиот час по предметот „Управување со квалитет во хемиска лабораторија", ќе се одржи на 19.09.2015 година (понеделник) во 12.00 часот, во предавална 101. Наставата ќе се одвива по следниот распоред:

предавања: понеделник 12-14h пред. 101

вежби: понеделник 14-16h (медиотека)

Доколку има потреба за формирање на 2 групи, дополнително ќе се определи уште еден термин.

 

Предметен наставник

вонр. проф. д-р Горан Стојковиќ


© 2026. Институт за хемија, ПМФ, УКИМ, Скопје.