Соопштенија

30 април 2016

Информација за вклучување во COST акција: EUROCAROTEN

На 18 април 2016 год. во Брисел се одржа почетниот состанок на новата COST акција European network to advance carotenoid research and applications in agro-food and health во која се вклучени истражувачите од 28 земји меѓу кои и претставници од Институтот за хемија. Повеќе информации се достапни во прикачениот документ.

симни документ


23 април 2016

 

СООПШТЕНИЕ ЗА ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА „INTERNSHIP PROGRAMME 2016 НА JOHNSON MATTHEY CATALYSTS“ на 26.04.2016 во 12 h. 

 

Во вторник, 26.04.2016 година во 12 часот на Институтот за хемија ќе се одржи презентација на студентски пракси: INTERNSHIP PROGRAMME 2016 на компанијата JOHNSON MATTHEY CATALYSTS наменета за студенти од III и IV година од додипломски студии, како и студенти од постдипломски студии на студиските програми на Институтот за хемија, ПМФ и други факултети. 
 

 

За дополнителни информации повелете на презентацијата за да прашате директно за сè што ве интересира, а во прилог е огласот од компанијата.

 

симни документ


15 април 2016

ХЕМИСКИ СПЕКТАКЛ

Групата  „Среќни хемичари (THCg)“ и групата „Не(толку) среќни хемичари“, ве информираат дека на ден 21.04.2016 (четврток) со почеток во 18:30 h на Институтот за хемија, во амфитеатарот ќе се одржи 11-тиот по ред ХЕМИСКИ СПЕКТАКЛ. Ќе ни биде задоволство доколку и вие бидете дел од хемиската забава.


12 април 2016

 

На 14 април 2016 година во 13 часот на Институтот за хемија на Природно-математичкиот факултет ќе се одржи јавна одбрана на следната магистерска работа:

 „СИНТЕЗА НА ПОТЕНЦИЈАЛНО БИОЛОШКИ АКТИВНИ ДЕРИВАТИ НА ИНДОЛИН-2,3-ДИОН ПОТПОМОГНАТА СО МИКРОБРАНОВО ЗРАЧЕЊЕ“, изработена од дипл. инж. по хемија Тања Димитрова Филкоска.


12 април 2016

 

На 15 април 2016 година во 12 часот на Институтот за хемија на Природно-математичкиот факултет ќе се одржи јавна одбранa на докторската дисертација:

„ПРОУЧУВАЊЕ НА ХЕМИСКИОТ СОСТАВ НА Foeniculum vulgare ОД МАКЕДОНИЈА СО ПРИМЕНА НА ХРОМА­ТО­ГРАФСКИ МЕТОДИ“ изработена од кандидатот Менче Најдоска-Богданов, магистер на хемиски науки.


06 април 2016

Известување за ПЕНЗИОНИРАНИТЕ професори и вработените

Почитувани професори,

 

оваа година ПМФ во Скопје слави 70 години од неговото постоење. Поради тоа, деканатот на ПМФ реши оваа јубилејна година да ја прослави и со издавање на Алманах (Монографија) во кој меѓу другото ќе бидат претставени и биографиите на вработените (оние што се тековно вработени и се разбира нашите драги професори и колеги кои се во пензија).

 

Би Ве замолил во период од некои две-три недели да ми испратите ваша биографија и се разбира ваша слика. Оваа година деканатот реши да ги унифицира содржините и обемот на биографиите, па затоа Ви испраќам урнек и упатства до кој би Ве замолил и би бил благодарен да се приджувате. Биографијата во основа треба да се ограничи на не повеќе од 500 збора, и напишаното да претставува една целина (потточките-bullets се само водилки кои податоци е пожелно да се присутни).

 

Ви благодарам за соработката

 Со почит,

 Владимир Ивановски

(одговорно лице од Институтот за хемија)

симни документ


25 март 2016

Соопштение за априлска  (дополнителна) испитна сесија за уч. 2015/2016 год.

Се известуваат студентите од Природно-матема­тичкиот факултет во Скопје, дека пријавувањето на испитите ќе се одвива од  01.04.2016 до  08.04.2016 година со поднесување на пријава за испит и индекс на проверка (потпис од предметниот професор) на Шалтерот за студентски прашања.

Априлската  испитна сесија ќе се одвива од 14.04.2016 година до 25.04.2016 г, право на полагање имаат:

1. Студентите кои уредно го имаат запишано летниот семестар во уч. 2015/2016 година (запишано X, XII, XIV и XVI семестар) и на кои им останале за презапишување пет испити и дипломска работа, согласно одлуката на Наставно-научниот совет на Природно-математичкиот факултет-Скопје бр. 07-3434/2 од 25.12.2009 година.

 2. Студентите кои уредно го имаат запишано летен семестар во уч. 2015/2016 г. (запишано  IV, VI  I VIII семестар), може да полаат само еден предмет од задолжителните, за кои  студентите ги реализирале академските обврски (потпис од предметниот наставник и уредно заверен зимски семестар од уч.2015/2016 година), согласно одлуката на  Природно-математичкиот факултет-Скопје бр.07-1977/2 од  18.12.2014 година.  Термините ги објавуваат институтите, при факул­тетот.


15 март 2016

Конкурс за ПРАКТИКАНТСКА работа во ОКТА

ОКТА објавува конкурс за практикантска работа во соработка со

Природно - математички факултет – Скопје

За повеќе информации, погледнете го прикачениот документ

 

ЗАБЕЛЕШКА: Конкурсот трае до 23.03.2016

симни документ


11 март 2016

Во март 2016 година на Институтот за хемија на Природно-математичкиот факултет ќе се одржат јавни одбрани на следните магистерски работи:

 „ПРОСТОРНА РАСПРЕДЕЛБА НА ХЕМИСКИ ЕЛЕМЕНТИ ВО ПРИМЕРОЦИ ОД ПОЧВА И МОВ ВО ВЕЛЕШКИОТ РЕГИОН“, изработена од дипл. инж. по хемија Марија Јефтимова, на 14 март во 12 часот.

„АТМОСФЕРСКА ДЕПОЗИЦИЈА И ДИСТРИБУЦИЈА НА РАЗЛИЧНИ ХЕМИСКИ ЕЛЕМЕНТИ ВО ПОЧВИТЕ ПО СЛИВОТ НА РЕКАТА ЦРН ДРИМ, РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА“, изработена од дипл. инж. по хемија Ивана Мицковска, на 18 март во 12 часот.


03 март 2016

 

На 11 март 2016 година во 13 часот на Институтот за хемија на Природно-математичкиот факултет ќе се одржи јавна одбранa на докторската дисертација:

„ПРИГОТВУВАЊЕ И КАРАКТЕРИЗАЦИЈА НА ЕЛЕКТРОХРОМНИ ТЕНКИ ФИЛМОВИ ОД ОКСИДИ НА ВАНАДИ­УМ“ изработена од кандидатот Аксу Самет, специјалист на хемиски науки.


© 2026. Институт за хемија, ПМФ, УКИМ, Скопје.