Соопштенија

04 декември 2024

Пофалници и награди за најуспешните студенти

Почитувани студенти,

Во рамки на активностите по повод 16-ти Декември патрониот празник на Факултетот, се доделуваат дипломи за дипломираните студенти и пофалници за постигнат успех и најдобри студенти по години (прва, втора и трета).

Критериумите за доделување пофалница се: просек над 8,50 и да бидат положени сите предмети од претходните години заклучно со дополнителната ноемвриска сесија.

Сите студенти кои ги исполнуваат наведените критериуми имаат право да се пријават, најдоцна до 11.12.2024 год.

Заради евалуација и рангирање потребно е да прикачите документ со скенирани страници од вашиот индекс. До пријавата можете да пристапите на следниот ЛИНК.

Од Раководител на Институт за хемија


02 декември 2024

Промоција на терминолошки речник: хемија

Лексикографскиот центар „Георги Старделов“ при МАНУ
и
Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија
имаат чест да Ве поканат на промоцијата на терминолошкиот речник:
ХЕМИЈА
во рамките на макропроектот Македонска научна и стручна терминологија
Промоцијата ќе се одржи во Амфитеатарот на МАНУ, на 4 декември (среда) 2024 година, во 12 ч.
Обраќање на акад. Живко Попов, претседател на МАНУ
Обраќање на акад. Витомир Митевски, раководител на макропроектот Македонска научна и стручна терминологија
Обраќање на проф. д-р Валентин Мирчески, промотор на изданието
Обраќање на акад. Глигор Јовановски, раководител на проектот Хемиска терминологија

 ***

Коктел

 


30 ноември 2024

Отворен ден на УКИМ

Драги матуранти, наши идни студенти!
Ве покануваме на традиционалниот настан „Отворен ден на УКИМ“, којшто ќе се одржи со физичко присуство во просториите на секој од факултетите, во два термина:
11 – 13 часот и 13 – 15 часот.
Ќе бидат презентирани студиските програми на факултетите, активностите на студентите, центрите за кариера и сите останати можности.
Запознајте ги одблиску професорите и студентите, прашајте сè што ве интересира за студиските програми, можностите за стипендирање, слушнете ги искуствата на студентите, нивните активности и вклученост во научноистражувачките проекти, дознајте за можностите за меѓународна размена, за студентскиот живот, за практикантството, и за кариерните можности.
Посетете ги факултетите на УКИМ, запознајте се со нивните просторни капацитети, амфитеатри и лаборатории.
Студирајте на Универзитетот со најдолга традиција во нашата земја!
Учете од најдобрите, студирајте на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје!
Се гледаме на 5 декември!


30 ноември 2024

Предавање на професор Кирил Христовски од Arizona State University (USA)

Почитувани колеги, 

На ден 05.12.2024 година (четврток), со почеток во 11.00 часот, професор Кирил Христовски од Arizona State University, USA, ќе одржи предавање под наслов: 

Are living organisms nothing more than sophisticated Carnot engines? The use of microbial potentiometric sensors to assess the thermodynamics of life. 

Предавањето ќе се одржи во предавална 101 на Институтот за хемија.


20 ноември 2024

Термини за испити по предметот Македонски јазик во ноемвирска испитна сесија

НОЕМВРИСКА (дополнителна) испитна сесија во
учебната 2024/2025 година 

МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК
Проф. д-р Симон Саздов -  Филолошки  факултет 
  s.sazdov@yahoo.com 

22 ноември 2024 г. во 9:15 часот А3 (Голем амфитеатар) на
Филолошкиот факултет


20 ноември 2024

Соопштение за Отворен ден на УКИМ

Почитувани ученици и идни студенти,
Центарот за кариера на УКИМ најавува Отворен ден на УКИМ. На 05 декември 2024 година, факултетите на УКИМ ќе ги отворат своите врати за идните студенти.

Повеќе детали ќе бидат објавени наскоро.


30 октомври 2024

Соопштение за НОЕМВРИСКА (дополнителна) испитна сесија во учебната 2024/2025 година

Соопштение за НОЕМВРИСКА (дополнителна) испитна сесија во учебната 2024/2025 година

Се известуваат студентите на Природно-мате­ма­­­тич­ки­­от факултет во Скопје дека, Ноемвриската (дополнителна) испитна сесија во учебната 2024/2025 г.,  ќе се одвива во периодот од 19.11.2024 г. до 25.11.2024 г.

Право за полагање имаат студентите кои уредно го имаат запишано зимскиот семестар во учебната 2024/2025 г., и уредно им е заверен летниот семестар од учебната 2023/2024 г.

Студентите во ноемвриската испитна сесија ќе може да пријават и полагаат 1 (еден) испит од летниот семестар од учебната 2023/2024 г. за кој треба да имаат електронски потпис за остварени обврски за предметот.

Во периодот од 01.11.2024 г. до 18.11.2024 г. студентите треба задолжително да: 

  1. 1.   Достават пријава за испит (хартија) на шалтерите на Одделението за студентски прашања и  уплата во износ од 1.000 денари (за полагање предмет во дополнителен термин за студентите на прв циклус, согласно Одлука од Деканатската управа на Факултетот, бр.02-2105/3 од 16.09.2024 година) 
  1. 2.   Електронски да го пријават испитот преку своите профили во iknow системот, 
  1. 3.   Уплатата треба да ја реализираат преку своите профили во iknow системот на следниов начин: 

– преку Модулот документи селектираат  Барање дополнителна сесија (од 2024) со што ќе им се овозможи  да ја извршат уплатата во износ од 1000,00 денари,

- ја печатат реализарана уплата и ја доставуваат заедно со пријавата за испит (хартија) во одделението за студентски прашања. 

Термините за практичен и теоретски дел од испитот во престојната ноемвриска (дополнителна) испитна сесија и просториите во кои ќе се одвиваат испитите ќе бидат објавени на веб страните на институтите на Факултетот.

22.10.2024 година                                                              од Деканатот,


30 октомври 2024

Термини за испити во ноемвриска испитна сесија на Институтот за хемија

Термините за испити во ноемвриската испитна сесија (2024/2025) на Институтот за хемија се следните:

  • 19.01.2024 - писмени испити по сите предмети (Амфитеатар на ИХ, почеток во 13 часот)
  • 25.11.2024 - усни испити (Амфитеатар на ИХ, почеток во 13 часот)

28 октомври 2024

Известување за студентите на втор циклус студии по Хемија

Во вториот семестар од студиите на втор циклус се организира мастер семинар на кој студентите треба да ги изнесат резултатите од истражувањето. Времетраењето на презентацијата е 10 минути, со дополнителни 5 минути за дискусија.

Презентациите во рамки на мастер семинарот се реализираат за време на три сесии, а студентите кои нема да ги завршат своите обврски во предвидениот рок, го презапишуваат предметот.

Датумите за учебната 2024/25 година се следниве:
- Јануарска испитна сесија: 23.01.2025 г. (четврток)
- Јунска испитна сесија: 19.06.2025 г. (четврток)
- Августовско-септемвриска испитна сесија: 18.09.2025 г. (четврток)

Студентите, по претходна консултација со менторот, задолжително да се пријават кај раководителот на студиската програма во рокот наведен во годишниот календар на активности и да достават информација за наслов на семинарскиот труд и членови на комисијата.

Роковите за пријавување се:
- Пријавување за јануарска испитна сесија: 23.12.2024-14.01.2025
- Пријавување за јунска испитна сесија: 12.05.2025-01.06.2025
- Пријавување за августовско-септемвриска испитна сесија: 08.07.2025-19.08.2025

Студентите доставуваат семинарски труд според дадено упатство за изгледот и содржината на семинарскиот труд. Упатството е објавено на веб страната на Институтот за хемија на следниов линк https://ih.pmf.ukim.edu.mk/subjects/view/410

Роковите за доставување на семинарскиот труд се:
- Јануарска испитна сесија: 16.01.2025 г. (четврток)
- Јунска испитна сесија: 12.06.2025 г. (четврток)
- Августовско-септемвриска испитна сесија: 11.09.2025 г. (четврток)


18 октомври 2024

Повторен оглас за избор на демонстратори во учебната 2024/25 година

Огласот трае 5 дена од денот на објавувањето, односно до 23.10.2024 година (среда).

ЛИНК ДО ДОКУМЕНТИТЕ


| 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 |
© 2026. Институт за хемија, ПМФ, УКИМ, Скопје.