Методи на молекулската спектроскопија - Теорија и примена

Вибрациона инфрацрвена и раманска спектроскопија. Вибрациони и ротационо-вибрациони спектри. Правила за избор. Интензитети на лентите. Нехармоничност на виб­ра­циите. Пресметување на констаните на нехар­мо­нич­ност. Ферми резонанција. Изотопски ефекти. Активност на овертонови и комбинации. Расејување на светлина. Раманско расе­ју­ва­ње. Правила за избор. Интензитети. Поларизација на раманските линии. Спектри на гасови, течности, кристали и полимери. Примена. Инверзен рамански ефект, хиперраманско расе­ју­ва­ње. Некохерентно нееластично расејување на неутрони. Правила за избор. Интензитети. Примена. Нуклеарно-магнетна резонантна спектроскопија. Магнетни својства на јадрото, спин-решеточна интеракција, НМР спектар. НМР спектар на цврсти супстанци, дипол-дипол интеракции, нуклеарна електрична квадруполна интеракција, ефект на молекулско движење. Хемиско поместување. Спектар структурни корелации. Експериментални методи и примена. Електрон-спин резонантна спектроскопија. Магнетни својства на електронот. Резонантни услови за електрон и електрон во водород. Врска помеѓу апсорпционите линии и првиот извод. Хиперфино разложување, константа на хиперфино разложување. ЕСР спектри на преодни метали. Примена. Ултравиолетова спектроскопија. Потекло на лентите во УВ. Правила за избор. Интензитети. Хромофори, ефект на конјугација и конформација. Ефект на растворувачот. Примена на УВ спектри кај алифатични и кај ароматични соединенија. Спектри во видливата област - обоени супстанци. Примена. Масена спектрометрија. Масен спектар и масен спектрометар. Взаимодејство на молекули со јонизирани молекули. Изотопи и изотопски пикови. Определување на релативна молекулска маса. Типови на фрагментација. Примена. Комбинирано користење на спектроскопски податоци.

 

Литература:

1.      G. Herzberg, Infrared and Raman Spectra of Diatomic Molecules, Dover Publ., New York, 1988.

2.      D. L. Pavia, G. M. Lapman, G. H. Kriz, Introduction to Spectroscopy, J. Willey and Sons, New York, 1982.

3.      C. N. Banwell, Fundamentals of Molecular Spectroscopy, McGraw Hill Publ., Co. Ltd, London, 1966.

4.      Б. Шоптрајанов, Спектроскопски методи за определување на молекулски структури (предавања).

    Предметот е вклучен во следните насоки:


    Следни испити од овој предмет:

    Материјали

  • nALOV
© 2024. Институт за хемија, ПМФ, УКИМ, Скопје.