Безбедност и протокол во лабораторија

1.

Наслов на наставниот предмет

БЕЗБЕДНОСТ И ПРОТОКОЛ ВО ЛАБОРАТОРИЈА

2.

Код

HM-110

3.

Студиска програма

Сите студиски програми на хемија

4.

Организатор на студиската програма (единица, односно институт, катедра, оддел)

Институт за Хемија-ПМФ

5.

Степен (прв, втор, трет циклус)

Прв

6.

Академска година / семестар

I/I

7.

Број на ЕКТС кредити

4

8.

Наставник

Проф. д-р Миха Буклески

Проф. д-р Јане Богданов

9.

Предуслови за запишување на предметот

Нема

10.

Цели на предметната програма (компетенции):

Целта на овој предмет е студентот да се запознае и да ги почитува основните правила на безбедност во хемиска лабораторија. Материјалот ги покрива мерките на безбедност, начинот на однесување во хемиска лабораторија, правилниот начин на работење/ракување со разни видови на хемикалии и нивен соодветен третман по завршување на експериментот.  По завршувањето на курсот студентот ќе биде обучен одговорно да пристапува кон работата во хемиска лабораторија и  ќе знае превентивно да делува за да се заштити себеси и другите од ризични ситуациии.

11.

Содржина на предметната програма:

Општи правила на однесување во хемиската лабораторија. Лабораториски бонтон.

Персонална заштита (заштитни наочари, лабораториски мантил, соодветни алишта и обувки,  користење на ракавици, користење на дигестор). Лабораториски протокол (посетители, одржување и чистота на лабораторијата, миење на стакларија, вдишување на штетни хемикалии, дестилации, екстракции, третман на генериран хемиски отпад -општи правила,  оставање на хемиски реакции и апаратури без надзор). Водич за опасности во лабораторија-класификација на опасни хемикалии

работа со запаливи супстанци, работа со корозивни супстанци, работа со опасни супстанци, работа со потенцијално експлозивни супстанци. Својства на хемикалиите –ознаки и безбедносни листи (анг. SDS safety data sheets) читање, толкување и учење на хемија  од  безбедносните листи.  Конкретни примери за опасни и токсични сустанци (јаки бази и киселини, жива, цијаниди, органски пероксиди и соединенија кои формираат пероксиди). Хемиска (не)компатибилност.

Правилна работа со селектирани лабораториски апаратури и хемикалии. Безбедносна опрема и процедури при вонредни настани (анг. Emergency procedures). Пожари  (превенција на пожари, соодветна реакција и гаснење на пожар). Пријавување и третман на истурени хемикалии.

12.

Методи на учење: предавања, вежби, проектни задачи

13.

Вкупен расположив фонд на време

90

14.

Распределба на расположивото време

2+1+0 часови неделно (предавања 30 часови, аудиториски вежби 15 часови)

15.

Форми на наставните активности

15.1.

Предавања- теоретска настава

 30 часови

15.2.

Вежби, семинари, тимска работа

15 часови

16.

Други форми на активности

16.1.

Проектни задачи

15 часови

16.2.

Самостојни задачи

15 часови

16.3.

Домашно учење

 15 часови

17.

Начин на оценување

17.1.

Тестови (1 колоквиум  + завршен кумулативен испит)

70 бодови

17.2.

Проект (практична презентација за безбедност во лабораторија)

10 бодови

17.3.

Активност, учество, резултати од вежби

 20 бодови

18.

Kритериуми за оценување (бодови/ оценка)

до 50 бода

5 (пет) (F)

од 51 до 60 бода

6 (шест) (E)

од 61 до 70 бода

7 (седум) (D)

од 71 до 80 бода

8 (осум) (C)

од 81 до 90 бода

9 (девет) (B)

од 91 до 100 бода

10 (десет) (A)

19.

Услов за потпис и полагање на завршен испит

Присуство на предавања и изработени вежби

20.

Јазик на кој се изведува наставата

македонски, англиски

21.

Метод на следење на квалитетот на наставата

анонимна анкета, разговор со студентите

22.

 

Литература

22.1.

Задолжителна литература

Ред.бр

Автор

Наслов

Издавач

Година

1.

Young, Jay A., editor

SAFETY IN ACADEMIC CHEMISTRY LABORATORIES. Accident prevention for College and University students 7th ed.

ACS Joint Board Committee on Chemical Safety, Washington DC

2003

2.

 

https://chem.duke.edu/about/safety-manual

Duke University

 

3.

Williamson, K. A, Minard, R., Masters, K. M.

Macroscale and Microscale Organic Experiments

Houghton Mifflin, Boston, MA

2007

 

 

4.

Јане Богданов,

Богдан Богданов

ПРАКТИКУМ ПО ОРГАНСКА ХЕМИЈА СО КВАЛИТАТИВНА АНАЛИЗА, ЕКСПЕРИМЕНТИ СО СТАНДАРДНА И МИКРОСКАЛА. Превод од англ. Bell C. E.; Taber D. F.; Clark A. K. ORGANIC CHEMISTRY LABORATORY WITH QUALITATIVE ANALYSIS: STANDARD AND MICROSCALE,

S3rd edition, Harcourt College Publishers: Orlando,

2006

22.2.

Дополнителна литература

Ред.бр

Автор

Наслов

Издавач

Година

1.

EPA

EPA’s CHEMICAL COMPATIBILITY CHART

 

1990

2.

 

HARVARD DEPARTMENT OF CHEMISTRY AND CHEMICAL BIOLOGY-LAB SAFETY MANUAL

Harvard University

2012

3.

 

 

 

 

    Предметот е вклучен во следните насоки:


    Следни испити од овој предмет:

    Материјали

© 2024. Институт за хемија, ПМФ, УКИМ, Скопје.