Аналитичка хемија I

1.

Наслов на наставниот предмет

АНАЛИТИЧКА ХЕМИЈА I

2.

Код

HM-302

3.

Студиска програма

Сите студиски програми на хемија

4.

Организатор на студиската програма (еди­ни­ца, односно институт, катедра, оддел)

Институт за хемија, Природно-математички факултет

5.

Степен (прв, втор, трет циклус)

Прв циклус

6.

Академска година / семестар

II/III

7.

Број на ЕКТС кредити

8

8.

Наставник

Проф. д-р Јасмина Петреска Станоева

9.

Предуслови за запишување на предметот

Општа хемија

10.

Цели на предметната програма (компетенции):
Преку наставата да се запознаат со теоретските основи во аналитичката хемија, Преку лабораториските и пресметковните вежби  студентите треба да стекнат солидни знаења, лабораториско искуство и способност за квалитативно определување на непознати компоненти (катјони и анјони) од раствори и суви примероци со различен состав, како и најразлични теоретски пресметувања.

11.

Содржина на предметната програма:
–    Вовед: аналитика, поделба, цели, методи, чекори на една анализа, ракување со хемикалии и прибор
–    Квалитативна аналитичка хемија: поделба на методите, подготовка на пробата за анализа (претворање во раствор), изведување на целосна квалитативна анализа (претходни испитувања, анализа на катјони, анализа на ананјони)
–    Мерење маса и волумен и основни сретства на аналитичката хемија: броеви, мерни единици, значајни цифри
–    Анализа, определување, мерење: техники, методи, постапки, протоколи
-       избор на аналитичка метода (точност, прецизност, осетливост, селективност, робустност, интервал на работа, опрема, време, цена)
-       развивање на постапка (отстранување на интерференти, калибрација и стандардизација, земање примерок, валидација)
–    Анализа на аналитички податоци: карактеризирање на мерењата и резултатите, карактеризирање на експерименталната грешка, пренесување на несигурноста
–    Основи на хемиска рамнотежа: реверзибилни реакции и хемиска рамнотежа, термодинамика и хемија на рамнотежа, користење на константите на рамнотежа, константи на рамнотежа за хемиски реакции
–    Киселинско-базни рамнотежи: теории за киселини и бази, рамнотежи на монопротонски и полипротонски системи во вода, активитет, пуфери, биолошко значење на пуферите.
–    Земање и подготовка на примероците за анализа: нацрт план за земање примерок и негова примена, разделување на аналит од интерференти, општа теорија за ефикасност на раздвојување, класификација на техниките за раздвојување, течно-течни екстракции
–    Гравиметриски методи на анализа: преглед на гравиметрија, таложна гравиметрија, гравиметрија со испарување, гравиметрија на честички

12.

Методи на учење: предавања, аудиториски и лабораториски вежби

13.

Вкупен расположив фонд на време

240

14.

Распределба на расположивото време

3+1+4 часа неделно (предавања 45 часа, аудиториски 15 часа, лабораториски вежби 60 часа)

15.

Форми на наставните активности

15.1.

Предавања - теоретска настава

45 часови

15.2.

Вежби (лабораториски, аудиториски), семинари, тимска работа

75 часови

16.

Други форми на активности

16.1.

Проектни задачи

10 часови

16.2.

Самостојни задачи

30 часови

16.3.

Домашно учење

80 часови

17.

Начин на оценување

17.1.

Тестови

80 бодови

17.2.

Индивидуална работа/ проект (презентација: писм./ усна)

бодови

17.3.

Активност, учество, резултати од вежби

 20 бодови

18.

Kритериуми за оценување (бодови/ оценка)

  до 50 бода

5 (пет) (F)

од 51 до 60 бода

6 (шест) (E)

од 61 до 70 бода

7 (седум) (D)

од 71 до 80 бода

8 (осум) (C)

од 81 до 90 бода

9 (девет) (B)

од 91 до 100 бода

10 (десет) (A)

19.

Услов за потпис и полагање на завршен испит

Присуство на предавања и изработени вежби

20.

Јазик на кој се изведува наставата

македонски, англиски

21.

Метод на следење на квалитетот на наставата

анонимна анкета, разговор со студентите

22.

 

Литература

22.1.

Задолжителна литература

Ред.бр

Автор

Наслов

Издавач

Година

1.

Д.А. Ског, Д.М. Вест, Ф.Џ. Холер, С.Р. Кроуч,

Аналитичка хемија, вовед

Просветно дело, Скопје

2009

2.

Д. Харви

Модерна аналитичка хемија

Просветно дело, Скопје

2009

3.

Јасмина Петреска Станоева, Миха Буклески, Марина Стефова

Збирка задачи по аналитичка хемија и инструментални анализи

УКИМ

2020

22.2.

Дополнителна литература

Ред.бр

Автор

Наслов

Издавач

Година

1.

И. Донова, С. Петровска-Јовановиќ, В. Трајковска

Квалитативна аналитичка хемија – Практикум

ПМФ, Скопје

2010

2.

С. Петровска-Јовановиќ, В. Трајковска, В. Павлова

Квантитативна аналитичка хемија – Практикум

ПМФ, Скопје

2010

3.

Симка Петровска- Јовановиќ

Аналитичка хемија, теоретски основи

ПМФ

2009

    Предметот е вклучен во следните насоки:


    Следни испити од овој предмет:

  • 24 јануари 2024 во 12:00 I декада: Писмен испит. Сите кои планираат да полагаат да се пријават на следниот линк: https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSf4ihTHWCZkFATBd2EvcCkwXCGlRgvpyLxJZ_epDTkFMA2ktw/viewform, најдоцна до 22.01.2024. Усниот испит ќе се реализира една седмица покасно, на 31.01.2024 по претхоен договор со предметен професор.
  • 07 февруари 2024 во 12:00 II декада: Писмен испит. Сите кои планираат да полагаат да се пријават на следниот линк: https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSf4ihTHWCZkFATBd2EvcCkwXCGlRgvpyLxJZ_epDTkFMA2ktw/viewform, најдоцна до 05.02.2024. Усниот испит ќе се реализира една седмица покасно, на 14.02.2024 по претхоен договор со предметен професор.

    Материјали

© 2024. Институт за хемија, ПМФ, УКИМ, Скопје.