Аналитичка хемија II

1.

Наслов на наставниот предмет

АНАЛИТИЧКА ХЕМИЈА II

2.

Код

HM-402

3.

Студиска програма

Сите студиски програми на хемија

4.

Организатор на студиската програма (единица, односно институт, катедра, оддел)

Институт за хемија, Природно-математички факултет

5.

Степен (прв, втор, трет циклус)

Прв циклус

6.

Академска година / семестар

II/IV

7.

Број на ЕКТС кредити

8

8.

Наставник

Проф. д-р Јасмина Петреска Станоева

9.

Предуслови за запишување на предметот

Неорганска хемија и потпис од Аналитичка хемија I

10.

Цели на предметната програма (компетенции):
Преку наставата, лабораториските и пресметковните вежби  студентите треба да стекнат солидни знаења, лабораториско искуство и способност за квантитативно определување на различни компоненти (киселини, бази, соли, метали, катјони, анјони и нивни смеси и сл.). Да можат да извршат најразлични пресметувања (приготвување и стандардизирање на раствори, определување на масени удели, непознати концентрациии на раствори, тврдина на вода и друго.)

11.

Содржина на предметната програма:
–    Вовед: Волуметриски титрации – општи аспекти, криви на титрација, стандардни раствори
–    Титрации базирани на киселинско базни реакции: конструирање на киселинско–базни криви на титрација, избор и проценка на завршната точка, титрации во неводни растворувачи, репрезентативна метода, примена
–    Реакции на градење на комплекси: константи на стабилност, реагенси за комплексирање, хемиски својства на EDTA
–    Титрации базирани на реакции на комплексирање: конструирање на криви на комплексометриски титрации со EDTA, избор и проценка на завршната точка, репрезентативна метода, примена
–    Реакции на градење на талози: производ на растворливост, влијание на заеднички јони, туѓи јони, pH, формирање на комплекси
–    Таложни титрации: криви на титрација, избор и проценка на завршната точка, примена
–    Оксидациско-редукциски реакции: електроден потенцијал и негово мерење; условен електроден потенцијал (влијание на јонската сила, киселоста, градење на комплекси и таложењето врз електродниот потенцијал, примена на електродни потенцијали.
–    Титрации базирани на оксидациско-редукциски реакции: конструирање на криви на комплексо­метриски титрации, избор и проценка на завршната точка, репрезентативна метода, примена.

12.

Методи на учење: предавања, аудиториски и лабораториски вежби

13.

Вкупен расположив фонд на време

240

14.

Распределба на расположивото време

3+1+4 часа неделно (предавања 45 часа, аудиториски вежби 15 часа, лабораториски вежби 60 часа)

15.

Форми на наставните активности

15.1.

Предавања - теоретска настава

45 часови

15.2.

Вежби (лабораториски, аудито­риски), семинари, тимска работа

75 часови

16.

Други форми на активности

16.1.

Проектни задачи

15 часови

16.2.

Самостојни задачи

25 часови

16.3.

Домашно учење

80 часови

17.

Начин на оценување

17.1.

Тестови

80 бодови

17.2.

Индивидуална работа/ проект ( презентација: писм./ усна)

5 бодови

17.3

Активност, учество, резултати од вежби

 10 бодови

17.4.

Завршна вежба

5 бодови

18.

Kритериуми за оценување (бодови/ оценка)

  до 50 бода

5 (пет) (F)

од 51 до 60 бода

6 (шест) (E)

од 61 до 70 бода

7 (седум) (D)

од 71 до 80 бода

8 (осум) (C)

од 81 до 90 бода

9 (девет) (B)

од 91 до 100 бода

10 (десет) (A)

19.

Услов за потпис и полагање на завршен испит

Присуство на предавања и изработени вежби

20.

Јазик на кој се изведува наставата

македонски, англиски

21.

Метод на следење на квалитетот на наставата

анонимна анкета, разговор со студентите

22.

 

Литература

22.1.

Задолжителна литература

Ред. број

Автор

Наслов

Издавач

Година

1.

Д.А. Ског, Д.М. Вест, Ф.Џ. Холер, С.Р. Кроуч,

Аналитичка хемија, вовед

Просветно дело, Скопје

2009

2.

Д. Харви

Модерна аналитичка хемија

Просветно дело, Скопје

2009

3.

Јасмина Петреска Станоева, Миха Буклески, Марина Стефова

Збирка задачи по аналитичка хемија и инструментални анализи

УКИМ

2020

22.2.

Дополнителна литература

Ред. број

Автор

Наслов

Издавач

Година

1.

С. Петровска-Јовановиќ, В. Трајковска, В. Павлова

Квантитативна аналитичка хемија – Практикум

ПМФ, Скопје

2010

2.

Симка Петровска- Јовановиќ

Аналитичка хемија, теоретски основи

ПМФ

2009

3.

 

 

 

 

    Предметот е вклучен во следните насоки:


    Следни испити од овој предмет:

  • 24 јануари 2023 во 12:00 I декада: Писмен испит. Сите кои планираат да полагаат да се пријават на следниот линк: https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSf4ihTHWCZkFATBd2EvcCkwXCGlRgvpyLxJZ_epDTkFMA2ktw/viewform, најдоцна до 22.01.2024.
  • 24 јануари 2024 во 12:00 I декада: Писмен испит. Сите кои планираат да полагаат да се пријават на следниот линк: https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSf4ihTHWCZkFATBd2EvcCkwXCGlRgvpyLxJZ_epDTkFMA2ktw/viewform, најдоцна до 22.01.2024. Усниот испит ќе се реализира една седмица покасно, на 31.01.2024 по претхоен договор со предметен професор.
  • 07 февруари 2024 во 12:00 II декада: Писмен испит. Сите кои планираат да полагаат да се пријават на следниот линк: https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSf4ihTHWCZkFATBd2EvcCkwXCGlRgvpyLxJZ_epDTkFMA2ktw/viewform, најдоцна до 05.02.2024. Усниот испит ќе се реализира една седмица покасно, на 14.02.2024 по претхоен договор со предметен професор.

    Материјали

© 2024. Институт за хемија, ПМФ, УКИМ, Скопје.