Одбрани поглавја од физичка хемија

1.

Наслов на наставниот предмет

ОДБРАНИ ПОГЛАВЈА ОД ФИЗИЧКА ХЕМИЈА

2.

Код

HM-604

3.

Студиска програма

Сите студиски програми на хемија

4.

Организатор на студиската програма (единица)

Природно-математички факултет,
Институт за хемија

5.

Степен (прв, втор, трет циклус)

Прв

6.

Академска година / семестар

III/VI

7.

Број на ЕКТС кредити

8

8.

Наставник

Проф. д-р Виктор Стефов

9.

Предуслови за запишување на предметот

Физичка хемија I и потпис од Физичка хемија II

10.

Цели на предметната програма (компетенции):
Да се изучат теориските основи на атомската и молекулска структура, современите теории за хемиска врска, симетријата на молекули, како и електричните и магнетните својства на молекулите.

11.

Содржина на предметната програма:
I. Вовед во теоријата за атомска структура: полнеж, маса, бризна и радиус на електроните; први теории за структурата на атомот; радиус и полнеж на јадрото.
II. Квантна теорија: бранова и корпус­куларна природа на светилината; квант на енергија; зрачење на црно тело; фотоелектричен ефект; Комптонов ефект; спектар на водород; aтомски модел на Бор.
III. Честички и бранови: бранова природа на материјата; прин­цип на неопределеност; Шредингерова равенка; бранова функција; честичка во кутија.
IV. Електронска структура на атомите: водороден атом и посло­жени атоми; орбитали и квантни броеви; радијален и аголен дел ана бранова функција; векторски модел на атомот; Земанов ефект; периоден систем.
V. Хемиска врска: типови на хемиска врска; ковалентна врска (метода на МО и ВВ); двоатомски и повеќеатомски молекули; хибридизација и разни типови на координација; ред и должина на врска; јонска врска; енергија на врската; метална врска; водородна врска.
VI. Симетрија кај молекулите: елементи и операци на симетрија, точковни групи, основи на груповата теорија.
VII. Цврста сос­тојба: основни кристалографски поими; кристална решетка, кристални сис­теми и просторни групи; рендгенска дифракција.
VIII. Електрични својства кај молекулите: диполен момен, поларизација, полари­забилност
IX. Магнетски својства кај молекулите: магнетски момент, дија­маг­не­тизам и парамагнетизам; нуклеарен парамагнетизам.
X. Основи на молекулската спек­тро­скопија: ротациони спектри; вибрациони спектри; вибрационо-ротациони спектри; електронски спектри. Основи на нуклеарно-магнет­на и електрон-парамагнетна резонанца.
XI. Течна сосотојба: несреденост кај течности; теории за течности; течни кристали; меѓумолекулски сили; вискозитет.
XII. Основни поими; електролити; спроводливост на електролитите. Теорија на електролитна дисоцијација; јонска сила на растворите; солватација на јоните; јонска рамнотежа; нерамнотежни појави кај раствори од електролит; електродика; електрохемиски елементи; видови на полуелементи; механизам на настанување на електромоторната сила; електродни потенцијали.

12.

Методи на учење:  Предавања, аудиториски и лабораториски вежби

13.

Вкупен расположив фонд на време

240

14.

Распределба на расположивото време

4+1+3 часа неделно (предавања 60 часа, нумерички вежби 15 часа, лабораториски вежби 45 часа)

15.

Форми на наставните активности

15.1.

Предавања- теоретска настава

60 часови

15.2.

Вежби (лабораториски, аудито­риски), семинари, тимска работа

60 часови

16.

Други форми на активности

16.1.

Проектни задачи

10 часови

16.2.

Самостојни задачи

20 часови

16.3.

Домашно учење

90 часови

17.

Начин на оценување

17.1.

Тестови

- два колоквиуми од материјалот од предавања

- вежби и практична работа

 

60 бодови

25 бодови

17.2.

Индивидуална работа/ проект (презентација: писмена и усна)

10 бодови

17.3.

Активност и учество

5 бодови

18.

Kритериуми за оценување (бодови/ оценка)

               до 50 бода

5 (пет) (F)

       од 51 до 60 бода

6 (шест) (E)

       од 61 до 70 бода

7 (седум) (D)

       од 71 до 80 бода

8 (осум) (C)

       од 81 до 90 бода

9 (девет) (B)

     од 91 до 100 бода

10 (десет) (A)

19.

Услов за потпис и полагање на завршен испит

Присуство на предавања и изработени вежби

20.

Јазик на кој се изведува наставата

Македонски

21.

Метод на следење на квалитетот на наставата

Анкети, прашалници

22.

 

Литература

22.1.

Задолжителна литература

Ред.бр

Автор

Наслов

Издавач

Година

1.

Питер Еткинс, Жулио де Паула (превод од група автори)

АТКИНСОВА ФИЗИЧКА ХЕМИЈА, Осмо издание

Просветно дело АД Скопје

2011

2.

Г. Јовановски

Структура на атоми и хемисиа врска

Интерна скрипта

2005

3.

Г. Јовановски

Структура на молекули

Интерна скрипта

2005

22.2.

Дополнителна литература

Ред.бр

Автор

Наслов

Издавач

Година

1.

D. Grdenic

Molekule i kristali

 

Skolska knjiga, Zagreb

2005

2.

I.N. Levine

Physical Chemistry, Sixth Edition

McGraw-Hill Science/Engineering/Math

2008

3.

 

 

 

 

    Предметот е вклучен во следните насоки:


    Следни испити од овој предмет:

    Материјали

© 2024. Институт за хемија, ПМФ, УКИМ, Скопје.