Општа физика

1.

Наслов на наставниот предмет

ОПШТА ФИЗИКА

2.

Код

HM-21F

3.

Студиска програма

Применета хемија - аналитичка биохемија

4.

Организатор на студиската програма (единица, односно институт, катедра, оддел)

Институт за хемија

5.

Степен (прв, втор, трет циклус)

Прв

6.

Академска година/семестар

I/II

7.

Број на ЕКТС кредити

8

8.

Наставник

Проф. д-р Ристе Попески-Димовски

9.

Предуслови за запишување на предметот

нема

10.

Цели на предметната програма (компетенции):
Изучување и продлабочување на основите на содржини од општа физика. Разбирање на теоријата и соодветно на тоа примена во решавање задачи, квалитативни и квантитативни проблеми. Развој на способности за активно конструирање на знаења и самостојно учење. Стекнување вештини за експериментална работа, мерење и анализа на податоци, нивно толкување, писмено и усмено презентирање на резултати.

11.

Содржина на предметната програма:
Вовед. Скалари и вектори. Класична механика. Кинематика. Кинематика на материјална точка. Движење на материјална точка по кружница. Динамика. Њутнови закони. Работа и енергија. Конзервативни сили. Закони за запазување на енергија и импулс. Механички осцилации и механички бранови. Механика на флуиди. Молекуларни појави. Емпириски гасни закони. Равенка на состојба на идеален гас. Термодинамика. Прв и втор принцип на термодинамика.Топлински капацитети на гасовите. Адијабатски процес. Електростатика. Постојана електрична струја. Закони на Ом. Кирхофови правила. Електрична струја низ течности. Електролити. Магнетизам. Магнетно поле. Закон на Ампер. Лоренцова сила. Магнетни особини на супстанците. Геометриска оптика. Основни закони. Принцип на Ферма. Оптички леќи и оптичка призма. Физичка оптика. Интерференција и дифракција. Основи од атомска физика. Фотоелектричен ефект. Рентгенски зраци. Модели на атомот. Корпускуларен-бранов дуализам. Природна радиоактивност. Закон за радиоактивно распаѓање. Состав на атомското јадро. Јадрени сили. Дефект на маса.

12.

Методи на учење: предавања, демонстрации, консултации, самостојно учење, решавање проблеми, вежби (аудиториски и лабораториски)

13.

Вкупен расположив фонд на време

240

14.

Распределба на расположивото време

4+2+2 часа неделно (предавања 4 часа, нумерички вежби 2 часа, лабораториски вежби 2 часа)

15.

Форми на наставните активности

15.1

Предавања и демонстрации

60 часови

15.2

Вежби (лабораториски, аудито­­риски), семинари, тимска работа

60 часови

16.

Други форми на активности

16.1

Проектни задачи

20 часови

16.2

Самостојни задачи

20 часови

16.3

Домашно учење

80 часови

17.

Начин на оценување  писмено и усмено

17.1.

Колоквиуми (теорија и задачи)

70 бодови

17.2.

Семинарска работа

10 бодови

17.3.

Активност на предавања и вежби

20 бодови

18.

Критериуми за оценување (бодови/оценка)

до 50 бода

5 (пет) (F)

од 51 до 60 бода

6 (шест) (E)

од 61 до 70 бода

7 (седум) (D)

од 71 до 80 бода

8 (осум) (C)

од 81 до 90 бода

9 (девет) (B)

од 91 до 100 бода

10 (десет) (A)

19.

Услови за потпис и полагање на завршен испит

Присуство на предавања и вежби

20.

Јазик на кој се изведува наставата

Македонски

21

Метод на следење на квалитетот на наставата

Анкети, самоевалуација

22.

Литература

            Задолжителна литература

22.1

Ред.број

Автор

Наслов

Издавач

Година

1.

Маргарета Пецовска-Ѓорѓевиќ

Предавања од Општа физика Б ниво (интерна скрипта)

Институт за физика

2012

2.

Ѓорѓи Ивановски и Васил Мицевски

Збирка решени задачи по физика

Просветно дело

1997

3.

Група автори

Збирка решени задачи од натпревари по физика

ДФРМ

Во печат

22.2

Дополнителна литература

Ред.број

Автор

Наслов

Издавач

Година

1.

Љубо Петковски

Општа физика механика

УКИМ

1995

2.

Halliday, D., Resnick, R., and Walker, J.

Fundamentals of physics

Wiley

2014

    Предметот е вклучен во следните насоки:


    Следни испити од овој предмет:

    Материјали

© 2024. Институт за хемија, ПМФ, УКИМ, Скопје.