Општа физиологија I

1.

Наслов на нaставниот предмет

ОПШТА ФИЗИОЛОГИЈА I

2.

Код

HM-31B

3.

Студиска програма

Применета хемија - аналитичка биохемија

4.

Организатор на студиската програма (единица, односно институт, катедра, оддел)

ПМФ – Институт за хемија

5.

Степен (прв, втор, трет циклус)

Прв циклус

6.

Академска година/семестар

II/III

7.

Број на ЕКТС кредити

6

8.

Наставник

Проф. д-р Митко Младенов, Проф. д-р Никола Хаџи-Петрушев

9.

Предуслови за запишување на предметот

Општа биологија

10.

Цели на предметната програма (компетенции):
Наставната единица придонесува пред сè кон развојот на следните општи и специфични компетенции:
- Способност за комуникација, соработка/тимска работа;
- Флексибилна употреба на знаењето во пракса;
- Самостојност, (само)критичност, (само)проценка, (само)евалуација и залагање за квалитет;
- Познавање и разбирање на прашања поврзани со функционирањето на живите организми;
- Подготовка за истражување во областа на физиологијата;
- Познавање, разбирање, насочување кон активна, недискриминирачка работа;
- Оформување на целокупната процена на потребите на поединците, односно групите, нивните јаки и слаби страни, почитувајќи ги факторите на опкружувањето (физички, општествени, културни), со соодветни постапки.

11.

Содржина на предметната програма:
Значење на физиологијата како биолошка наука; Функционална организација и контрола на „внатрешната средина“; Транспорт на јоните и молекулите низ клеточната мембрана; Мембрански потенцијали и акциони потенцијали; Контракција на скелетните мускули; Невромускулна трансмисија и поврзување на ексцитацијата и контракцијата; Контракција и ексцитација на мазните мускули; Организација на нервниот систем, основни функции на синапсите, невротрансмитери; Сензорни рецептори, нервни патеки за обработка на информации; Соматски сензации - општа организација, тактилни сетила и сетила за положба; Болка и термички сензации; Оптика на видот; Рецепторска и неврална функција на мрежницата; Централна неврофизиологија на видот; Сетило за слух; Хемиски сетила – вкус и мирис; Вестибуларни сензации и одржување на рамнотежа; Моторни функции на ‘рбетниот мозок, спинални рефлекси; Контрола на моторната функција од страна на кортексот и мозочното стебло; Мал мозок, базални ганглии и целокупна моторна контрола; Церебрален кортекс, интелектуални функции на мозокот, учење и помнење; Лимбичен систем и хипоталамус; Состојби на мозочна активност; Автономен нервен систем и медула на надбубрежната жлезда; Проток на крв низ мозокот, цереброспинална течност и метаболизам во мозокот; Вовед во ендокриниот систем; Хормони на хипофизата и нивна контрола од страна на хипоталамусот; Тироидни хормони; Хормони на кората на надбубрежните жлезди; Инсулин и глукагон; Паратироиден хормон, калцитонин, метаболизам на калциумот и на фосфатите; Физиологија на репродуктивниот систем.

12.

Методи на учење: Предавања, читање литература, изработка нa есеи, семинарски работи.

13.

Вкупен расположив фонд на време

180 часови

14.

Распределба на расположивото време

3+2 часови неделно (предавања, вежби, самостојна работа, проектни задачи, учење дома)

15.

Форми на наставните активности

15.1

Предавања-теоретска настава

45 часови

15.2

Вежби (лабораториски), семинари, тимска работа

30 часови

16.

Други форми на активности

16.1

Проектни задачи

15 часови

16.2

Самостојни задачи

10 часови

16.3

Домашно учење

80 часови

17.

Начин на оценување

17.1.

Тестови

60 бодови

17.2.

Семинарска работа/проект (презентација: писмена и усна)

25 бодови 

17.3.

Активност и учество

15 бодови

18.

Критериуми за оценување (бодови/оценка)

под 50 бода

5 (пет) (F)

од 50 до 60 бода

6 (шест) (E)

од 61 до 70 бода

7 (седум) (D)

од 71 до 80 бода

8 (осум) (C)

од 81 до 90 бода

9 (девет) (B)

од 91 до 100 бода

10 (десет) (A)

19.

Услови за потпис и полагање на завршен испит

Присуство на предавања и изработени вежби

20.

Јазик на кој се изведува наставата

Македонски

21

Метод на следење на квалитетот на наставата

Евалуација, самоевалуација

22.

Литература

            Задолжителна литература

22.1

Ред.бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1.

Гајтон А. К., Хол Џ. Е.

Медицинска физиологија

Академски печат

2012

22.2

Дополнителна литература

Ред.бр.

Автор

Наслов

Издавач

Година

1.

Linda Costanzo

Physiology, 7th ed.

Elsevier

2021

2.

Волтер Ф. Борон В. Ф., Булпап Е. Л.

Медицинска физиологија

МОН на Р. Македонија

2011

    Предметот е вклучен во следните насоки:


    Следни испити од овој предмет:

  • 02 февруари 2026 во 12:00 Студентите задолжително да се запишат во списокот за полагање преку следниот формулар: https://forms.gle/YXiVT2eRSsxjrTMv9
  • 13 февруари 2026 во 12:00 Студентите задолжително да се запишат во списокот за полагање преку следниот формулар: https://forms.gle/YXiVT2eRSsxjrTMv9

    Материјали

© 2026. Институт за хемија, ПМФ, УКИМ, Скопје.