Методи за определување на молекулски структури

1.

Наслов на наставниот предмет

МЕТОДИ ЗА ОПРЕДЕЛУВАЊЕ НА МОЛЕКУЛСКИ СТРУКТУРИ

2.

Код

HM-704

3.

Студиска програма

Сите студиски програми на хемија

4.

Организатор на студиската програма (единица )

Природно-математички факултет,

Институт за хемија

5.

Степен (прв, втор, трет циклус)

Прв

6.

Академска година / семестар

IV/VII

7.

Број на ЕКТС кредити

4

8.

Наставник

Проф. д-р Виктор Стефов

9.

Предуслови за запишување на предметот

Инструментални аналитички методи; Физичка хемија II

10.

Цели на предметната програма (компетенции):

Преку наставата и вежбите студентите треба да ги совладаат и особено да ги продлабочат знаењата по некои методи за определување на молекуслки структури, како и да се оспособат да решаваат разновидни проблеми при анализата на инфрацрвени, рамански и НМР спектри.

11.

Содржина на предметната програма:

I. Вовед: спектроскопски методи за определување на молекулски структури; електромагнетен спектар; величини и единици.

II. Основи на молекулската спек­тро­скопија: ротациони спектри; вибрациони спектри; вибрационо-ротациони спектри; Инфрацрвена спектроскопија (IR): вибрации на молекулите; класификација на фундаментални вибрации; концепт за групови фреквенции; видови групови фреквенции; фактори што влијаат на груповите фреквенции.

III. Карактеристични групови фреквенции: вибрации на CH3, CH2 и CH групите; скелетни C−C вибрации; вибрации на C=О групи; вибрации на други X=Y (X, Y = C, О, N, S) групи; X−Y и сврзани со нив вибрации; преглед на карактеристични групови вибрации по спектрални подрачја.

IV. Нуклеарно магнетна резонанца (NMR): вовед; магнетски својства на јадрата; NMR спектар; фактори од кои зависи хемиското поместување; спин-спин спрегање; механизам на спин-спиновото взаимодејство; фактори од кои зависи големината на константата на екранирање; хемиска измена и облик на сигналите; 13С спектри; спектар-структурни корелации во NMR спектроскопијата; комбинирани 1Н и 13С спектри; 2D NMR.

V. Комбинирано користење на спектроскопските податоци: изнаоѓање на најпростата бруто формула; изнаоѓање на вистинската бруто формула; определување на степенот на незаситеност; синтеза на спектралните податоци; примери за комбинирана употреба на спектрални и други податоци.

12.

Методи на учење: Предавања, аудиториски и лабораториски вежби

13.

Вкупен расположив фонд на време

120

14.

Распределба на расположивото време

2+1+1 часа неделно (предавања 30 часа, нумерички и лабораториски вежби по 15 часа)

15.

Форми на наставните активности

15.1.

Предавања- теоретска настава

30 часови

15.2.

Вежби (лабораториски, аудиториски), семинари, тимска работа

30 часови

16.

Други форми на активности

16.1.

Проектни задачи

 

16.2.

Самостојни задачи

20 часови

16.3.

Домашно учење

40 часови

17.

Начин на оценување

17.1.

Тестови

- два колоквиуми од материјалот од предавања

- вежби и практична работа

 

60 бодови

25 бодови

17.2.

Индивидуална работа/ проект (презентација: писмена и усна)

10 бодови

17.3.

Активност и учество

5 бодови

18.

Kритериуми за оценување (бодови/ оценка)

               до 50 бода

5 (пет) (F)

       од 51 до 60 бода

6 (шест) (E)

       од 61 до 70 бода

7 (седум) (D)

       од 71 до 80 бода

8 (осум) (C)

       од 81 до 90 бода

9 (девет) (B)

     од 91 до 100 бода

10 (десет) (A)

19.

Услов за потпис и полагање на завршен испит

Присуство на предавања и изработени вежби

20.

Јазик на кој се изведува наставата

Македонски

21.

Метод на следење на квалитетот на наставата

Анкети, прашалници

22.

 

Литература

22.1.

Задолжителна литература

Ред.бр

Автор

Наслов

Издавач

Година

1.

Б. Шоптрајанов

Методи за определување на молекулски структури

интерна скрипта

 

2.

D.L. Pavia, G.M. Lapman, G.S. Kriz

Introduction to spectroscopy

BROOKS/ COLE, CENGAGEGE learning

2009

3.

D. Whittaker

Interpreting organic spectra

The Royal Society of Chemistry

2000

22.2.

Дополнителна литература

Ред.бр

Автор

Наслов

Издавач

Година

1.

R.H Shapiro

Spectral exercises in structural determination of organic compounds

Holt, Rinehart and Winston, Inc.

 

2.

 

 

 

 

3.

 

 

 

 

    Предметот е вклучен во следните насоки:


    Следни испити од овој предмет:

    Материјали

© 2024. Институт за хемија, ПМФ, УКИМ, Скопје.