Соопштенија

07 ноември 2015

ХЕМИСКИ СПЕКТАКЛ, 19 Ноември 2015

На 19.11.2015 (четврток) со почеток во 18:00 часот во Амфитеатарот на Институтот за хемија, ќе се одржи ХЕМИСКИ СПЕКТАКЛ во организација на групата на Среќни хемичари (THC) и групата на (Не толку) среќни хемичари. Ве покануваме и вие да бидете дел од овој хемиски настан што традиционално се одржува секоја година (во просек два пати).


29 октомври 2015

СООПШТЕНИЕ ЗА НОЕМВРИСКА СЕСИЈА 2015/16

Соопштение за ноемвриска (дополнителна) испитна сесија за уч.2015/2016 год.

          се известуваат студентите од Природно-матема­тичкиот факултет во Скопје, дека пријавувањето на испитите за ноемвриската испитна сесија ќе се одвива од  02.11.2015 година до 06.11.2015 г. Ноемвриската испитна сесија ќе се одвива од 16.11.2015 година до 24.11.2015 г, право на полагање имаат:

1. студентите кои уредно го имаат запишано зимскиот семестар во уч. 2015/2016 година (запишано IX, XI, XIII и XV семестар) и на кои им останале за презапишување пет испити и дипломска работа, согласно одлуката на Наставно-научниот совет на Природно-математичкиот факултет-Скопје бр. 07-3434/2 од 25.12.2009 година.

2. студентите кои уредно го имаат запишано зимскиот семестар во уч. 2015/2016 г. (запишано I, III, V I VII семестар), може да полаат само еден предмет од задолжителните, за кои  студентите ги реализирале академските обврски (потпис од предметниот наставник и уредно заверен летен семестар од уч.2014/2015 година), согласно одлуката на  Природно-математичкиот факултет-Скопје бр.07-1977/2 од  18.12.2014 година.  Термините ги објавуваат институтите, при факул­тетот.

 29.10.2015 год.                                                                                                       од Деканатот


07 октомври 2015

Хуманитарен настан на Институтот за хемија, во организација на клубот на студенти - хемичари

На малиот Кирил Пеев на 10-месечна возраст му беше дијагностициран цистичен тумор на мозок. По отстранувањето на туморот во Универзитетската клиника Charite во Германија, беше констатирано дека се работи за исклучително редок тип на малиген тумор на мозок. За да се спречи понатамошното ширење на овој брзорастечки тумор, потребна е итна хемотерапија. Оваа специјална терапија ќе се изврши во истата клиника, а за нејзино изведување се потребни 150 000 евра.

Со цел да се помогне, ве покануваме на хуманитарната свирка на која ќе настапат студенти на хемија, а ќе се одржи на Хемиски Институт, во холот на прв спрат. Свирката ќе се одржи во четврток (08.10.2015) во 12:00 часот. Влезот е бесплатен, а ќе се продаваат пијалоци и ќе има посебни кутии за донации. Сите собрани средства ќе бидат наменети за лекување на малиот Кирил.

симни документ


06 октомври 2015

 

На 20 октомври 2015 година во 12 часот на Институтот за хемија на Природно-математичкиот факултет ќе се одржи јавна одбранa на докторската дисертација:

„ИСПИТУВАЊЕ НА ВЛИЈАНИЕТО ОД ПРИМЕНАТА НА ВИРТУЕЛНИ И РЕАЛНИ ЕКСПЕРИМЕНТИ ВО НАСТА­ВА­ТА ПО ХЕМИЈА ВРЗ СТЕКНУВАЊЕТО НА ЗНАЕЊА И ВЕШТИНИ ОД ПОВИСОК РЕД“ изработена од кандидатот м-р Шемседин Абдули.


03 октомври 2015

Во октомври 2015 година на Институтот за хемија на Природно-математичкиот факултет ќе се одржат јавни одбрани на следните магистерски работи:

− „ПРОСТОРНА РАСПРЕДЕЛБА НА ХЕМИСКИТЕ ЕЛЕМЕНТИ ВО ПРИМЕРОЦИ ОД ПОЧВА И МОВ ВО ПОЛОШКИОТ РЕГИОН“, изработена од дипл. професор по хемија Анѓа Ќулумоска-Ѓорѓиевска, на 13 октомври во 12 часот.

− „ДИСТРИБУЦИЈА НА ТЕШКИ МЕТАЛИ ВО ПОЧВАТА ВО ГРАДОТ СКОПЈЕ И НЕГОВАТА ОКОЛИНА“, изработена од дипл. професор по хемија Лаура Ахмети, на 16 октомври во 12 часот.


23 септември 2015

КОНКУРС ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ЏОНСОН МЕТИ СТИПЕНДИИ

за додипломски студии на Институтот за хемија, Природно-математички факултет

Универзитет Св.Кирил и Методиј - Скопје, 2015 / 2016

Аплицирање во периодот од 23.09.2015 до 09.10.2015

За условите за конкурирање, како и за подетални информации, погледнете го прикачениот документ.

симни документ


17 септември 2015

Соопштение за прв час по предметот Секундарни метаболити: изолација и својства, во учебната 2015/2016

Почитувани колеги од насоката аналитичка биохемија,

Првиот час од предметот Секундарни метаболити: изолација и својства (задолжителен по насока, со седмичен фонд на часови 2+0+4) кој се слуша за прв пат во V семестар, ќе се одржи во среда на 23.09.2015 година во 11 часот во предавалната 101 на ИХ.

предметен наставник

доц. д-р Наташа Ристовска


17 септември 2015

Соопштение за термините на предавања и вежби по предметот „Управување со квалитет во хемиска лабораторија“

Првиот час по предметот „Управување со квалитет во хемиска лабораторија", ќе се одржи на 22.09.2015 година, вторник, во 12.00 часот, во предавална 124. Наставата ќе се одвива по следниот распоред:

предавања: вторник 12-14h пред. 124

вежби: вторник 14-16h (медиотека и лаб. 226)

(доколку има потреба за формирање на 2 групи, дополнително ќе се определи уште еден термин)

Предметен наставник
вонр. проф. д-р Горан Стојковиќ


15 септември 2015

Соопштение за прв академски час за новите студенти на ПМФ во 2015/16 година

Почитувани колеги,

 

Првиот академски час за новите студенти на Природно-математичкиот факултет во учебната 2015/2016 година ќе се одржи во вторник на 15.09.2015 година во 12 часот во големиот физички амфитеатар (горна зграда на ПМФ), а потоа часот продолжува на соодветните институти каде ќе бидат поделени индексите на студентите.

Часот за новите студенти на хемија ќе продолжи на Институтот за хемија и ќе се одржи во хемискиот амфитеатар на II кат (долна зграда на ПМФ).

 

Со почит,

Институт за хемија, ПМФ


14 септември 2015

Работилница DAAD

Во рамките на DAAD проектот, се организира работилница во периодот од 17.9.2015 - 21.9.2015, на тема:

MatCatNet Scientific Module “Biomaterials”

and Workshop“From Molecules to Functionalised Materials (2015)“

 Право на учество имаат сите заинтересирани дипломски, магистранти и докторанди. 

За дополнителни информации, погледнете го прикачениот документ.

симни документ


© 2026. Институт за хемија, ПМФ, УКИМ, Скопје.