Соопштенија

16 септември 2014

Првиот час по предметот „Радиохемија со радиохемија на животната средина“

Првиот час по предметот „Радиохемија со радиохемија на животната средина“ за студентите од четврта година година, седми семестар, насока применета хемија, ќе се одржи на 22.09.2014 година, понеделник, во 9.00 часот, во сала за конференции.

Предметен наставник,

вонр. проф. Владимир Ивановски


15 септември 2014

СООПШТЕНИЕ

Соработници за лабораториски вежби

Институтот за хемија на Природно-математичкиот факултет во Скопје има потреба од ангажирање на соработници за техничка помош при изведување на лабораториски вежби во зимскиот семестар во академската 2014/15 година.

Заинтересираните треба да поднесат документи (CV, уверение, други документи за компетенции) до раководителот на Институтот за хемија, проф. д-р Марина Стефова, по електронска пошта (marinaiv@pmf.ukim.mk) до понеделник, 22.09.2014 год. до 14 часот. Доколку и претходно поднесувале документи за оваа позиција, тогаш треба да достават само документи за нови компетенции стекнати после доставувањето на претходната пријава.


11 септември 2014

ПЕРИОДЕН СИСТЕМ НА ЕЛЕМЕНТИТЕ

Во издание на Институтот за хемија при Природно-математичкиот факултет во Скопје излезе ажуриран периоден систем на елементите во постер и А4 формат на 300 g хартија/картон. 

Постерите (100 cm × 80 cm) на периодниот систем се печатени на три јазици: македонски, албански и турски. Цената изнесува 1200 ден + 216 ден ДДВ = 1416 ден. Доколку сте заинтересирани ве молиме побарајте профактура на наведената е-адреса (наведете на кого да гласи профактурата и на кој јазик да е периодниот систем): chemistry@pmf.ukim.mk. Уплатата може да се изврши и на општа уплатница според податоците дадени подолу.

Кај малата верзија (А4) која е само на македонски на задната страна се дадени некои од препораките на IUPAC за основните физички величини и нивните симболи и единици, префиксите, некои дозволени единици надвор од SI, вредности на некои физички константи. Оваа верзија е на продажба на Природно-математичкиот факултет (соба 18 на Институтот за хемија) по цена од 60 ден, а може да се нарача и поголем број за потребите на училиштата заедно или одделно со големиот периоден систем.

 

Цел на дознака: постер на периоден систем (јазик)

Износ: МКД          1416

Назив и седиште на примач: ПМФ - Скопје

Банка на примач: НБРМ

Даночен број: 4043009100070

Трезорска сметка: 100000000063095

Сметка на буџетски корисник: 1600110804 788 19

Приходна шифра   програма   начин:  723014   41   2

симни документ


10 септември 2014

СООПШТЕНИЕ ЗА ПРВИОТ ЧАС ЗА НОВОЗАПИШАНИТЕ СТУДЕНТИ НА ХЕМИЈА ВО 2014/15

Првиот час за новите студенти на студии по хемија ќе се одржи на 15 септември 2014 година во два дела:

- во 12.00 часот во амфитеатарот на физика на Природно-математичкиот факултет (горна зграда)

- во 13.00 часот во амфитеатарот на Институтот за хемија на Природно-математичкиот факултет (долна зграда)


27 јуни 2014

На 4 јули 2014 година во 11 часот на Институтот за хемија (предавална 124) на Природно-математичкиот факултет ќе се одржи јавна одбрана на магистерската работа:

„КАРАКТЕРИЗАЦИЈА НА ПОЛИФЕНОЛИ ВО ТРИ АВТОХТОНИ МАКЕДОНСКИ СОРТИ ЈАБОЛКА СО UV-VIS СПЕКТРОФОТОМЕТ­РИЈА И ТЕЧНА ХРОМАТОГРАФИЈА СО МАСЕНА СПЕКТРОМЕТРИЈА КОРИСТЕЈЌИ РАЗЛИЧНИ ЕКСТРАКЦИОНИ ТЕХНИКИ” од кандидатот дипл. инж. по хемија Арјан Ганији.


14 јуни 2014

Соопштение за летна пракса во ОКТА

Пријавете се за летна пракса во ОКТА за студенти апсолвенти и постдипломци на применета хемија. 

 

 

Рокот за пријавување е до 26 јуни 2014 година (12 часот), деталите се дадени во закачениот документ.

симни документ


09 јуни 2014

На 16 јуни 2014 година во 12 часот на Институтот за хемија (предавална 124) на Природно-математичкиот факултет ќе се одржи јавна одбранa на докторската дисертација:

„СИНТЕЗА НА НОВИ ДЕРИВАТИ НА КУМАРИНОТ“ изработена од м-р на хемиски науки Ахмед Јашари.


09 јуни 2014

На 16 јуни 2014 година во 10 часот на Институтот за хемија (предавална 124) на Природно-математичкиот факултет ќе се одржи јавна одбрана на магистерската работа:

 

„ХЕМИСКИ СВОЈСТВА И ФУНКЦИИ НА НОВИ БЕНЗОХИНОНСКИ ДЕРИВАТИ ДОБИЕНИ ПРИ РЕАКЦИЈА НА КОЕНЗИМ Q-0 ВО АЛКАЛНА СРЕДИНА“, изработена од Павлинка Кокошкарова, дипл. инж. по биологија.


29 мај 2014

 

Соопштение за летна пракса во Johnson-Matthey

 

 

Соопштение за летна пракса во Johnson-Matthey за студенти од III и IV година и за постдипломци 
Рокот за пријавување е 4 јуни 2014 година, деталите се дадени во закачениот документ.

Претставниците од Johnson-Matthey ќе Ви бидат на располагање на 3 јуни (вторник) во 12 часот во салата за конференции (просторија бр. 104) на Институтот за хемија за да одговорат на Вашите прашања во врска со понудената пракса.

симни документ


14 мај 2014

Во маj 2014 година на Институтот за хемија (предавална 124) на Природно-математичкиот факултет ќе се одржат јавни одбрани на следните магистерски работи:

-          „МОНИТОРИНГ НА ЗАГАДУВАЊЕ НА ПОЧВАТА И ВОЗДУХОТ СО ТЕШКИ МЕТАЛИ ВО БИТОЛА И НЕЈЗИНАТА ОКОЛИНА“, изработена од дипл. инж. по хемија Бојана Димовска, на 16 мај во 12 часот.

-          „ПОДГОТОВКА, ФИЗИЧКО – ХЕМИСКИ И ГАС ХРОМАТОГРАФСКИ КАРАКТЕ­РИС­ТИ­КИ НА 2,4 - ДИНИТРОФЕНИЛХИДРАЗОНСКИ ДЕРИВАТИ НА НЕКОИ НИСКОМОЛЕКУЛАРНИ АЛДЕХИДИ“, изработена од дипл. инж. по преработка на анимални производи Златко Лозановски, на 19 мај во 11 часот.

-          „ДИСТРИБУЦИЈА НА ЕЛЕМЕНТИ ВО ТРАГИ ВО ВОДИ И СЕДИМЕНТИ ОД РЕКАТА ВАРДАР И НЕЈЗИНИТЕ ПРИТОКИ“, изработена од дипл. инж. по хемија Станко Илиќ Попов, на 19 мај во 12 часот.


© 2026. Институт за хемија, ПМФ, УКИМ, Скопје.