Соопштение за почеток на предавањата по предметот Електрохемија
Предавањата ќе започнат на 20.02.2015 со почеток во 12 часот во предавална 125 на Институтот за хемија.
проф. В. Мирчески
Соопштение за почеток на предавањата по предметот Неорганска хемија -Б ниво Проф. Валентин Мирчески
Предавањата ќе започнат на 11.02.2015 (среда) со почеток во 10 часот во амфитеатарот на Институтот за хемија.
Соопштение за запишување на оцени по предметот Управување со квалитет во хемиска лабораторија
Oценa по предметот Управување со квалитет во хемиска лабораторија може да се добие
во четврток од 8-10 во каб.132
вон. проф. д-р Горан Стојковиќ
СООПШТЕНИЕ, РАСПОРЕД
Објавен е распоредот за предавањата во летниот семестар на интернет страната на Институтот за хемија.
Вработените на Институтот за хемија ви посакуваат успешен почеток на семестарот.
На 6 февруари 2015 година во 12 часот на Институтот за хемија на Природно-математичкиот факултет ќе се одржи јавна одбранa на докторската дисертација:
„ИСПИТУВАЊЕ НА ТЕРАПЕВТСКИ РАДИОФАРМАЦЕВТИЦИ БАЗИРАНИ НА МОНОКЛОНАЛНИ АНТИТЕЛА И ПЕПТИДИ“ од кандидатот м-р Даринка Ѓоргиева Ацкова
На 11 февруари 2015 година во 12 часот на Институтот за хемија на Природно-математичкиот факултет ќе се одржи јавна одбрана на магистерската работа:
„ВИБРАЦИОНИ СПЕКТРИ НА КАДМИУМ ХЛОРИД МОНОХИДРАТ И КАРАКТЕРИЗАЦИЈА НА МАГНЕЗИУМ ЈОДИД ОКТАХИДРАТ“ од кандидатот Златко Илиевски, дипл. инж. по хемија
Физичка хемија 1-Б ниво (аналитичка-биохемија) распоред на предавања и нумерички вежби
Предавањата и вежбите по предметот Физичка хемија 1-Б ниво (аналитичка-биохемија) во овој семестар ќе се одржуваат според следниот распоред:
Предавања 9-12 часот
Вежби (нумерички) 12-13 часот
Предавањата започнуваат во петок на 6ти Февруари!
Дополнителна (трета) декада за предметите што се слушаат и полагаат кај Проф. Владимир Ивановски
Се известуваат студентите дека писмените испити во третата (дополнителна) декада, на барање на студентите за предметите од Физичка хемија-Б ниво (аналитичка биохемија), Радиохемија, Ензимологија како и Одбрани поглавја од физичката хемија (двопредметни студии биологија-хемија), ќе се одржи во следните термини:
Писмен дел: 04.01.2015 среда, 9.00 часот
Усмен дел: 09.01.2015 понеделник, 9.00 часот
На 2 февруари 2015 година во 12 часот на Институтот за хемија на Природно-математичкиот факултет ќе се одржи јавна одбранa на докторската дисертација:
„КАРАКТЕРИЗАЦИЈА И СВОЈСТВА НА ХЕМИСОРБИРАНИ ФЕРОЦЕНСКИ ДЕРИВАТИ НА РАЗЛИЧНИ ЦВРСТИ ПОВРШИНИ ЗА НИВНА ПРИМЕНА ВО ХЕТЕРОГЕНАТА КАТАЛИЗА, СО ПОМОШ НА ВИБРАЦИОНО СПЕКТРОСКОПСКИ МЕТОДИ И ТЕХНИКИ“ од кандидатот м-р Миха Буклески.
На 15 јануари 2015 година во 12 часот на Институтот за хемија на Природно-математичкиот факултет ќе се одржи јавна одбрана на магистерската работа:
„АНАЛИЗА НА АМИНОКИСЕЛИНСКИ СЕКВЕНЦИ НА КАЛМОДУЛИН И НА СЛИЧНИ ПРОТЕИНИ КАЈ РАЗЛИЧНИ ОРГАНИЗМИ“, изработена од Ирена Несторовска Огеновска, дипл. инж. по хемија.