На 15 октомври 2014 година во 12 часот на Институтот за хемија на Природно-математичкиот факултет ќе се одржи јавна одбранa на докторската дисертација:
„ЛИТОГЕНО И АНТРОПОГЕНО ВЛИЈАНИЕ НА ДИСТРИБУЦИЈАТА НА РАЗЛИЧНИ ХЕМИСКИ ЕЛЕМЕНТИ ВО ПОЧВИТЕ И ВОЗДУХОТ ВО РЕГИОНОТ НА СЛИВОТ НА РЕКАТА БРЕГАЛНИЦА“ од кандидатот м-р Билјана Балабанова.
На 27 октомври 2014 година во 12 часот на Институтот за хемија на Природно-математичкиот факултет ќе се одржи јавна одбранa на докторската дисертација:
„МЕТОДИ ЗА ОПРЕДЕЛУВАЊЕ НА ТРАГИ ОД ЕЛЕМЕНТИ ВО МИНЕРАЛИ И СОЛИ СО СПЕКТРОСКОПСКИ И РАДИОХЕМИСКИ ТЕХНИКИ“ од кандидатот м-р Милена Тасеска-Ѓорѓијевски.
Распоред на настава по предметот Хемија во практиката
Распоред на настава по предметот Хемија во практиката
Настава: четврток 8.00 - 10.30 во сала за конференции
вежби: четврток 10.30 - 12.00 во сала за конференции
За предавања е потребно присуство од минимум 5 студенти.
предметен наставник
вонр. проф. Д-р Горан Стојковиќ
С О О П Ш Т Е Н И Е Хемија на животна средина, III семестар
Им се соопштува на студентите на хемија насока: Хемија на животна средина, III семестар, за предавања по предметот Метеорологија да контактираат со проф. д-р Владо Спиридонов на e-mail: vspiridonov@meteo.gov.mk.
Првиот час по предметот „Физичка хемија II-Б ниво“
Првиот час по предметот „Физичка хемија II-Б ниво“ за студентите од трета година, петти семестар, насока аналитичка-биохемија, ќе се одржи на 18.09.2014 година, четврток, во 9.00 часот, во предавална 125.
Предметен наставник,
вонр. проф. Владимир Ивановски
Првиот час по предметот „Радиохемија со радиохемија на животната средина“
Првиот час по предметот „Радиохемија со радиохемија на животната средина“ за студентите од четврта година година, седми семестар, насока применета хемија, ќе се одржи на 22.09.2014 година, понеделник, во 9.00 часот, во сала за конференции.
Предметен наставник,
вонр. проф. Владимир Ивановски
СООПШТЕНИЕ Соработници за лабораториски вежби
Институтот за хемија на Природно-математичкиот факултет во Скопје има потреба од ангажирање на соработници за техничка помош при изведување на лабораториски вежби во зимскиот семестар во академската 2014/15 година.
Заинтересираните треба да поднесат документи (CV, уверение, други документи за компетенции) до раководителот на Институтот за хемија, проф. д-р Марина Стефова, по електронска пошта (marinaiv@pmf.ukim.mk) до понеделник, 22.09.2014 год. до 14 часот. Доколку и претходно поднесувале документи за оваа позиција, тогаш треба да достават само документи за нови компетенции стекнати после доставувањето на претходната пријава.
ПЕРИОДЕН СИСТЕМ НА ЕЛЕМЕНТИТЕ
Во издание на Институтот за хемија при Природно-математичкиот факултет во Скопје излезе ажуриран периоден систем на елементите во постер и А4 формат на 300 g хартија/картон.
Постерите (100 cm × 80 cm) на периодниот систем се печатени на три јазици: македонски, албански и турски. Цената изнесува 1200 ден + 216 ден ДДВ = 1416 ден. Доколку сте заинтересирани ве молиме побарајте профактура на наведената е-адреса (наведете на кого да гласи профактурата и на кој јазик да е периодниот систем): chemistry@pmf.ukim.mk. Уплатата може да се изврши и на општа уплатница според податоците дадени подолу.
Кај малата верзија (А4) која е само на македонски на задната страна се дадени некои од препораките на IUPAC за основните физички величини и нивните симболи и единици, префиксите, некои дозволени единици надвор од SI, вредности на некои физички константи. Оваа верзија е на продажба на Природно-математичкиот факултет (соба 18 на Институтот за хемија) по цена од 60 ден, а може да се нарача и поголем број за потребите на училиштата заедно или одделно со големиот периоден систем.
Цел на дознака: постер на периоден систем (јазик)
Износ: МКД 1416
Назив и седиште на примач: ПМФ - Скопје
Банка на примач: НБРМ
Даночен број: 4043009100070
Трезорска сметка: 100000000063095
Сметка на буџетски корисник: 1600110804 788 19
Приходна шифра програма начин: 723014 41 2
СООПШТЕНИЕ ЗА ПРВИОТ ЧАС ЗА НОВОЗАПИШАНИТЕ СТУДЕНТИ НА ХЕМИЈА ВО 2014/15
Првиот час за новите студенти на студии по хемија ќе се одржи на 15 септември 2014 година во два дела:
- во 12.00 часот во амфитеатарот на физика на Природно-математичкиот факултет (горна зграда)
- во 13.00 часот во амфитеатарот на Институтот за хемија на Природно-математичкиот факултет (долна зграда)
На 4 јули 2014 година во 11 часот на Институтот за хемија (предавална 124) на Природно-математичкиот факултет ќе се одржи јавна одбрана на магистерската работа:
„КАРАКТЕРИЗАЦИЈА НА ПОЛИФЕНОЛИ ВО ТРИ АВТОХТОНИ МАКЕДОНСКИ СОРТИ ЈАБОЛКА СО UV-VIS СПЕКТРОФОТОМЕТРИЈА И ТЕЧНА ХРОМАТОГРАФИЈА СО МАСЕНА СПЕКТРОМЕТРИЈА КОРИСТЕЈЌИ РАЗЛИЧНИ ЕКСТРАКЦИОНИ ТЕХНИКИ” од кандидатот дипл. инж. по хемија Арјан Ганији.