Органска хемија II - Б ниво

1.

Наслов на наставниот предмет

ОРГАНСКА ХЕМИЈА II  – Б ниво

2.

Код

ХМ-403Б

3.

Студиска програма

Хемија (наставна насока)

4.

Организатор на студиската програма (единица, односно институт, катедра, оддел)

Институт за Хемија-ПМФ

5.

Степен (прв, втор, трет циклус)

прв

6.

Академска година / семестар

II/IV

7.

Број на ЕКТС кредити

8

8.

Наставник

Проф. д-р Јане Богданов

Доц. д-р Наташа Ристовска

Проф. д-р Емил Поповски

9.

Предуслови за запишување на предметот

Неорганска хемија А или Б ниво

Органска хемија 1

10.

Цели на предметната програма (компетенции):

Целта на овој курс е да го запознае студентот со вообичаените структурни карактеристики на органските соединенија. Студентот ќе ги запознае карактеристиките на органските соединенија кои содржат специфични функционални групи, како алкохоли, феноли, тиоли, етери, алдехиди, кетони, киселини, естри, амиди, анхидриди, ацил халиди, амини итн. Студентот ќе научи како да ги именува и црта соодветните структури, како и да ги идентификува методите за синтеза на истите. Во изучувањето ќе бидат испитувани и реакциите во кои учествуваат органските соединенија. Исто така, ќе се продолжи развивањето на вештините во лабораториската работа на студентот, вршење на синтези, изолирање и идентификување на определени органски супстанци.

11.

Содржина на предметната програма:

–    Бензен и ароматичност. (номенклатура, структура, стабилност, Huckel-ово правило, молекулски орбитали,  полициклични ароматични соединенија)

–    Хемија на бензен (електрофилна ароматична супституција)  карактеристични реакции и ефект на супституентите при електрофилната ароматична супституција, органски синтези на супституирани бензени

–    Алкохоли и феноли (номенклатура, карактеристични својства, класификација, добивање и реакции).

–    Етери и епоксиди;  тиоли и сулфиди.  (номенклатура, карактеристични својства, добивање, реакции, реакции на отварање на епоксидниот прстен, круна етери).

–    Алдехиди и кетони: нуклеофилни адициони реакции  (номенклатура, карактеристични својства, добивање, реакции-оксидација и редукција на алдехидите и кетоните и нуклеофилни адициони реакции)

–     Карбоксилни киселини и нитрили (номенклатура, карактеристични својства, добивање, реакции, дисоцијација на карбоксилните киселини и ефект на супституентите врз киселоста).

–    Деривати на карбоксилни киселини и нуклеофилни ацил супституциони реакции  (номенклатура на дериватите и нивна релативна реактивност, конверзија од еден дериват во друг, полиамиди и полиестери).

–    Амини (номенклатура, карактеристични својства, класификација и добивање).

 

12.

Методи на учење: предавања, аудиториски вежби, лабораториски вежби

13.

Вкупен расположив фонд на време

240

14.

Распределба на расположивото време

3+1+4 часови неделно (предавања 45 часови, аудито­риски 15 часови и  лабораториски вежби 45 часови)

15.

Форми на наставните активности

15.1.

Предавања- теоретска настава

 45 часови

15.2.

Вежби (лабораториски, аудиториски), семинари, тимска работа

75 часови

16.

Други форми на активности

16.1.

Проектни задачи

 0 часови

16.2.

Самостојни задачи

30 часови

16.3.

Домашно учење

 90 часови

17.

Начин на оценување

17.1.

Тестови (3 колоквиуми и/или завршен испит)

70 бодови

17.2.

Активност и учество (редовност, домашни задачи, квизови)

15 бодови

17.3

Вежби (изработени вежби + завршни вежби)

15 бодови

18.

Kритериуми за оценување (бодови/ оценка)

до 50 бода

5 (пет) (F)

од 51 до 60 бода

6 (шест) (E)

од 61 до 70 бода

7 (седум) (D)

од 71 до 80 бода

8 (осум) (C)

од 81 до 90 бода

9 (девет) (B)

од 91 до 100 бода

10 (десет) (A)

19.

Услов за потпис и полагање на завршен испит

Присуство на предавања и изработени вежби

20.

Јазик на кој се изведува наставата

македонски, англиски

21.

Метод на следење на квалитетот на наставата

анонимна анкета, разговор со студентите

22.

 

Литература

22.1.

Задолжителна литература

Ред. број

Автор

Наслов

Издавач

Година

1.

John McMurry (превод од англиски Ј. Богданов, Б. Богданов)

ОРГАНСКА ХЕМИЈA

Просветно дело, Скопје

2006 (превод 2008)

2.

Bell C. E.; Taber D. F.; Clark A. K  (превод од англиски) Богданов Ј., Богданов Б.:

ПРАКТИКУМ ПО ОРГАНСКА ХЕМИЈА СО КВАЛИТАТИВНА АНАЛИЗА, ЕКСПЕРИМЕНТИ СО СТАНДАРДНА И МИКРОСКАЛА

 3rd edition, Harcourt College Publishers

2001

(превод 2007)

3.

 З.Здравковски, К.Стојаноски

ОСНОВИ НА ОРГАНСКАТА НОМЕНКЛАТУРА: СПОРЕД ПРАВИЛАТА НА IUPAC

Природно Математички Факултет, Скопје

2003

22.2.

Дополнителна литература

Ред. број

Автор

Наслов

Издавач

Година

1.

Vogel, A. I.

Furniss, B. S., Vogel's Textbook of Practical Organic Chemistry. 5th ed.

Longman

: 1989

2.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

    Професор


    Следни испити од овој предмет:

    Материјали

© 2024. Институт за хемија, ПМФ, УКИМ, Скопје.