Експериментална органска хемија

1.

Наслов на наставниот предмет

ЕКСПЕРИМЕНТАЛНА ОРГАНСКА ХЕМИЈА

2.

Код

ХМ-623

3.

Студиска програма

Сите студиски програми на хемија

4.

Организатор на студиската програма (единица, односно институт, катедра, оддел)

Институт за Хемија-ПМФ

5.

Степен (прв, втор, трет циклус)

прв

6.

Академска година / семестар

III/VI

7.

Број на ЕКТС кредити

6

8.

Наставник

Проф. д-р Јане Богданов

9.

Предуслови за запишување на предметот

Органска хемија I и II

10.

Цели на предметната програма (компетенции):

Експериментална органска хемија е напреден лабораториски курс којшто се базира на подготовка, изолација, пречистување и карактеризација на органски соединенија. Се очекува од студентите да ги применат техниките научени во воведните курсеви по органска хемија и да научат понапредни техники. Исто така, овој курс треба да го оспособи студентот за пишување и презентирање на експериментаални резултати во вид на научен труд.

11.

Содржина на предметната програма:

–    Вовед I: повторување на основните техники во модерната препаративна органска и хемија. Експериментален дизајн и користење на хемиска литература. Правилен начин на водење на лабораториски дневник

–    Вовед II: Напредни лабораториски техники. Сепарација на мултикомпонентна смеса и следење на хемиски реакции. Подготовка на примероци за практична спектроскопска карактеризација

–    Дестилациони методи: обична дестилација, фракциона дестилација, дестилација со водна пареа, вакуум дестилација, дестилација на микроскала, вакуум дестилација на микроскала 

–    Екстракции во органската хемија: цврсто-течна екстракција, Soxlet-ова апаратура, изолација на етерични масла со апаратура по Clevenger, течно-течна екстракција,   базно-кисели екстракции.

–    Одбрани реакции од оргнската хемија: Алдолна реакција, Оксидациони и редукциони средства во органската синтеза, Електрофилна ароматична супституција, Diels-Alder-ова реакција, Синтеза на ароматични амини, Органска фотохемија, Хидролиза, естерификација, трансестерификација

–     Квалитативна органска анализа: физички својства, растворливост, класични методи, доказни реакции, подготовка на деривати по функционални групи

–    Практично структурно одредување во органскарта хемија (елементална анализа, масена спектрометрија, одредување на степен на незаситеност, УВ-видлива спектроскопија, инфрацрвена спектроскопија, NMR)

Вежби: Синтетски експеримент 1; : Вкрстена алдолна реакција-синтеза на дибензалацетон; Синтет­ски експеримент 2: Добивање на о-нитроанилин и р-нитроанилин; Синтетски експеримент 3: Органска фотохемија; Реакција на микроскала (синтеза на пара црвено); Реакција на јод со алфа-пинен и со β-пинен; Рециклирање на пластика; Синтеза во повеќе чекори 1, 2, 3; Разделување на смеси и квалитативна органска анализа (Течно-течна екстракција, вакуум дестилација, хроматограф­ски методи, карактеризација на раздвоени непознати, подготовка на деривати на издвоени непознати

12.

Методи на учење: предавања, лабораториски вежби

13.

Вкупен расположив фонд на време

180

14.

Распределба на расположивото време

2+0+5 часови неделно (предавања 30 часови, лабораториски вежби 75 часови)

15.

Форми на наставните активности

15.1.

Предавања- теоретска настава

 30 часови

15.2.

Вежби (лабораториски), семинари, тимска работа

75 часови

16.

Други форми на активности

16.1.

Проектни задачи

25 часови

16.2.

Самостојни задачи

30 часови

16.3.

Домашно учење

 20 часови

17.

Начин на оценување

17.1.

Тестови (1 тест + 1 завршен испит)

30+30  =  60 бодови

17.2.

Семинарска работа/ проект ( презентација: писм./ усна)

10 бодови

17.3.

Активност, учество, резултати од вежби

 30 бодови

18.

Kритериуми за оценување (бодови/ оценка)

до 50 бода

5 (пет) (F)

од 51 до 60 бода

6 (шест) (E)

од 61 до 70 бода

7 (седум) (D)

од 71 до 80 бода

8 (осум) (C)

од 81 до 90 бода

9 (девет) (B)

од 91 до 100 бода

10 (десет) (A)

19.

Услов за потпис и полагање на завршен испит

Присуство на предавања и изработени вежби

20.

Јазик на кој се изведува наставата

македонски, англиски

21.

Метод на следење на квалитетот на наставата

анонимна анкета, разговор со студентите

22.

 

Литература

22.1.

Задолжителна литература

Ред.бр

Автор

Наслов

Издавач

Година

1.

John McMurry (превод од англиски Ј. Богданов, Б. Богданов.

ОРГАНСКА ХЕМИЈA

Просветно дело, Скопје

2006 (превод 2008)

2.

Bell C. E.; Taber D. F.; Clark A. K  (превод од англиски) Богданов Ј., Богданов Б.:

ПРАКТИКУМ ПО ОРГАНСКА ХЕМИЈА СО КВАЛИТАТИВНА АНАЛИЗА, ЕКСПЕРИМЕНТИ СО СТАНДАРДНА И МИКРОСКАЛА

 3rd edition, Harcourt College Publishers

2001

(превод 2007)

3.

Vogel, A. I.

Furniss, B. S., Vogel's Textbook of Practical Organic Chemistry. 5th ed.

Longman

1989

22.2.

Дополнителна литература

Ред.бр

Автор

Наслов

Издавач

Година

1.

 З.Здравковски, К.Стојаноски

ОСНОВИ НА ОРГАНСКАТА НОМЕНКЛАТУРА: СПОРЕД ПРАВИЛАТА НА IUPAC

Природно Математички Факултет, Скопје

2003

2.

Armarego, W. L. F.; Chai, C. L. L.,

  PURIFICATION OF LABORATORY CHEMICALS. 5th ed

  London Butterworth Heinemann: Amsterdam, L.

2003

3.

Williamson, K.L, Minard, R.D., Masters, K.M.

MACROSCALE AND MICRSCALE ORGANIC EXPERIMENTS, 5th ed.

Houghton Mifflin Compаny Boston

2007


    Следни испити од овој предмет:

  • 01 септември 2023 во 12:00 II декада: Писмен испит. Сите кои планираат да полагаат претходно да се пријават на следниот линк: https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSdYw-xAhgbelxpMK9L34_arkw8z0bgu-U8YxVr6GajmN3NV8w/viewform најдоцна до 30 август до 22.00 часот. Предметен наставник Проф. д-р Јане Богданов (студенти по хемија). За студенти што претходно полагале и за кратки консултации има термин истиот ден од 10:30-11:30 часот.
  • 15 септември 2023 во 12:00 II декада: Писмен испит. Сите кои планираат да полагаат претходно да се пријават на следниот линк: https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSdYw-xAhgbelxpMK9L34_arkw8z0bgu-U8YxVr6GajmN3NV8w/viewform најдоцна до 13 септември до 22.00 часот. Предметен наставник Проф. д-р Јане Богданов (студенти по хемија). За студенти што претходно полагале и за кратки консултации има термин истиот ден од 10:30-11:30 часот.

    Материјали

© 2024. Институт за хемија, ПМФ, УКИМ, Скопје.