Клиничка биохемија

1.

Наслов на наставниот предмет

КЛИНИЧКА БИОХЕМИЈА

2.

Код

ХМ-70М

3.

Студиска програма

Хемија (аналитичка биохемија)

4.

Организатор на студиската програма (единица, односно институт, катедра, оддел)

Институт за медицинска и експериментална биохемија, Катедра по биохемија и клиничка биохемија, Медицински факултет, УКИМ

5.

Степен (прв, втор, трет циклус)

Прв

6.

Академска година / семестар

IV/VII

7.

Број на ЕКТС кредити

8

8.

Наставник

Проф.д-р Јасна Богданска-одговорен наставник

Наставници од Медицински факултет 

9.

Предуслови за запишување на предметот

Биохемија I

10.

Цели на предметната програма (компетенции):

Преку наставата и вежбите студентот треба да се запознае со биохемијата и пато-биохемијата на пооделни ткива и органи, правилното функционирање на човечкиот организам и на сите компоненти. Студентот ќе се запознае со лабораториските анализи кои се изведуваат во клиничките лаборатории при испитување на различни клинички состојби во организмот.

11.

Содржина на предметната програма:

Теоретска настава: 

Вовед во клиничката лабораториска биохемија. Компјутеризација и автоматизација во медицински лаборатории; POC тестови; Биохемија и патобиологија на вода и електролити; ацидобазен статус;

Физиолошка и патолошка биохемија на јаглехидрати; Физиолошка и патолошка биохемија на липиди и липопротеини; Физиолошка и патолошка биохемија на серумски протеини; Физиолошка и патолошка биохемија на непротеински азот; Биохемија на инфламација; Физиолошка и патолошка биохемија на нуклеински киселини; Метаболизам на пурини и пиримидини; Физиолошка и патолошка биохемија на хемопротеини; Хематолошки испитувања; Физиолошка и патолошка биохемија на хормоните; Клиничко значење на витамини; Метаболизам на макро елементи и нивното клиничко значење; Биохемија на мускули; Биохемија на срцев мускул; Функција и биохемија на  црниот дроб; Функција и биохемија на бубрег; Функција и биохемија на коски;

Биохемија и дијагностика на малигни тумори; Биохемија и патобиологија на цереброспинална течност; Слободни радикали и антиоксиданси.

Практична настава: 

Организација на биохемиска лабораторија; Сува хемија; Лабораториски анализи за следење на вода и електролити; Лабораториски анализи за следење хомеостаза на водород и ацидобазна рамнотежа; Лабораториски анализи за дијагноза на diabetes mellitus; Лабораториски анализи за определување на липидниот статус; Методи за определување на серумските протеини; Лабораториски анализи за непротеински азот; Лабораториски анализи за следење на бубрежната активност;  Лабораториски анализи за определување на електролити во серум; Лабораториски анализи при анемии и леукемии;

Лабораториски анализи за определување на железо и макроелементи; Лабораториски анализи за определување на хормони; Лабораториски анализи за следење на функцијата на мускулите; Лабораториски анализи за следење на функцијата на кардиоваскуларниот систем; Лабораториски анализи за следење на функцијата на коскеното ткиво; Лабораториски анализи за следење на туморски маркери; Лабораториски анализи на ликвор; Лабораториски анализи за следење на антиоксидансите.

12.

Методи на учење: предавања и лабораториски вежби

13.

Вкупен расположив фонд на време

240

14.

Распределба на расположивото време

4+0+5 часа неделно (предавања 60 часови, лабораториски вежби 75 часови)

15.

Форми на наставните активности

15.1.

Предавања- теоретска настава

60 часови

15.2.

Вежби (лабораториски), семинари, тимска работа

 75 часови

16.

Други форми на активности

16.1.

Домашно учење

105

17.

Начин на оценување                                                              бодови                       мин-макс

17.1.

Тестови

Континуирани проверки

45

27-45 бодови

 

Завршен испит

 

35

21-35 бодови

17.2.

Семинарска работа/ проект ( презентација: писмена и усна)

1-5 бодови

17.3.

Активност и учество-бодови

 

 

 

Теоретска настава-присуство

1-5 бодови

 

 

Практична настава присуство и активност

1-10 бодови

18.

Kритериуми за оценување (бодови/ оценка)

до 59 бода

5 (пет) (F)

од 60 до 68 бода

6 (шест) (E)

од 69 до 76 бода

7 (седум) (D)

од 77 до 84 бода

8 (осум) (C)

од 85 до 92 бода

9 (девет) (B)

од 93 до 100 бода

10 (десет) (A)

19.

Услов за потпис и полагање на завршен испит

Положен испит Биохемија I, изработени вежби и потпис од асистент, не повеќе од 2 оправдани отсуства од предавања.

20.

Јазик на кој се изведува наставата

македонски

21.

Метод на следење на квалитетот на наставата

завршна анкета

22.

 

Литература

22.1.

Задолжителна литература

Ред.бр

Автор

Наслов

Издавач

Година

1.

Walker, J.M., Rapley, R.

Medical Bio-methods Handbook

Humana Press

2005

2.

Gaw, A., Cowan, R.A., O’Reilly, D.S., Stewart, M.J., Shepherd, J.

Clinical Biochemistry 2nd Ed

Churchill Livingstone

1999

3.

Штраус Божидар

Штраусова медицинска биохемија

Медицинска наклада Загреб

2009

22.2.

Дополнителна литература

Ред.бр

Автор

Наслов

Издавач

Година

1.

Џекова, С. и соработници

Биохемија

Медицински факултет, Скопје

2006

2.

Fry, M.

Essential Biochemistry for Medicine

Willey-Blackwell

2010

3.

Нада Мајкиќ Сингх

Медицинска биохемија

Друштво медицнских био­хе­мичара Србије, Београд

2006

4.

Група автори

Клиничка биохемија за студентите по аналитичка биохемија

Медицински факултет, Скопје

2014

5.

Група автори

Практикум по биохемија за студентите по биоаналитичка хемија

Медицински факултет, Скопје

2014


    Следни испити од овој предмет:

  • 07 јуни 2021 во 10:00 Испитот ќе се полага on line на teams platforma vo period od 10-11.30,
  • 14 јуни 2021 во 09:00 Испитот ќе се одржи во термин од 09.00-10.30 часот, на teams платформа. Испитот е внесен во календарот за испити

    Материјали

© 2024. Институт за хемија, ПМФ, УКИМ, Скопје.