Биохемија III

1.

Наслов на нaставниот предмет

БИОХЕМИЈА III

2.

Код

ХМ-80Б

3.

Студиска програма

Хемија (аналитичка биохемија)

4.

Организатор на студиската програма (единица, односно институт, катедра, оддел)

ПМФ – Институт за хемија

5.

Степен (прв, втор, трет циклус)

Прв циклус

6.

Академска година/семестар

IV/VIII

7.

Број на ЕКТС кредити

6

8.

Наставник

Проф. д-р Сашо Панов

9.

Предуслови за запишување на предметот

Ислушан предметот Основи на молекуларната биологија

10.

Цели на предметната програма (компетенции):

Студентите треба да се стекнат со основни и проширени знаења за  молекуларната генетика, за молекуларните основи на наследувањето, мутациите и нивната репарација, структурата и организацијата гените и геномите, како и на прокариотската и еукариотската регулација на генската експресија. Покрај тоа, потребно е да се запознаат со основите на  рекомбинантнаta  DNA  технологија, односно, генетскиот инженеринг.

11.

Содржина на предметната програма:

Регулација на генската експресија. Регулација на генската експресија кај прокариотите - промотори и концепт на оперони. Контрола на транскрипцијата на ниво оператор-репресор: lac оперон. DNA-врзувачки регулаторни протеини; координирање на експресијата на гените; други механизми за регулација на транскрипцијата. Посттранскрипциска регулација на генската експресија кај еукариотите; транслациска и посттранслациска регулација. Основи на класичната (трансмисиска) генетика. Прв и втор Менделов закон на наследувањето. Молекуларни аспекти на доминантноста и рецесивноста. Отстапувања од Менделовите закони и други форми на наследување. Наследување врзано со половите хромозоми. DNA рекомбинација и мапирање на гените. Молекуларни аспекти на генските мутации. Биолошка репарација на DNA мутациите. Еволутивно значење на мутациите. Геномика; прокаритски геноми; еукаротскиот геном и негова експресија; репетитивни секвенци во еукариотскиот геном; структура на протеин-кодирачките гени; еукариотски генски фамилии; хуман геном. Генетика на бактериите и нивните вируси. Транскриптомика, интерактомика и регулатомика. Основни концепти на рекомбинантната  DNA  технологија.

12.

Методи на учење: теоретска настава и лабораториски вежби

13.

Вкупен расположив фонд на време

180 часови

14.

Распределба на расположивото време

3+0+3 часови неделно

15.

Форми на наставните активности

15.1

Предавања-теоретска настава

45 часови

15.2

Вежби (лабораториски), семинари, тимска работа

45 часови

16.

Други форми на активности

16.1

Проектни задачи

15 часови

16.2

Самостојни задачи

15 часови

16.3

Домашно учење

60 часови

17.

Начин на оценување: Преку задолжителни 2 колоквиума од теоретскиот дел или со полагање на завршен испит, практичен испит (со можност за полагање преку два колоквиума или на цел практичен испит, како и со редовноста и со активноста на предавањата.  

17.1.

Тестови

минимум 40 и максимум 80 бодови                                                 

17.2.

Семинарска работа/проект (презентација:писмена и усна)

 

17.3.

Активност и учество

 

18.

Критериуми за оценување (бодови/оценка)

до 56,00 бода

      5 (пет)        (F)                 

од 56,00 до 65,99 бода

      6 (шест)     (E)

од 66,00 до 75,99 бода

      7 (седум)   (D)

од 76,00 до 84,99 бода

      8 (осум)     (C)

од 85,00 до 92,99 бода

      9 (девет)    (B)

од 93,00 до 100 бода

    10 (десет)    (A)

19.

Услови за потпис и полагање на завршен испит

Услов за потпис е редовно следење на практичната настава (изостаноци на максимум 2 вежби). За положување на испитот/освојување на кредитите, неопходно е да се освојат минимум 56 бода. Испитот не може да се положи доколку не се освои минимумот бодови и од практичниот дел и минимумот бодови од секој од колоквиумите за теоретскиот дел, поединечно. Бодовите од редовност и од активност на предавања не се задолжителни, но учествуваат во пресметувањето.

20.

Јазик на кој се изведува наставата

Македонски

21

Метод на следење на квалитетот на наставата

Анкетна евалуација

22.

Литература

            Задолжителна литература

22.1

Ред.бр

Автор

Наслов

Издавач

Година

1.

Сашо Панов

Основи на молекуларната биоло­гија и молекуларната генетика

УКИМ

2014

2.

 

 

 

 

22.2

Дополнителна литература

Ред.бр

Автор

Наслов

Издавач

Година

1.

Alberts B, Johnson A, Lewis J, Raff M, Roberts K, Walter P.

Molecular Biology of the Cell. 5th edition

Garland Science

2007

2.

Watson JD, Baker TA, Bell SP, Gann A, Levine M, Losick R.

Molecular Biology of the Gene. 6th edition

Benjamin Cummings

2007


    Следни испити од овој предмет:

  • 25 март 2024 во 10:00
  • 22 мај 2024 во 12:55 Преполагање на еден од колоквиумите и конечни резултати од колоквиумите
  • 04 септември 2024 во 12:00
  • 18 септември 2024 во 12:00
  • 25 ноември 2024 во 13:00 Студентите кои ќе полагаат, молам да се запишат на списокот на следниот линк: https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSfUcYmTcdTJnyDIZgTYwkFFUXq8QWDzVQ4x0O-iV3K7YMf3pw/viewform
  • 28 јануари 2025 во 12:00 Испит од теоретски дел. Задолжително е пријавување на активен список во соопштението од Катедрата за молекуалрна биологија во делот Соопштенија на страницата на Институтот за биологија.
  • 07 февруари 2025 во 12:00 Испит од теоретски дел. Задолжително е пријавување на активен список во соопштението од Катедрата за молекуалрна биологија во делот Соопштенија на страницата на Институтот за биологија.
  • 19 мај 2025 во 12:00 Втор колоквиум.
  • 07 ноември 2025 во 11:00 Испит од теоретски дел. Задолжително пријавување на линк во Соопштението за испити на Катедра по молекуларна биологија објавено на страницата на Институт за биологија.
  • 06 февруари 2026 во 12:00

    Материјали

© 2026. Институт за хемија, ПМФ, УКИМ, Скопје.