Анализа на нафтени деривати и горива

Прилог бр.3 

Предметна програма од прв, втор и трет циклус на студии

1.

Наслов на наставниот предмет

АНАЛИЗА НА НАФТЕНИ ДЕРИВАТИ И ГОРИВА

2.

Код

ХМ-554

3.

Студиска програма

Сите студиски програми на хемија

4.

Организатор на студиската програма (единица, односно институт, катедра, оддел)

ПМФ, Институт за хемија

5.

Степен (прв, втор, трет циклус)

прв

6.

Академска година / семестар

зимски

7.

Број на ЕКТС кредити

4

8.

Наставник

Проф. д-р Јане Богданов

9.

Предуслови за запишување на предметот

Органска хемија I и II, Аналитичка хемија I и II

10.

Цели на предметната програма (компетенции):

Да се изучат методите за анализа на нафтени деривати и горива

 

11.

Содржина на предметната програма:

Вовед; Сурова нафта: Процес на рафинирање - Претходна обработка, Фракциона (ректификациона) дестилација на суровата нафта, Фракциона дестилација под намален притисок (вакуум дестилација), Крекинг на тешките нафтени фракции, Каталитички хидрокрекинг. Горива: Согорување и горење, Принципи на согорувањето, Класификација на горивата, Калориска вредност, Карактеристки на добри горива. Гасовити горива: Класифика­ција на гасовитите горива, Карактеристики на гасовитите горива, Природни гасовити гори­ва, Гасовити горива добиени од други материјали. Течни горива: Бензински горива, Дизел горива, Биодизел, Мазут. Масла за подмачкување (лубриканти): Вискозност, Класификација на лубрикантите според намената, според карактеристиките и NLGI класификација, Mинерал­ни базни масла и хемиски модифицирани лубриканти, Синтетички базни масла, Квалитет на базните масла и додавање адитиви. Битумен и асфалт: Добивање на рафиниран битумен, Типови (категории) на асфалт/битумен; Цврсти горива: Јаглен (Компоненти на јагленот, Деривати добиени од јаглените, Земање примерок на јаглен за анализа, Анализа на јаглените, Класификација на јаглените, Сулфур во јаглените), Кокс (Добивање на кокс, Примена на коксот, Особини на коксот), Петрол кокс (Типови, особини и употреба на петрол коксот, Процеси на добивање на петрол кокс), Активен јаглен и адсорпција (Процес на адсорпција, Адсорбенти, Регенерација и реактивација на адсорбенти). Гранулометрија.

Вежби:Одредување на густина на нафтените деривати; Одредување на вода во нафтените деривати; Одредување на корозивност на нафтените деривати; Одредување на калориска вредност  со калориметриска бомба; Одредување на составот на гасовитите горива. Анализа на квалитетот на бензини, дизел горива. Анализа на лубриканти. Анализа на битумени.

 

12.

Методи на учење: предавања, вежби

13.

Вкупен расположив фонд на време

120

14.

Распределба на расположивото време

2+2 (предавања 30 часови, лабораториски вежби 30 часови)

15.

Форми на наставните активности

15.1.

Предавања- теоретска настава

30 часови

15.2.

Вежби (лабораториски,, семинари, тимска работа

30 часови

16.

Други форми на активности

16.1.

Проектни задачи

часови

16.2.

Самостојни задачи

часови

16.3.

Домашно учење

60 часови

17.

Начин на оценување

17.1.

Писмен и/или усен испит

70 бодови

17.2.

Семинарска работа/ проект ( презентација: писм./ усна)

 

17.3.

Активност, учество, резултати од вежби

 30 бодови

18.

Kритериуми за оценување (бодови/ оценка)

до 50 бода

5 (пет) (F)

од 51 до 60 бода

6 (шест) (E)

од 61 до 70 бода

7 (седум) (D)

од 71 до 80 бода

8 (осум) (C)

од 81 до 90 бода

9 (девет) (B)

од 91 до 100 бода

10 (десет) (A)

19.

Услов за потпис и полагање на завршен испит

Присуство на предавања и изработени вежби

20.

Јазик на кој се изведува наставата

македонски, англиски

21.

Метод на следење на квалитетот на наставата

анонимна анкета, разговор со студентите

22.

 

Литература

22.1.

Задолжителна литература

Ред.бр

Автор

Наслов

Издавач

Година

 

Автор

Наслов

Издавач

Година

1.

Богданов Ј.

Богданов Б.

Анализа на нафтени деривати и горива

Електронско издание

2015

 

 

 

 

 

22.2.

Дополнителна литература

 

Автор

Наслов

Издавач

Година

1.

James G. Speight

The Chemistry and Technology of Petroleum, 5th ed

CRC Press , Taylor & Francis Group

2014

2.

James G. Speight

The Chemistry and Technology of Coal

CRC Press , Taylor & Francis Group

2013

    Предметот е вклучен во следните насоки:


    Следни испити од овој предмет:

  • 25 август 2023 во 12:00 I декада: Писмен испит. Сите кои планираат да полагаат претходно да се пријават на следниот линк: https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSdYw-xAhgbelxpMK9L34_arkw8z0bgu-U8YxVr6GajmN3NV8w/viewform најдоцна до 23 август до 22.00 часот. Предметен наставник Проф. д-р Јане Богданов (студенти по хемија). За студенти што претходно полагале и за кратки консултации има термин истиот ден од 10:30-11:30 часот.
  • 01 септември 2023 во 12:00 II декада: Писмен испит. Сите кои планираат да полагаат претходно да се пријават на следниот линк: https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSdYw-xAhgbelxpMK9L34_arkw8z0bgu-U8YxVr6GajmN3NV8w/viewform најдоцна до 30 август до 22.00 часот. Предметен наставник Проф. д-р Јане Богданов (студенти по хемија). За студенти што претходно полагале и за кратки консултации има термин истиот ден од 10:30-11:30 часот.
  • 26 јануари 2024 во 12:00 Писмен испит (ИХ Амфитеатар). Сите кои планираат да полагаат претходно да се пријават на следниот линк: https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSdYw-xAhgbelxpMK9L34_arkw8z0bgu-U8YxVr6GajmN3NV8w/viewform најдоцна до 23 Јануари септември до 22.00 часот. Предметен наставник Проф. д-р Јане Богданов (студенти по применета и наставна хемија).
  • 02 февруари 2024 во 12:00 Писмен испит (ИХ Амфитеатар). Сите кои планираат да полагаат претходно да се пријават на следниот линк: https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSdYw-xAhgbelxpMK9L34_arkw8z0bgu-U8YxVr6GajmN3NV8w/viewform најдоцна до 23 Јануари септември до 22.00 часот. Предметен наставник Проф. д-р Јане Богданов (студенти по применета и наставна хемија).
  • 16 февруари 2024 во 12:00 Писмен испит (ИХ Амфитеатар). Сите кои планираат да полагаат претходно да се пријават на следниот линк: https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSdYw-xAhgbelxpMK9L34_arkw8z0bgu-U8YxVr6GajmN3NV8w/viewform најдоцна до 23 Јануари септември до 22.00 часот. Предметен наставник Проф. д-р Јане Богданов (студенти по применета и наставна хемија).

    Материјали

© 2024. Институт за хемија, ПМФ, УКИМ, Скопје.