Прилог бр. 3 |
Предметна програма од прв, втор и трет циклус на студии |
||||||||||||||||||
1. |
Наслов на нaставниот предмет |
ОСНОВИ НА МОЛЕКУЛАРНАТА БИОЛОГИЈА |
|||||||||||||||||
2. |
Код |
ХМ-70Б |
|||||||||||||||||
3. |
Студиска програма |
Хемија (аналитичка биохемија) |
|||||||||||||||||
4. |
Организатор на студиската програма (единица, односно институт, катедра, оддел) |
ПМФ – Институт за хемија |
|||||||||||||||||
5. |
Степен (прв, втор, трет циклус) |
Прв циклус |
|||||||||||||||||
6. |
Академска година/семестар |
IV/VII |
7. |
Број на ЕКТС кредити |
6 |
||||||||||||||
8. |
Наставник |
Проф. д-р Сашо Панов |
|||||||||||||||||
9. |
Предуслови за запишување на предметот |
Положена Биохемија I |
|||||||||||||||||
10. |
Цели на предметната програма (компетенции): Студентите треба да се стекнат со основни и проширени знаења за молекуларната биологија, за структурата и функцијата на биомакромолекулите (DNA, RNA и протеините) и основните процеси: репликација, транскрипција и транслација. |
||||||||||||||||||
11. |
Содржина на предметната програма: Вовед - основни концепти и историски осврт. Дефиниција на молекуларната биологија. Кус историски осврт. Централна догма на молекуларната биологија. DNA молекулите како носители на генетските информации; експериментот на Евери; експериментот на Хиршеј и Чејс. Основни карактеристики на наследниот материјал; структура на DNA; Вотсон-Криков модел за структурата на DNA молекулот; структурна организација на DNA молекулот во хромозомите; суперспирализирана структура на циркуларните DNA молекули; нуклеозомална организација на DNA кај екариотите. Репликација на DNA; експериментот на Мезелсон и Стал; DNA полимерази; иницирање на репликацијата; репликациска вилушка; елонгација; реплизом - молекуларна машина за DNA репликација; специфики на DNA репликацијата кај еукариотите; репликациски проблем со теломерните краеви; терминирање на DNA репликацијата. Транскрипција - синтеза на РNA по урнек на DNA. Структура и функција на RNA молекулите. Транскрипција кај прокариотите; инцицијација на транскрипцијата, елонгација на транскрипцијата и терминацијата на транскрипцијата кај E. colи. Транскрипција кај еукариотите. Посттранскрипциски модификации; процесирање на 5' и 3' краевите на примарниот транскрипт од протеин-кодирачките гени. RNA сплајсинг - прекројување на примарниот RNA транскрипт; алтернативен сплајсинг. Транслација - синтеза на протеини. Генетски код. Транспортна RNA; поврзување на аминокиселините со tRNA. Рибозомите како транслациска машинерија. Процес на транслација; иницијација, елонгација и терминација на транслацијата. Протеини - номенклатура, големина на протеинските молекули. Нивоа на протеинската структура - примарна, секундарна, терциерна и кватернарна структура. Структурна класификација на протеините. Примери на глобуларни, фибриларни и мембрански протеини. Регулација на транслацијата; посттранслациски случувања. Посттранслациска модификација на протеините. |
||||||||||||||||||
12. |
Методи на учење: теоретска настава и лабораториски вежби |
||||||||||||||||||
13. |
Вкупен расположив фонд на време |
120 часови |
|||||||||||||||||
14. |
Распределба на расположивото време |
4+0+3 часови неделно (предавања, вежби, самостојна работа, проектни задачи, учење дома) |
|||||||||||||||||
15. |
Форми на наставните активности |
15.1 |
Предавања-теоретска настава |
60 часови |
|||||||||||||||
15.2 |
Вежби (лабораториски), семинари, тимска работа |
45 часови |
|||||||||||||||||
16. |
Други форми на активности |
16.1 |
Проектни задачи |
15 часови |
|||||||||||||||
16.2 |
Самостојни задачи |
часови |
|||||||||||||||||
16.3 |
Домашно учење |
часови |
|||||||||||||||||
17. |
Начин на оценување |
||||||||||||||||||
17.1. |
Тестови |
минимум 40 и максимум 80 боdови |
|||||||||||||||||
17.2. |
Семинарска работа/проект (презентација:писмена и усна) |
|
|||||||||||||||||
17.3. |
Активност и учество |
|
|||||||||||||||||
18. |
Критериуми за оценување (бодови/оценка) |
до 56,00 бода |
5 (пет) (F) |
||||||||||||||||
од 56,00 до 65,99 бода |
6 (шест) (E) |
||||||||||||||||||
од 66,00 до 75,99 бода |
7 (седум) (D) |
||||||||||||||||||
од 76,00 до 84,99 бода |
8 (осум) (C) |
||||||||||||||||||
од 85,00 до 92,99 бода |
9 (девет) (B) |
||||||||||||||||||
од 93,00 до 100 бода |
10 (десет) (A) |
||||||||||||||||||
19. |
Услови за потпис и полагање на завршен испит |
Услов за потпис е редовно следење на практичната настава (изостаноци на максимум 2 вежби). За положување на испитот/освојување на кредитите, неопходно е да се освојат минимум 56 бода. Испитот не може да се положи доколку не се освои минимумот бодови и од практичниот дел и минимумот бодови од секој од колоквиумите за теоретскиот дел, поединечно. Бодовите од редовност и од активност на предавања не се задолжителни, но учествуваат во пресметувањето. |
|||||||||||||||||
20. |
Јазик на кој се изведува наставата |
Македонски |
|||||||||||||||||
21 |
Метод на следење на квалитетот на наставата |
Анкетна евалуација |
|||||||||||||||||
22. |
Литература |
||||||||||||||||||
Задолжителна литература |
|||||||||||||||||||
22.1 |
Ред.број |
Автор |
Наслов |
Издавач |
Година |
||||||||||||||
1. |
Сашо Панов |
Основи на молекуларната биологија и молекуларната генетика |
УКИМ |
2014 |
|||||||||||||||
2. |
|
|
|
|
|||||||||||||||
22.2 |
Дополнителна литература |
||||||||||||||||||
Ред.број |
Автор |
Наслов |
Издавач |
Година |
|||||||||||||||
1. |
Alberts B, Johnson A, Lewis J, Raff M, Roberts K, Walter P. |
Molecular Biology of the Cell. 5th edition |
Garland Science |
2007 |
|||||||||||||||
2. |
Watson JD, Baker TA, Bell SP, Gann A, Levine M, Losick R. |
Molecular Biology of the Gene. 6th edition |
Benjamin Cummings |
2007 |