Општа методика во хемијата

1.

Наслов на наставниот предмет

ОПШТА МЕТОДИКА ВО ХЕМИЈАТА

2.

Код

HМ-606

3.

Студиска програма

Наставна хемија

4.

Организатор на студиската програма (единица, односно институт, катедра, оддел)

Институт за хемија

5.

Степен (прв, втор, трет циклус)

Прв

6.

Академска година / семестар

III/VI

7.

Број на ЕКТС кредити

8

8.

Наставник

Проф. д-р Марина Стојановска

9.

Предуслови за запишување на предметот

Oрганска хемија II, Педагогија, Психологија

10.

Цели на предметната програма (компетенции):
Да се стекнат основни познавања од методиката во наставата во хемија.

11.

Содржина на предметната програма:
Предавања: Вовед во методиката во хемијата. Предмет и задачи на методиката. Концепциска поставеност на воспитно-образовниот процес по хемија во нашата држава. Наставни планови по хемија (деветгодишно основно, реформирано гимназиско и средно стручно образование). Наставни програми по хемија. Планирање и организација за наставата по хемија. Годишна глобална подготовка и план на наставата. Подготовка и план на наставна тема (тематско-процесно планирање). Подготовка и план на наставен час (дневна подготовка, форми на работа на часот, типови наставни часови во хемијата). Наставни методи (формирање на поими и претстави во наставата по хемија, класификација на наставните методи, графички организатори). Извори на знаење во наставата по хемијата (набљудување, искуството на ученикот, експериментирање, живиот збор на наставникот, учебна и друга литература за хемиско образование). Проверување и оценување на знаењата и умеењата на учениците (формативно и сумативно оценување, објективност во оценувањето, фактори што влијаат на оценувањето, методи на оценување). Тестови на знаење (видови тестови на знаење, предности и недостатоци, планирање на тестот, видови објективни прашања, подготовка и задавање на тестот, оценување и бодување на одговорите). Блумова таксономија. Улогата и ликот на наставникот по хемија. Запознавање со клучните компетенции за демократска култура. Примена на референтната рамка на компетенции за демократска култура (RFCDC).

Вежби: Анализа на наставни планови и програми по хемија; Анализа на учебници и збирки со прашања и задачи по хемија; Изработка и анализа на годишна подготовка и план; Изработка и анализа на тематско-процесно планирање; Изработка и анализа на дневна подготовка; Изработка на дневна подготовка и реализација на наставен час за обработка на ново градиво; Изработка на дневна подготовка и реализација на наставен час за утврдување на знаењата; Изработка на дневна подготовка и реализација на наставен час за лабораториска работа; Изработка на дневна подготовка и реализација на наставен час за групна работа; Изработка на дневна подготовка и реализација на рекреативен наставен час; Изработка на дневна подготовка и реализација на наставен час со примена на графички организатори; Изработка на тематски тест за проверка на знаењето; Изработка на тест според Блумовата таксономија; Примена на едноставни експерименти во наставата по хемија. Контроверзни теми во наставата по природни науки. Инкорпорирање на клучните концепти од образованието за демократска култура преку примена на дескриптори.

12.

Методи на учење: предавање, аудиториски вежби, проектни задачи, семинарски работи, самостојно учење

13.

Вкупен расположив фонд на време

240

14.

Распределба на расположивото време

3+2+2 (предавања 45 часови, теоретски вежби 30 часови, лабораториски вежби 30 часови)

15.

Форми на наставните активности

15.1.

Предавања- теоретска настава

45 часови

15.2.

Вежби

60 часови

16.

Други форми на активности

16.1.

Проектни задачи

45 часови

16.2.

Самостојни задачи

40 часови

16.3.

Домашно учење

50 часови

17.

Начин на оценување

17.1.

Тестови

40 бодови

17.2.

Индивидуална работа/ проект ( презентација: писм./ усна)

20 бодови

17.3.

Активност и учество

 40 бодови

18.

Kритериуми за оценување (бодови/ оценка)

               до 50 бода

5 (пет) (F)

       од 51 до 60 бода

6 (шест) (E)

       од 61 до 70 бода

7 (седум) (D)

       од 71 до 80 бода

8 (осум) (C)

       од 81 до 90 бода

9 (девет) (B)

     од 91 до 100 бода

10 (десет) (A)

19.

Услов за потпис и полагање на завршен испит

Присуство на предавања и изработени вежби

20.

Јазик на кој се изведува наставата

Македонски

21.

Метод на следење на квалитетот на наставата

анонимна анкета, разговор со студентите

22.

 

Литература

22.1.

Задолжителна литература

Ред.бр

Автор

Наслов

Издавач

Година

1.

М. Стојановска

Интерна скрипта за предметот Општа методика во хемијата

 

 

2.

R. Dragić

Metodika nastave hemije

Svijetlost, Sarajevo

1973

3.

M. Sikirica

Metodika nastave kemije

Školska knjiga, Zagreb

2003

 

 

 

актуелни учебници по хемија за основно и средно образование

 

 

22.2.

Дополнителна литература

Ред.бр

Автор

Наслов

Издавач

Година

1.

В.Петрушевски М. Најдоски

Експериментот во наставата по хемија I

Магор, Скопје

2000

2.

М. Најдоски В.Петрушевски

Експериментот во наставата по хемија II

Магор, Скопје

2002

3.

R. Halasi, M. Hesler

Metodika nastave hemije i demonstracioni ogledi

Naucna kniga, Beograd

1976

4.

N. Trnavac, J. Đorđević

Pedagogija: Udžbenik za nastavnike

Naučna KMD, Beograd

2010

 

5.

В. Петроска Бешка

Изработка и примена на објектив­ни тестови на знаење. Прирачник

Малинска, Скопје

1993

 

    Предметот е вклучен во следните насоки:


    Следни испити од овој предмет:

    Материјали

© 2024. Институт за хемија, ПМФ, УКИМ, Скопје.