Теоретска неорганска хемија

1.

Наслов на наставниот предмет

ТЕОРЕТСКА НЕОРГАНСКА ХЕМИЈА

2.

Код

HM-301

3.

Студиска програма

Сите студиски програми на хемија

4.

Организатор на студиската програма (институт, катедра, оддел)

Институт за хемија

5.

Степен (прв, втор, трет циклус)

Прв

6.

Академска година / семестар

II/III

7.

Број на ЕКТС кредити

6

8.

Наставник

Проф. д-р Билјана Пејова

9.

Предуслови за запишување на предметот

Општа хемија

10.

Цели на предметната програма (компетенции): Студентот да добие продлабочени знаења за хемијата на неорганските соединенија.

11.

Содржина на предметната програма
1. Вовед: атомски орбитали, водородно слични атоми, повеќеелектронски атоми
2. Хемиско сврзување кај неорганските соединенија: јонска врска (енергетски аспекти при образување на јонска врска, интеракции меѓу јони, енталпија на кристална решетка), луисовски структури (октетно правило, резонанца, формален полнеж, оксидационен број, хипервалентност), карактристики на хемиска врска (должина на врска, јачина на врска, енергија на врска)
3. Молекулски форми кај неорганските соединенија: VSPR метод (основни геометриски форми на молекулите, модификации на основните геометриски форми), теорија на валентни врски (хомонуклеарни двоатомски молекули, повеќеатомски молекули, концепт на хибридизација), теорија на молекулски орбитали (молекулски орбитали кај хомонуклеарни двоатомски молекули, молекулски орбитали кај повеќеатомски молекули, карактеристики на повеќекратните врски)
4. Хемиско сврзување кај комплексни честички: комплексни честички, координациони соединенија (неутрални и јонски), лиганди (амбидентатни, полидентатни), полинуклеарни комплекси, номенклатура, координациони полиедри, изомерија и хиралност, хемиско сврзување од аспект на теорија на валентни врски, теорија на кристално поле (октаедарско и тетраедарско кристално поле, спектрохемиска низа, електронска конфигурација на dn комплекси, оптички и магнетни својства на комплексните честички), теорија на лигандно по­ле (октаедарски комплекс, енергетски дијаграм на МО кај октаедарски комплекс, π- сврзување, ефектот на π-сврзување врз параметарот на расцепување на лигандното поле)
5. Меѓумолекулски интеракции кај неоргански соединенија: образување на кондензирана фаза, јон-дипол интеракции, дипол-дипол интеракции, лондонови сили, водородна врска
6. Структура на неоргански соединенија во цврста фаза: кристални и аморфни супстанци, класификација на цврстите кристални супстанци (метали, јонски, структури темелени на мрежа од ковалентно сврзани атоми, молекулски), опишување на структурата на цврстите супстанци (концепт на густо пакување на сфери, празнини во густо-пакувани структури, елементарна ќелија, кристални системи)
7. Хемиско сврзување кај електронските спроводници: модел на слободен електрон, основи на зонска теорија (од двоатомска молекула до еднодимензионална цврста фаза, електронска структура на цврста фаза),  електронска структура на полуспроводници (сопствени и примесни полуспроводници, p и n - тип на полуспроводливост), суперспроводници
8. Неоргански материјали: тврди и меки материјали, метали и легури, тврди материјали (ди­ја­мант и графит; калциум карбонат; силикати; цемент и бетон; бориди, карбиди и нитриди; стак­ла; керамики), материјали релевантни за новите технологии (полуспроводници, су­пер­спро­водници, луминисцентни материјали, магнетни материјали, композитни материјали ), на­но­материјали
9. Механизми на неоргански реакции: хемиска кинетика и реакциони механизми (хемиски реакции и енергетски промени,  теорија на судири, теорија на преодна состојба, стерни ефекти и реактивност на ориентирани молекули, реакциони енергетски профили и реакциони координати, бимолекуларна (SN2) и мономолекуларна (SN1) нуклеофилна супституција, нови аспекти на механизмот на бимолекуларна супституција во гасна фаза, класификација на механизмите на реакциите во неорганската хемија кои вклучуваат метални комплекси: D, A, Id и Ia механизми, директно набљудување на активираниот комплекс, влијание на растворувачот врз брзината и механизмот на хемиската реакција), реакции на супституција кај метални комплекси (SE2 механизам, лабилни и инертни комплекси, реакции на супституција кај октаедарски комплекси, нуклеофилност во неорганска хемија, реакции на супституција кај квадратно-планарни комплекси, реакции на супституција кај тетраедарски комплекси, реакции на супституција кај карбонили), оксидациона адиција и редукциона елиминација, редокс реакции, реакции со слободни радикали

12.

Методи на учење: Предавања, самостојни задачи

13.

Вкупен расположив фонд на време

180

14.

Распределба на расположивото време

4+0+0 (предавања 60 часа)

15.

Форми на наставните активности

15.1.

Предавања-теоретска настава

60 часови

15.2.

Вежби (лабораториски, аудиториски), семинари, тимска работа

  0 часови

16.

Други форми на активности

16.1.

Проектни задачи

0 часови

16.2.

Самостојни задачи

30  часови

16.3.

Домашно учење

90  часови

17.

 

Начин на оценување

17.1

Тестови

90 бодови

17.2

Индивидуална работа/ проект ( презентација: писм./ усна)

0 бодови

17.3

Активност, учество, резултати од вежби

 10 бодови

18.

Kритериуми за оценување (бодови/ оценка)

до 50 бода

5 (пет) (F)

од 51 до 60 бода

6 (шест) (E)

од 61 до 70 бода

7 (седум) (D)

од 71 до 80 бода

8 (осум) (C)

од 81 до 90 бода

9 (девет) (B)

од 91 до 100 бода

10 (десет) (A)

19.

Услов за потпис и полагање на завршен испит

Присуство на предавања и активност

20.

Јазик на кој се изведува наставата

македонски, англиски

21.

Метод на следење на квалитетот на наставата

анонимна анкета, разговор со студентите

22.

Литература

22.1

Задолжителна литература

 

Автор

Наслов

Издавач

Година

1.

Шрајвер, Аткинс

Неорганска хемија

Микена, Битола

2010

2.

P. Atkins, L. Jones, L. Laverman

Chemical principles: The quest for insight

W. H. Freeman and Company, New York

2013

3.

Smiljko Ašperger

Chemical kinetics and inorganic reaction mechanism

Springer Science&Business Media,  New York

2003

22.2

Дополнителна литература

 

Автор

Наслов

Издавач

Година

1.

F. A. Cotton, G. Wilkinson

Advanced inorganic chemistry

W. H. Freeman and Company, New York

1999

2.

F. A. Cotton, G. Wilkinson, P. L. Gaus

Basic inorganic chemistry

John Willey and sons, New York

1995

3.

S. P. A. Kettle

Physical inorganic chemistry

Spectrum Academic Publishers, Oxford

1996

    Предметот е вклучен во следните насоки:


    Следни испити од овој предмет:

  • 23 јуни 2023 во 10:00 Прв испитен рок, П124. Задолжително пријавивање на електронската адреса на предметниот наставник најдоцна два дена пред закажаниот термин.
  • 03 јули 2023 во 10:00 Втор испитен рок, П124. Задолжително пријавивање на електронската адреса на предметниот наставник најдоцна два дена пред закажаниот термин..
  • 10 јануари 2024 во 12:00 Втор колоквиум
  • 25 јуни 2024 во 10:00 Прв испитен рок, П124. Задолжително пријавување на електронската адреса на предметниот наставник, најдоцна два дена пред закажаниот термин.
  • 05 јули 2024 во 10:00 Втор испитен рок, П124. Задолжително пријавување на електронската адреса на предметниот наставник, најдоцна два дена пред закажаниот термин.

    Материјали

© 2024. Институт за хемија, ПМФ, УКИМ, Скопје.