Радиохемија

1.

Наслов на наставниот предмет

РАДИОХЕМИЈА

2.

Код

HM-834

3.

Студиска програма

Сите студиски програми на хемија

4.

Организатор на студиската програма (единица, односно институт, катедра, оддел)

Институт за хемија

5.

Степен (прв, втор, трет циклус)

Прв

6.

Академска година / семестар

IV/VIII

7.

Број на ЕКТС кредити

4

8.

Наставник

Проф. д-р Владимир Ивановски

9.

Предуслови за запишување на предметот

Структура на атоми и молекули

10.

Цели на предметната програма (компетенции):
Студентите треба да се стекнат со основните знаења за процесите на радиоактив­ни трансформации, структурата на јадрото, нуклеарните реакции, хемиските реакции под дејство на радиоактивно зрачење, радиоактивните загадувачи и дозиметрија.

11.

Содржина на предметната програма:
1)Увод. Откритие на радиоактивноста.
2) ЗАКОН ЗА РАДИОАКТИВНОТО РАСПАЃАЊЕ (математичка формулација, изведување, низи од природно радиоактивни елементи, вештачка радиоактивност).
3) РАВЕНКИ НА ПОРАСТ И ОПАЃАЊЕ НА АКТИВНОСТА (експоненцијална зависност, пораст на радиоактивните производи, определување на полувремиња на трансформациите).
4) АТОМСКО ЈАДРО (структура на атомот и на јадрото, нуклеони, својства на јадрото, енергија на сврзување, семиемпириски равенки, систематика на јадрата).
5) ЕЛЕМЕНТАРНИ ЧЕСТИЦИ (фермиони (лептони, (бариони (кваркови))), бозони), својства на барионите, бозони – разменувачки честици или носители на сила (глуони, фотони, гравитони, W и Z), механизам на заемодејство (размена на честички).
6) НУКЛЕАРНИ СОСТОЈБИ И РАДИОАКТИВНИ ПРОЦЕСИ (стационарни состојби на јадрата, слоест модел за структурата на јадрото и магични броеви, теорија на гама премини и нуклеарна изомерија, бета трансформации, алфа трансформации, тунел ефект).
7) НУКЛЕАРНИ РЕАКЦИИ (модел на течна капка, природа на нуклеарните реакции, енергетика на реакциите, потенцијална и центруфугална бариера, ефикасни пресеци за апсорпција на проектили, еластични и нееластични судири, Борова теорија за нуклеарни реакции, фисија, термални неутрони, ефикасни пресеци за апсорпција на термални неутрони).
8) ДОБИВАЊЕ И ПРОУЧУВАЊЕ НА НУКЛЕАРНИТЕ РЕАКЦИИ (инструментација – циклотрон, извори на гама зраци и рендгенски зраци, извори на неутрони).
9) ХЕМИСКИ РЕАКЦИИ ПОД ДЕЈСТВО НА РАДИОАКТИВНО ЗРАЧЕЊЕ (радиолиза на вода и органски соединенија).
10) РАДИОАКТИВНИТЕ ЕЛЕМЕНТИ КАКО ЗАГАДУВАЧИ НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА (основни дозиметриски методи; радијациона контрола и заштита).

12.

Методи на учење: предавања, аудиториски вежби

13.

Вкупен расположив фонд на време

120 часа

14.

Распределба на расположивото време

2+2+0 часа неделно (предавања 30 часа, нумерички вежби 30 часа)

15.

Форми на наставните активности

15.1.

Предавања- теоретска настава

30 часа

15.2.

Вежби (аудиториски), семинари, тимска работа

30 часа

16.

Други форми на активности

16.1.

Проектни задачи

 

16.2.

Самостојни задачи

10 часа

16.3.

Домашно учење

50 часа

17.

Начин на оценување

17.1.

Тестови: колоквиум – задачи.потребен мин. 13 бода
колоквиум – теорија, потребен мин. 13 бода
Испит – задачи, потребен мин. 26 бода
Испит – теорија, усмено испрашување
ВКУПНО (испит или два колоквиума)

25 бода
25 бода
50 бода
50 бода
100 бода

17.2.

Индивидуална работа/проект (презентација)

 

17.3.

Активност и учество

 

18.

Kритериуми за оценување (бодови/ оценка)

               до 50 бода

5 (пет) (F)

       од 51 до 60 бода

6 (шест) (E)

       од 61 до 70 бода

7 (седум) (D)

       од 71 до 80 бода

8 (осум) (C)

       од 81 до 90 бода

9 (девет) (B)

     од 91 до 100 бода

10 (десет) (A)

19.

Услов за потпис и полагање на завршен испит

Присуство на предавања и изработени вежби

20.

Јазик на кој се изведува наставата

Македонски

21.

Метод на следење на квалитетот на наставата

Анонимна анкета, разговор со студентите

22.

 

Литература

22.1.

Задолжителна литература

Ред.бр

Автор

Наслов

Издавач

Година

1.

G. Fridlander, J.W. Kennedy 

Nuklearna i radiokemija 

Naučna knjiga, Beograd

1962

2.

Владимир Ивановски

Интерна скрипта

 

 

3.

 

 

 

 

22.2.

Дополнителна литература

Ред.бр

Автор

Наслов

Издавач

Година

1.

W. Loveland, D.J. Morrissey,  G.T. Seaborg

Modern Nuclear Chemistry

Wiley-Interscience,

New-Jersey

2006

2.

А.К. Пикарев

Современная радиационная химия

 Наука, Москва

1985

3.

 

 

 

 

    Предметот е вклучен во следните насоки:


    Следни испити од овој предмет:

    Материјали

© 2024. Институт за хемија, ПМФ, УКИМ, Скопје.