Хемија на природни производи

1.

Наслов на наставниот предмет

ХЕМИЈА НА ПРИРОДНИ ПРОИЗВОДИ

2.

Код

HM-823

3.

Студиска програма

Сите студиски програми на хемија

4.

Организатор на студиската програма (единица, односно институт, катедра, оддел)

Институт за Хемија-ПМФ

5.

Степен (прв, втор, трет циклус)

Прв

6.

Академска година / семестар

IV/VIII

7.

Број на ЕКТС кредити

4

8.

Наставник

Проф. д-р Јане Богданов
Проф. д-р Наташа Ристовска

9.

Предуслови за запишување на предметот

Органска хемија II

10.

Цели на предметната програма (компетенции):
Целта на овој предмет е на студентот да му се даде концизен преглед во полето на изучување на природните производи со цел да го зајакне знаењето во биолошките и биохемиските науки. Пред се, студентот треба да знае да ги идентификува природните производи, нивното биосинтетско потекло, примена и значење. Потенцирани се сличностите и паралелите помеѓу органските и биохемиските реакции и механизми и клучните интермедиери во биосинтезата на секундарните метаболити. Класификацијата на природните производи, нивните физичко хемиски својства и изолација е централната тема на овој предмет. Студентот ќе биде воведен во експериментални техники на изолација и карактеризација (класична и инструментална) на некои природни производи.

11.

Содржина на предметната програма:
-Вовед во хемијата на природните производи. Примарни и секундарни метаболити. Потекло, улога и својства на природните производи.
-Класификација на секундарни метаболити. Определување на конституција на јаглероден скелет кај природните производи.
-Преглед на клучни интермедиери во биосинтезата на природните производи: ацетил коензим А, шикимска киселина, мевалонска киселина, деоксиксилулоза-5-фосфат и амино киселини како прекурсори на пептиди, некои алкалоиди и пеницилини.
-Биосинтеза на природни производи.
-Преглед на различни класи природни производи: поликетиди и масни киселини, лигнини, ацетогенини, макролиди, простагландини, терпени и стероиди, фенилпропаноиди, алкалоиди и антибиотици.
золација и физичко- хемиски својства на природни производи.
-Стереохемија на природни производи и нивно структурно определување

12.

Методи на учење: предавања, лабораториски вежби

13.

Вкупен расположив фонд на време

120

14.

Распределба на расположивото време

2+0+2 часови неделно (предавања 30 часови + лабораториски вежби 30 часови)

15.

Форми на наставните активности

15.1.

Предавања- теоретска настава

 30 часови

15.2.

Вежби (лабораториски, аудиториски), семинари, тимска работа

30 часови

16.

Други форми на активности

16.1.

Проектни задачи

 10 часови

16.2.

Самостојни задачи

 часови

16.3.

Домашно учење

 50 часови

17.

Начин на оценување

17.1.

Тестови (колоквиуми и/или писмен испит/усно испрашување)

70 бодови

17.2.

Индивидуална работа/ проект ( презентација: писм./ усна)

10 бодови

17.3.

Активност, учество, резултати од вежби

 20 бодови

18.

Kритериуми за оценување (бодови/ оценка)

до 50 бода

5 (пет) (F)

од 51 до 60 бода

6 (шест) (E)

од 61 до 70 бода

7 (седум) (D)

од 71 до 80 бода

8 (осум) (C)

од 81 до 90 бода

9 (девет) (B)

од 91 до 100 бода

10 (десет) (A)

19.

Услов за потпис и полагање на завршен испит

Присуство на предавања и изработени вежби

20.

Јазик на кој се изведува наставата

Македонски

21.

Метод на следење на квалитетот на наставата

анонимна анкета, разговор со студентите

22.

 

Литература

22.1.

Задолжителна литература

Ред. број

Автор

Наслов

Издавач

Година

1.

John McMurry (превод од англиски Богданов Ј., Богданов Б.)

Органска хемија

Просветно дело

2009

2.

Bell, C.E.; Taber, D.F.; Clark, A.K. (превод Богданов Ј., Богданов Б.)

Практикум по органска хемија со квалитативна анализа, експерименти со стандардна и микроскала

 

2006

3.

Јане Богданов, Наташа Ристовска

Природни производи (интер­на скрипта од предавања)

 

2015

22.2.

Дополнителна литература

Ред. број

Автор

Наслов

Издавач

Година

1.

S. V. Bhat, B. A. Nagasapagi, M. Sivakumar

Chemistry of Natural Products

Narosa, India

2005

2.

Steven P. Stanforth

Natural Product Chemistry at a Glance

Wiley-Blackwell; 1st  ed. Oxford,

2006

3.

Paul M. Dewick

Medicinal Natural Products: A Biosynthetic Approach

John Wiley&Sons

2009

4.

Нови ревијални трудови од областа на хемија на природни продукти

    Предметот е вклучен во следните насоки:


    Следни испити од овој предмет:

  • 25 август 2023 во 12:00 I декада: Писмен испит. Сите кои планираат да полагаат претходно да се пријават на следниот линк: https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSdYw-xAhgbelxpMK9L34_arkw8z0bgu-U8YxVr6GajmN3NV8w/viewform најдоцна до 23 август до 22.00 часот. Предметен наставник Проф. д-р Јане Богданов (студенти по хемија). За студенти што претходно полагале и за кратки консултации има термин истиот ден од 10:30-11:30 часот.
  • 01 септември 2023 во 12:00 II декада: Писмен испит. Сите кои планираат да полагаат претходно да се пријават на следниот линк: https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSdYw-xAhgbelxpMK9L34_arkw8z0bgu-U8YxVr6GajmN3NV8w/viewform најдоцна до 30 август до 22.00 часот. Предметен наставник Проф. д-р Јане Богданов (студенти по хемија). За студенти што претходно полагале и за кратки консултации има термин истиот ден од 10:30-11:30 часот.
  • 15 септември 2023 во 12:00 II декада: Писмен испит. Сите кои планираат да полагаат претходно да се пријават на следниот линк: https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSdYw-xAhgbelxpMK9L34_arkw8z0bgu-U8YxVr6GajmN3NV8w/viewform најдоцна до 13 септември до 22.00 часот. Предметен наставник Проф. д-р Јане Богданов (студенти по хемија). За студенти што претходно полагале и за кратки консултации има термин истиот ден од 10:30-11:30 часот.

    Материјали

© 2024. Институт за хемија, ПМФ, УКИМ, Скопје.