Хемија на хетероциклични соединенија

1.

Наслов на наставниот предмет

ХЕМИЈА НА ХЕТЕРОЦИКЛИЧНИ СОЕДИНЕНИЈА

2.

Код

HM-652

3.

Студиска програма

Сите студиски програми на хемија

4.

Организатор на студиската програма (единица, односно институт, катедра, оддел)

Институт за хемија, Природно-математички факултет

5.

Степен (прв, втор, трет циклус)

прв циклус на студии

6.

Академска година / семестар

III/VI

7.

Број на ЕКТС кредити

4

8.

Наставник

Проф. д-р Емил Поповски

9.

Предуслови за запишување на предметот

Органска хемија II

10.

Цели на предметната програма (компетенции):

Целта на овој курс е запознавање на студентите со вообичаените циклични соединенија кои во својот состав имаат еден или два хетероатоми. Студентите ќе научат да ги препознаваат основните структури, да ги именуваат и да ги поврзуваат истите со хемиските и и физичките карактеристики на соединенијата во чија структура се инкорпорирани.

11.

Содржина на предметната програма:

Вовед во хетероциклични соединенија. Реакции за формирање на прстени. Номенклатура на хетероциклични соединенија. Тричлени хетероциклични соединенија со еден хетероатом (азиридини, епоксиди, еписулфиди).Четиричлени хетероциклични соединенија со еден хетероатом (азетидини, оксетани, тиетани). Петочлени хетероциклични соединенија со еден хетероатом (пирол и деривати, фуран и деривати, тиофен и деривати). Шестчлени хетероциклини соединенија со еден хетероатом (пиридин и деривати, фузирани пиридини, пирилиум катјон, пиранони, хроменони). Шестчлени хетероциклични соединенија со два хетероатоми (пиридазин, пиримидин, пиразин, хинолин, оксазин, тиазин, пиперазин, диоксани, морфолин).

12.

Методи на учење: Предавање и лабораториски вежби

13.

Вкупен расположив фонд на време

120  часови

14.

Распределба на расположивото време

2+1 часови неделно (предавања 30 часови, лабораториски вежби 15 часови)

15.

Форми на наставните активности

15.1.

Предавања- теоретска настава

30 часови

15.2.

Вежби (лабораториски)

15 часови

16.

Други форми на активности

16.1.

Проектни задачи

15 часови

16.2.

Самостојни задачи

20 часови

16.3.

Домашно учење

40 часови

17.

Начин на оценување

17.1.

Тестови (колоквиуми и/или писмен испит/усно испрашување)

70 бодови

17.2.

Индивидуална работа/ проект ( презентација: писм./ усна)

10 бодови

17.3.

Активност, учество, резултати од вежби

 20 бодови

18.

Kритериуми за оценување (бодови/ оценка)

до 50 бода

5 (пет) (F)

од 51 до 60 бода

6 (шест) (E)

од 61 до 70 бода

7 (седум) (D)

од 71 до 80 бода

8 (осум) (C)

од 81 до 90 бода

9 (девет) (B)

од 91 до 100 бода

10 (десет) (A)

19.

Услов за потпис и полагање на завршен испит

Присуство на предавања и изработени вежби

20.

Јазик на кој се изведува наставата

Македонски

21.

Метод на следење на квалитетот на наставата

анонимна анкета спроведена кај студентите

22.

 

Литература

22.1.

Задолжителна литература

Ред. број

Автор

Наслов

Издавач

Година

1.

Емил Поповски

Хемија на хетероциклични соединенија

Интерна скрипта

 

2.

Bell C. E.; Taber D. F.; Clark A. K.

ORGANIC CHEMISTRY LABORA­TORY WITH QUALITATIVE ANALYSIS: STANDARD AND MICROSCALE, 3rd edition

 

2001

3.

З.Здравковски, К.Стојаноски

 

ОСНОВИ НА ОРГАНСКАТА НОМЕНКЛАТУРА: СПОРЕД ПРАВИЛАТА НА IUPAC

Природно-математички факултет, Скопје

2003

22.2.

Дополнителна литература

Ред. број

Автор

Наслов

Издавач

Година

1.

 

 

 

 

2.

 

 

 

 

3.

 

 

 

 

    Предметот е вклучен во следните насоки:


    Следни испити од овој предмет:

    Материјали

© 2024. Институт за хемија, ПМФ, УКИМ, Скопје.