Експериментална биохемија

1.

Наслов на наставниот предмет

EКСПЕРИМЕНТАЛНА БИОХЕМИЈА

2.

Код

HM-654

3.

Студиска програма

Сите студиски програми на хемија

4.

Организатор на студиската програма (единица, односно институт, катедра, оддел)

Институт за хемија-ПМФ

5.

Степен (прв, втор, трет циклус)

Прв

6.

Академска година / семестар

III/VI

7.

Број на ЕКТС кредити

4

8.

Наставник

Проф. д-р Наташа Ристовска

9.

Предуслови за запишување на предметот

Органска хемија II и потпис од Биохемија I

10.

Цели на предметната програма (компетенции):

Целта на овој курс е студентите да се здобијат со теоретски знаења за современите постапки и техники во биохемијата и молекуларната биологија како научни дисциплини со интензивен развој. Студентите да стекнат практично искуство за изолирање и пречистување на биомолекули (протеини, нуклеински киселини и други помали молекули), нивна идентификација и квантитативно определување со употреба на класичните и некои современи хроматографски, електрофоретски и спектроскопски методи.

11.

Содржина на предметната програма:

-Општи лабораториски постапки. рН, пуфери, биосензори, определување на концентрација на протеински раствори (метода според Biuret и Lowry, методи според Bradford, BCA и спектрофотометриски методи), квантитативно определување на раствори на нуклеински киселини (спектрофотометриски и др.методи), техники за разделување на биомолекули од раствор по пат на дијализа, ултрафилтрирање, лиофилизација и центрифугално вакуум концентрирање.

-Пречистување и идентификација на биомолекули со хроматографија (планарна, гасна хроматографија, колонска, јоно-изменувачка, гел-ексклузивна, HPLC, афинитетна, имуноадсорпциона и перфузиона хроматографија).

-Карактеризација на протеини и нуклеински киселини со електрофоретски методи (SDS-PAGE, изоелектрично фокусирање, дводимензионална електрофореза, капиларна, имуноелектрофореза) и практична примена на електрофореза.

-Спектрофотометриска анализа на биомолекули (ултравиолетова-видлива абсорпциона спектрофотометрија, флуоресцентна спектрофотометрија, NMR и масена спектрометрија).

-Примена на радиоизотопи во биохемиските истражувања. Изотопи во биохемијата, детекција и определување на радиоактивноста, подготовка и изведување на експеримент, заштита.

-Центрифугирање во биохемиските истражувања. Теоретски основи на центрифугирање, инструментација и примена (препаративни техники, аналитички определувања).

12.

Методи на учење: предавања, аудиториски вежби

13.

Вкупен расположив фонд на време

120

14.

Распределба на расположивото време

2+0+2 часови неделно (предавања 30 часови, лабораториски вежби 30 часови)

15.

Форми на наставните активности

15.1.

Предавања- теоретска настава

 30 часови

15.2.

Вежби (лабораториски, аудиториски), семинари, тимска работа

30 часови

16.

Други форми на активности

16.1.

Проектни задачи

    15 часови

16.2.

Самостојни задачи

 15 часови

16.3.

Домашно учење

 30 часови

17.

Начин на оценување

17.1.

Тестови (усно испрашување)

70 бодови

17.2.

Индивидуална работа/ проект ( презентација: писм./ усна)

10 бодови

17.3.

Активност, учество, резултати од вежби

 20 бодови

18.

Kритериуми за оценување (бодови/ оценка)

до 50 бода

5 (пет) (F)

од 51 до 60 бода

6 (шест) (E)

од 61 до 70 бода

7 (седум) (D)

од 71 до 80 бода

8 (осум) (C)

од 81 до 90 бода

9 (девет) (B)

од 91 до 100 бода

10 (десет) (A)

19.

Услов за потпис и полагање на завршен испит

Присуство на предавања и изработени вежби

20.

Јазик на кој се изведува наставата

Македонски

21.

Метод на следење на квалитетот на наставата

анонимна анкета, разговор со студентите

22.

 

Литература

22.1.

Задолжителна литература

Ред. број

Автор

Наслов

Издавач

Година

1.

Rodney Boyer

Modern experimental biochemistry, third ed.

Prentice Hall

2000

2.

Наташа Ристовска

Експериментална биохемија (интерна скрипта од предавања за студентите од аналитичка биохемија)

 

2014

3.

Наташа Ристовска

Практикум по експериментална биохемија (интерна скрипта за студентите од аналитичка биохемија)

 

2014

22.2.

Дополнителна литература

Ред. број

Автор

Наслов

Издавач

Година

1.

Robert L. Switzer, Liam F. Garrity

Experimental biochemistry

W.H.Freeman

1999

2.

Дејвид Л. Нелсон, Мајкл М. Кокс

Ленинџер – Принципи на биохемијата

Микена - Битола

2011

3.

 

 

 

 

    Предметот е вклучен во следните насоки:


    Следни испити од овој предмет:

  • 23 август 2023 во 09:00 Писмен дел од испитот во прва декада. Студентите кои ќе полагаат да се пријават најдоцна до 21-ви август на следниот линк https://docs.google.com/spreadsheets/d/1RZQJ45DU1Li73PxCtKEjN4CURsCRiWamkj_MMnVeo4o/edit?usp=sharing

    Материјали

© 2024. Институт за хемија, ПМФ, УКИМ, Скопје.