Хемија во практиката

1.

Наслов на нaставниот предмет

ХЕМИЈА ВО ПРАКТИКАТА

2.

Код

HM-659

3.

Студиска програма

Сите студиски програми на хемија

4.

Организатор на студиската програма (единица, односно институт, катедра, оддел)

Природно-математички факултет, Институт за хемија

5.

Степен (прв, втор, трет циклус)

Прв

6.

Академска година/семестар

III/VI

7.

Број на ЕКТС кредити

4

8.

Наставник

Проф. д-р Горан Стојковиќ

9.

Предуслови за запишување на предметот

Органска хемија I

10.

Цели на предметната програма (компетенции):

Запознавање со различни видови на хемиски супстанци и нивна примена во секојдневниот живот на човекот.

11.

Содржина на предметната програма:

Предавања:

  1. Полимерни материјали. Добивање на полимерите. Реакција на полимеризација. Реакција на поликондензација. Својства на полимерите. Додатоци на полимерите.
  2. Примена на полимерните материјали. Разградба на полимерните материјали. Рециклирање на полимерните материјали.
  3. Фулерени. Биополимери.
  4. Експлозиви. Класификација на експлозивите. Хемиски експлозиви.
  5. Бои. Историјат, својства и примена на боите. Природни и синтетички бои.
  6. Хромофорните групи значајни кај боите. Прехранбени бои. Индикатори. Пигменти.
  7. Хемијата и здравјето. Лекови. Видови на лекови и примена. 
  8. Видови на површинско активни супстанци и механизам на нивното дејство. Амфофилни соединенија. Сапуни и детергенти. Лубриканти.  
  9. Храна. Видови на прехранбени производи. Антиоксиданси, конзерванси и адитиви (прехранбени бои, емулгатори, засладувачи и др.) во прехранбените производи. Е- броеви.
  10. Испитување на ризикот на употреба на адитивите.

Вежби:

реакции за добивање на полимери, задачи од областа на полимерите и експлозивите, реакции за добивање на некои лекови, функционални групи кај лекови, подготовка на семинарски работи

12.

Методи на учење: предавања, аудиториски вежби, семинари

13.

Вкупен расположив фонд на време

120

14.

Распределба на расположивото време

2 часа предавања+1 час вежби неделно

15.

Форми на наставните активности

15.1

Предавања-теориска настава

   30 часови

15.2

Вежби (аудиториски), семинари, тимска работа

  15 часови

16.

Други форми на активности

16.1

Проектни задачи

   15 часови

16.2

Самостојни задачи

  20 часови

16.3

Домашно учење

  40 часови

17.

Начин на оценување

17.1.

Тестови

                                                         70 бодови                                

17.2.

Индивидуална работа/проект (презентација:писмена и усна)

                                                         20 бодови

17.3.

Активност, учество и редовност

                                                         10 бодови

18.

Критериуми за оценување (бодови/оценка)

             до 50 бода

      5 (пет)        (F)                 

    од 51 до 60 бода

      6 (шест)     (E)

    од 61 до 70 бода

      7 (седум)   (D)

    од 71 до 80 бода

      8 (осум)     (C)

    од 81 до 90 бода

      9 (девет)    (B)

   од 91 до 100 бода

    10 (десет)    (A)

19.

Услови за потпис и полагање на завршен испит

Присуство на предавања и изработени вежби

20.

Јазик на кој се изведува наставата

Македонски

21

Метод на следење на квалитетот на наставата

анонимна анкета, разговор со студентите

22.

Литература

            Задолжителна литература

22.1

Ред.бр

Автор

Наслов

Издавач

Година

1.

Горан Стојковиќ

 

Хемија во практиката, Интерна скрипта

 

2011.

 

2.

 

 

 

 

3.

 

 

 

 

22.2

Дополнителна литература

Ред.бр

Автор

Наслов

Издавач

Година

1.

Conrad. L. Stanitski, editor in chief

Chemistry in Context, Applying Chemistry to Society, Third Edition

Mc Graw Hill

2000

2.

Klaus Hunger (Editor)

Industrial Dyes, Chemistry, Properties, Applications

WILEY-VCH Verlag GmbH & Co. KGaA, Weinheim

2003

3.

Vladislav M. Varagić, Milenko P. Milošević,

Farmakologija, XII izdanje,

Elit-Medica, Beograd,

1996

4.

Tharwat F. Tadros,

 

Applied Surfactants: Principles and Applications,

WILEY-VCH Verlag GmbH & Co. KGaA, Weinheim

2005

5.

Francisco Delgado-Vargas Octavio Paredes-López

Natural colorants for food and nutraceutical uses

CRC Press LLC

2003

6.

Жаклин Акаван (превод на Ида Блажевска)

Хемија на експлозиви

АД Вербум, Скопје

2009

    Предметот е вклучен во следните насоки:


    Следни испити од овој предмет:

  • 11 септември 2023 во 10:00 II декада: Испитот ќе се одржи во Библиотека со почеток во 10 часот. Услов за полагање: испитот пријавен во i_know, индекс и пополнета хартиена пријава.
  • 21 август 2023 во 10:00 II декада: Испитот ќе се одржи во Библиотека со почеток во 10 часот. Услов за полагање: испитот пријавен во i_know, индекс и пополнета хартиена пријава.

    Материјали

© 2024. Институт за хемија, ПМФ, УКИМ, Скопје.