Легислатива за хемија на животната средина и храна

1.

Наслов на нaставниот предмет

ЛЕГИСЛАТИВА ЗА ХЕМИЈА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА И ХРАНА

2.

Код

HM-761

3.

Студиска програма

Сите студиски програми на хемија

4.

Организатор на студиската програма (единица, односно институт, катедра, оддел)

Природно-математички факултет, Институт за хемија

5.

Степен (прв, втор, трет циклус)

Прв

6.

Академска година/семестар

IV/VII

 

7.

Број на ЕКТС кредити

 4

8.

Наставник

Проф. д-р Горан Стојковиќ

9.

Предуслови за запишување на предметот

Аналитичка хемија II

10.

Цели на предметната програма (компетенции):

Запознавање со законските прописи од областа на заштита на животната средина и безбедноста на храна Овозможување на аналитичарот да се стекне со компетенции за толкување на резултатите од лабораториски анализи во склад со постоечките законски прописи, норми, директиви во Република Македонија или соодветните на Европска Унија или други пазари, а кои се однесуваат на заштита на животната средина и безбедноста на храна.

11.

Содржина на предметната програма:

  1. Уставно-правни основи и систематика на еколошкото право важечко во Република Македонија.
  2. Закон за животна средина. Закон за квалитет на амбиентниот воздух. Закон за води. Закон за заштита на почвата. Запознавање со соодветни закони и директиви на Европска Унија од областа на животната средина.
  3. Список на загадувачки материии и супстанци. Гранични/целни концентрации.
  4. Уставно-правни основи и систематика на важечките законски прописи во Република Македонија за контрола на квалитетот на храната. Закон за квалитет на земјоделски производи. Закон за безбедност на храна. Запознавање со соодветни закони и директиви на Европска Унија од областа на безбедноста на храна.
  5. Прописи за составот на храната, означување, адитиви и др. Присуство на контаминанти и резидуи.
  6. Дефиниција и значење на прифатлив дневен внес (ADI), максимално дозволените концентрации (MDK), максимални нивоа на резидуи (MRL). Минимални барања за перформанси на методи за анализа (MRPL).

12.

Методи на учење: предавања, аудиториски вежби, семинари

13.

Вкупен расположив фонд на време

120

14.

Распределба на расположивото време

2 часа предавања+1 час вежби неделно

15.

Форми на наставните активности

15.1

Предавања-теориска настава

30 часови

15.2

Вежби (лабораториски, аудито­ри­ски), семинари, тимска работа

15 часови  

16.

Други форми на активности

16.1

Проектни задачи

   15 часови  

16.2

Самостојни задачи

  30 часови  

16.3

Домашно учење

   30 часови  

17.

Начин на оценување

17.1.

Тестови

                                                         70 бодови                                    

17.2.

Индивидуална работа/проект (презентација:писмена и усна)

                                                         20 бодови

17.3.

Активност, учество, редовност

                                                         10 бодови

18.

Критериуми за оценување (бодови/оценка)

                 до 50 бода

      5 (пет)        (F)                 

       од 51 до 60 бода

      6 (шест)     (E)

       од 61 до 70 бода

      7 (седум)   (D)

       од 71 до 80 бода

      8 (осум)     (C)

       од 81 до 90 бода

      9 (девет)    (B)

       од 91 до 100 бода

    10 (десет)    (A)

19.

Услови за потпис и полагање на завршен испит

Присуство на предавања и изработени вежби

20.

Јазик на кој се изведува наставата

Македонски

21

Метод на следење на квалитетот на наставата

анонимна анкета, разговор со студентите

22.

Литература

            Задолжителна литература

22.1

Ред.бр

Автор

Наслов

Издавач

Година

1.

 

Интерна скрипта

 

 

2.

 

Закон за животната средина

 

2005

3.

 

ЗАКОН ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА ХРАНАТА И НА ПРОИЗВОДИТЕ И МАТЕРИЈАЛИТЕ ШТО ДОАЃААТ ВО КОНТАКТ СО ХРАНАТА

 

2002.

22.2

Дополнителна литература

Ред.бр

Автор

Наслов

Издавач

Година

1.

Горан Стојковиќ

ЗАКОН ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ОТПАДОТ

 

2017

2.

 

УПАТСТВО ЗА ПРИМЕНА НА ЗАКОНОТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА ХРАНА И ПРОИЗВОДИ И МАТЕРИЈАЛИ ШТО ДОАЃААТ ВО КОНТАКТ СО ХРАНА

 

2005

3.

European Environment Agency's (EEA) 

Легислатива и директиви

http://www.eea.europa.eu/

 

4.

European Food Safety Authority (EFSA)

Легислатива и директиви

http://www.efsa.europa.eu/

 

    Предметот е вклучен во следните насоки:


    Следни испити од овој предмет:

    Материјали

© 2024. Институт за хемија, ПМФ, УКИМ, Скопје.