Рефлексиона спектроскопија

1.

Наслов на наставниот предмет

РЕФЛЕКСИОНА СПЕКТРОСКОПИЈА

2.

Код

ХЕМ-934-23

3.

Студиска програма

ХЕМИЈА

4.

Организатор на студиската програма (единица, односно институт, катедра, оддел)

Институт за хемија

5.

Степен (прв, втор, трет циклус)

Втор

6.

Академска година / семестар

I или II семестар

7.

Број на ЕКТС кредити

6

8.

Наставник

Проф. д-р Владимир Ивановски

9.

Предуслови за запишување на предметот

 

10.

Цели на предметната програма (компетенции):
Запознавање со теоријата и примената на рефлексионата спектроскопија

11.

Содржина на предметната програма:
Вовед. Трансмисија, апсорпција, рефлексија. Френелови равенки за рефлексија. Огледална рефлексија. Испитување на кристали со помош на огледална рефлексија. Влијание на симетријата на кристалот врз спектралната слика. Примена на поларизираното зрчење при испитување на кристали со ниска симетрија. Оптички карактеристики на кристалите. Реален и имагинарен индекс на прекршување. Функција на пермитивноста. реален и имагинарен дел на функцијата на пермитивноста. Тензор на функцијата на пермитивност. Врска помеѓу рефлектанцата и тензорот на пермитивноста, влијание на симетријата. Математички модели на тензорот на пермитивноста и рефлектанцата за испитување на оптичките и диелектрични карактеристики. Типови на ќелии за огледална рефлексиона спектроскопија. АТР спектроскопија. Примена. Испитување на полимери, течности и тенки филмови со АТР спектроскопија. Физички основи на АТР спектроскопијата. Тотална рефлексија, и влијание на упадниот агол и индексот на прекршување врз длабочината на пенетрација на еванесцентното зрачење. АТР на поларизирано зрачење, испитување на анизотропија кај материјалите. Типови на АТР рефлексиони ќелии. Дифузна рефлексија. Примена. Испитување на прашкасти и други силно расејувачки материјали со методот на дифузна рефлексија. Равенка на Кубелка-Мунк. Други моделни равенки и нивна примена. Дифузна рефлексија како аналитичка метода при испитување на пигменти.

12.

Методи на учење:
Следење на предавања и вежби, изработка на семинарска работа, читање и презентирање на статии и книги.

13.

Вкупен расположив фонд на време

180

14.

Распределба на расположивото време

60+30+15+15+60

15.

Форми на наставните активности

15.1.

Предавања- теоретска настава.

60

15.2.

Вежби (лабораториски, аудиториски), семинари, тимска работа.

30

16.

Други форми на активности

16.1.

Проектни задачи

15

16.2.

Самостојни задачи

15

16.3.

Домашно учење - задачи

60

17.

Начин на оценување    

17.1.

Тестови

60 %

17.2.

Индивидуална работа/проект (презентација: писмена и усна)

30 %

17.3.

Активност и учество

10 %

18.

Kритериуми за оценување (бодови/ оценка)

до 50 бода

5 (пет) (F)

51 до 60 бода

6 (шест) (E)

61 до 70 бода

7 (седум) (D)

71 до 80 бода

8 (осум) (C)

81 до 90 бода

9 (девет) (B)

91 до 100 бода

10 (десет) (A)

19.

Услов за потпис и полагање на завршен испит

Изработка на семинарска работа, сработени експериментални вежби.

20.

Јазик на кој се изведува наставата

македонски

21.

Метод на следење на квалитетот на наставата

Тестирања

22.

Литература

22.1.

Задолжителна литература

Ред. број

Автор

Наслов

Издавач

Година

1.

G. Kortüm

Reflectance Spectroscopy

 

Springer-Verlag, Berlin

2012

2.

M. Born, E. Wolf

Principles of Optics, 7th ed.,

Cambridge University Press

1999

3.

 

 

 

 

4.

 

 

 

 

5.

 

 

 

 

22.2.

Дополнителна литература

Ред. број

Автор

Наслов

Издавач

Година

1.

J. Raty, K.-E. Peiponen, T. Asakura

UV-Visible Reflection Spectroscopy of Liquids

Springer, Berlin

2004

2.

K.-E. Peiponen, E.M. Vatiainen, T. Asakura

Dispersion, Complex Analysis and Optical Spectroscopy

 

Springer-Verlag Berlin Heidelberg

1999

3.

 

 

 

 

    Предметот е вклучен во следните насоки:


    Следни испити од овој предмет:

    Материјали

© 2025. Институт за хемија, ПМФ, УКИМ, Скопје.