Пречистување и изолација на протеини за протеомика

1.

Наслов на наставниот предмет

ПРЕЧИСТУВАЊЕ И ИЗОЛАЦИЈА НА ПРОТЕИНИ ЗА ПРОТЕОМИКА

2.

Код

ХЕМ-955-23

3.

Студиска програма

ХЕМИЈА

4.

Организатор на студиската програма (единица, односно институт, катедра, оддел)

Институт за хемија

5.

Степен (прв, втор, трет циклус)

Втор

6.

Академска година / семестар

I или II семестар

7.

Број на ЕКТС кредити

6

8.

Наставник

Проф. д-р Наташа Ристовска

9.

Предуслови за запишување на предметот

Нема

10.

Цели на предметната програма (компетенции):
Студентот на третиот циклус да се запознае со теориските основи и примената на позначајните методи и постапки за изолација на хомогени протеини кои не се едноставни за работа (малку застапени, нестабилни и др.). Ќе се изучуваат постапки за добивање на клеточен и субклеточен екстракт, постапки за пречистување и изолација на протеини од интерес, постапки за карактеризација и идентификација на протеини, протеински комплекси и примена на протеините за протеомика.

11.

Содржина на предметната програма:
Поим за протеомика. Поим, примена и предизвици. Подготовка на клеточни и субклеточни екстракти.
Основни принципи за сепарација на протеини за протеомика. Преглед на електрофоретски и хроматографски методи за разделување, со акцент на 2D гел електрофореза, афинитетна, гел ексклузивна и јоно-изменувачка хроматографија.
Идентификација на протеини. Идентификација со антитела, определување на протеинска секвенца со хемиска деградација.
Основи на масена спектрометрија. Методи на мека јонизација за спречување на случајна фрагментација. Масени анализатори со примена во протеомиката.
Квантификација на протеините. Квантификација со 2D гел електрофореза и масена спектометрија. Анализа на протеинска секвенца и структура на протеини.
Примена на протеомиката во дијагностички цели, за развој на лекови, во земјоделството и индустријата. 

12.

Методи на учење:
Следење на предавања и консултации, Лабораториски вежби, Читање и интерпретација на оригинални научни статии или литература.

13.

Вкупен расположив фонд на време

180

14.

Распределба на расположивото време

30+60+15+15+60

15.

Форми на наставните активности

15.1.

Предавања- теоретска настава.

30

15.2.

Вежби (лабораториски, аудиториски), семинари, тимска работа.

60

16.

Други форми на активности

16.1.

Проектни задачи

15

16.2.

Самостојни задачи

15

16.3.

Домашно учење - задачи

60

17.

Начин на оценување    

17.1.

Тестови

60

17.2.

Индивидуална работа/проект (презентација: писмена и усна)

30

17.3.

Активност и учество

10

18.

Kритериуми за оценување (бодови/ оценка)

до 50 бода

5 (пет) (F)

51 до 60 бода

6 (шест) (E)

61 до 70 бода

7 (седум) (D)

71 до 80 бода

8 (осум) (C)

81 до 90 бода

9 (девет) (B)

91 до 100 бода

10 (десет) (A)

19.

Услов за потпис и полагање на завршен испит

Следење на предавања и консултации

20.

Јазик на кој се изведува наставата

Македонски

21.

Метод на следење на квалитетот на наставата

анонимна анкета

разговор со студентите

22.

Литература

22.1.

Задолжителна литература

Ред. број

Автор

Наслов

Издавач

Година

1.

R.M Twyman

Principles of proteomics 

New York : Garland Science

2014

2.

R. Simpson

Purifying Proteins for Proteomics

CSHL Press

2004

3.

P. Cutler

Protein purification protocols

Totowa : N.J. : Humana Press

2004

4.

 

 

 

 

5.

 

 

 

 

22.2.

Дополнителна литература

Ред. број

Автор

Наслов

Издавач

Година

1.

D.L. Nelson and M.M.Cox

Lehninger Principles of Biochemistry

W. H. Freeman and Company

2008

2.

R. Westermeier

Electrophoresis in Practice

Wiley-VCH

2006

3.

 

 

 

 

    Предметот е вклучен во следните насоки:


    Следни испити од овој предмет:

    Материјали

© 2025. Институт за хемија, ПМФ, УКИМ, Скопје.