1. |
Наслов на наставниот предмет |
ХЕМИЈА НА ПРИРОДНИ ПРОИЗВОДИ |
||||||||||||||
2. |
Код |
ХМ-823 |
||||||||||||||
3. |
Студиска програма |
Сите студиски програми на хемија |
||||||||||||||
4. |
Организатор на студиската програма (единица, односно институт, катедра, оддел) |
Институт за Хемија-ПМФ |
||||||||||||||
5. |
Степен (прв, втор, трет циклус) |
прв |
||||||||||||||
6. |
Академска година / семестар |
IV/VIII |
7. |
Број на ЕКТС кредити |
8 |
|||||||||||
8. |
Наставник |
Доц. д-р Наташа Ристовска Проф. д-р Јане Богданов Проф. д-р Емил Поповски |
||||||||||||||
9. |
Предуслови за запишување на предметот |
Органска хемија I и II |
||||||||||||||
10. |
Цели на предметната програма (компетенции): Целта на овој предмет е на студентот да му се даде концизен преглед во полето на изучување на природните производи со цел да го зајакне знаењето во биолошките и биохемиските науки. Пред се, студентот треба да знае да ги идентификува природните производи, нивното биосинтетско потекло, примена и значење. Потенцирани се сличностите и паралелите помеѓу органските и биохемиските реакции и механизми и клучните интермедиери во биосинтезата на секундарните метаболити. Класификацијата на природните производи, нивните физичко хемиски својства и изолација е централната тема на овој предмет. Студентот ќе биде воведен во експериментални техники на изолација и карактеризација (класична и инструментална) на некои природни производи. |
|||||||||||||||
11. |
Содржина на предметната програма: -Вовед во хемијата на природните производи. Примарни и секундарни метаболити. Потекло, улога и својства на природните производи. -Класификација на секундарни метаболити. Определување на конституција на јаглероден скелет кај природните производи. -Преглед на клучни интермедиери во биосинтезата на природните производи: ацетил коензим А, шикимска киселина, мевалонска киселина, деоксиксилулоза-5-фосфат и амино киселини како прекурсори на пептиди, некои алкалоиди и пеницилини. -Биосинтеза на природни производи. -Преглед на различни класи природни производи: поликетиди и масни киселини, лигнини, ацетогенини, макролиди, простагландини, терпени и стероиди, фенилпропаноиди, алкалоиди и антибиотици. -Изолација и физичко- хемиски својства на природни производи. -Стереохемија на природни производи и нивно структурно определување |
|||||||||||||||
12. |
Методи на учење: предавања, лабораториски вежби |
|||||||||||||||
13. |
Вкупен расположив фонд на време |
240 |
||||||||||||||
14. |
Распределба на расположивото време |
3+1+4 часови неделно (предавања 45часови + аудиториски вежби 15 часови + лабораториски вежби 60 часови) |
||||||||||||||
15. |
Форми на наставните активности |
15.1. |
Предавања- теоретска настава |
45 часови |
||||||||||||
15.2. |
Вежби (лабораториски, аудиториски), семинари, тимска работа |
75 часови |
||||||||||||||
16. |
Други форми на активности |
16.1. |
Проектни задачи |
20 часови |
||||||||||||
16.2. |
Самостојни задачи |
20 часови |
||||||||||||||
16.3. |
Домашно учење |
80 часови |
||||||||||||||
17. |
Начин на оценување |
|||||||||||||||
17.1. |
Тестови (колоквиуми и/или писмен испит/усно испрашување) |
70 бодови |
||||||||||||||
17.2. |
Семинарска работа/ проект ( презентација: писм./ усна) |
10 бодови |
||||||||||||||
17.3. |
Активност, учество, резултати од вежби |
20 бодови |
||||||||||||||
18. |
Kритериуми за оценување (бодови/ оценка) |
до 50 бода |
5 (пет) (F) |
|||||||||||||
од 51 до 60 бода |
6 (шест) (E) |
|||||||||||||||
од 61 до 70 бода |
7 (седум) (D) |
|||||||||||||||
од 71 до 80 бода |
8 (осум) (C) |
|||||||||||||||
од 81 до 90 бода |
9 (девет) (B) |
|||||||||||||||
од 91 до 100 бода |
10 (десет) (A) |
|||||||||||||||
19. |
Услов за потпис и полагање на завршен испит |
Присуство на предавања и изработени вежби |
||||||||||||||
20. |
Јазик на кој се изведува наставата |
Македонски |
||||||||||||||
21. |
Метод на следење на квалитетот на наставата |
анонимна анкета, разговор со студентите |
||||||||||||||
22.
|
Литература |
|||||||||||||||
22.1. |
Задолжителна литература |
|||||||||||||||
Ред. број |
Автор |
Наслов |
Издавач |
Година |
||||||||||||
1. |
John McMurry (превод од англиски Богданов Ј., Богданов Б.) |
Органска хемија |
Просветно дело |
2009 |
||||||||||||
2. |
Bell, C.E.; Taber, D.F.; Clark, A.K. (превод Богданов Ј., Богданов Б.) |
Практикум по органска хемија со квалитативна анализа, експерименти со стандардна и микроскала |
|
2006 |
||||||||||||
3. |
Јане Богданов, Наташа Ристовска |
Природни производи (интерна скрипта од предавања) |
|
2015 |
||||||||||||
22.2. |
Дополнителна литература |
|||||||||||||||
Ред. број |
Автор |
Наслов |
Издавач |
Година |
||||||||||||
1. |
S. V. Bhat, B. A. Nagasapagi, M. Sivakumar |
Chemistry of Natural Products |
Narosa, India |
2005 |
||||||||||||
2. |
Steven P. Stanforth |
Natural Product Chemistry at a Glance |
Wiley-Blackwell; 1st ed. Oxford, |
2006 |
||||||||||||
3. |
Paul M. Dewick |
Medicinal Natural Products: A Biosynthetic Approach |
John Wiley&Sons |
2009 |
||||||||||||
4. |
Нови ревијални трудови од областа на хемија на природни продукти |