- м-р Душанка Поцкова-Николовска

Предмети



Биографија

М-р Душанка ПОЦКОВА-НИКОЛОВСКА, виш предавач (во пензија), е родена на 10 де­ке­м­ври 1934 г. во Стру­ми­ца. Тука ги завршила основ­ното и сред­ното образование (Гимназија “Јане Сандан­ски”). Во учеб­ната 1953/54 г. се запишала на студии по хемија на Филозофскиот фа­кул­тет во Скопје. Дипломи­рала во 1958 г. на Природно-математичкиот факултет во Скопје. Во 1965/66 г. се запишала на постдипломски студии на Природно-мате­ма­тич­ки­от факултет во Бел­град, на насо­ката за инструментална аналитичка хемија. Тука под ментор­ството на професорот Вилим Вајганд ја изработила магистер­ската теза под наслов “Polarografsko odredjivanje nekih aldehidnih i ketobisul­fitnih jedinjenja preko SO2”. Тезата ја одбранила во 1971 г. со што се зд­о­била со академскиот сте­пен магистер на хемиските науки. По дипломирањето поч­на­ла со работа во средното училиште за ученици во стопанството „Цветан Димов” во Стру­мица, каде што била професор по хемија. Во 1959 г. била избрана за асистент на Хе­мискиот институт на Природно-математичкиот факултет во Скопје. По магистрирањето, во 1972 г., била избрана за предавач на Хемискиот институт на Природно-математичкиот факул­тет. Во 1975 г. е избрана за виш предавач. Во истото звање е преизбрана и во 1981 г. на Хемискиот факултет во Скопје. Во 1989 г., поради здравствени причини, се повле­кува во пензија. На Хемискиот институт на Природно-математичкиот факултет во Скопје (и подоцна на Хемискиот факултет, односно на Институтот за хемија) изведувала настава по предметот радиохемија. нејзината научноистражувачката работа е од областа на поларографијата и примената на кине­тичките методи во аналитичката хемија и од овие области има објавено опре­делен број трудови.

© 2024. Институт за хемија, ПМФ, УКИМ, Скопје.