Лилјана КАМЧЕВА, асистент (во пензија), е родена на 18 мај 1941 г. во Ресен. Основно образование завршила во родното место, а гимназија во Битола. Во 1965 г. дипломирала на Природно-математичкиот факултет во Скопје - група хемија. Во 1967 г. се вработила како асистент при Хемискиот институт на Природно-математичкиот факултет. Учествувала во изведувањето на лабораториските вежби по повеќе предмети за студентите по хемија и медицина. Во рамките на научноистражувачката дејност на Институтот, била вклучена во неколку проекти. Објавила два научни труда од областа на органската хемија. Во учебната 1974/75 г. преминала на работа во Гимназијата „Орце Николов” кадешто работела како професор по хемија, а изведувала и настава по физика. Во 1985/86 г. минала на работа во Медицинскиот училиштен центар „Д-р Панче Караѓозов” кадешто предавала органска хемија. Изведувала и дополнителна настава по хемија како подготовка за квалификационите испити на Универзитетот и учествувала во комисиите за составување на тестовите по хемија за квалификационите испити на Медицинскиот, Фармацевтскиот и Стоматолошкиот факултет. Од 1988 г. е уредник по хемија во ОП за издавање учебници и наставни средства „Просветно дело”. Била соработник на Републичкиот завод за унапредување на образованието и воспитанието и, пред своето вработување во „Просветно дело”, соработник на оваа работна организација (како рецензент и член на Уредувачкиот одбор по хемија).
| П | В | С | Ч | П | С | Н |
|---|---|---|---|---|---|---|
| 20 | 21 | 22 | 23 | 24 | 25 | 26 |
| 27 | 28 | 29 | 30 | 31 | 1 | 2 |
| 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 |
| 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16 |
| 17 | 18 | 19 | 20 | 21 | 22 | 23 |